Активности/настани на француски јазик

Дискусија во 'Слободно време' започната од cac-cac, 15 ноември 2014.

  1. cac-cac

    cac-cac Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Во средно четири години учев француски јазик и го знаев многу добро. Ама, по средно не го користев никаде, и познавањата целосно зар`ѓале :( Граматиката и зборчињата не ми се проблем, ќе седнам ќе ги преповторам, колку-толку ќе се обноват, барем основните изрази, ама конверзацијата... Бидејќи во моментов не ми одговара да посетувам курс или да земам приватни часови, би сакала ако некоја знае, да споделите за активности/настани на француски јазик во Скопје, каде би можела „да се измешам со луѓе“ и да напреднам малку со јазикот. Споделете се` што знаете - изложби, претстави, гледање француски филмови, дебати и дискусии.... Секое инфо е добредојдено и најверојатно корисно :) :wasntme: :)
     
  2. Mlle

    Mlle Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    256
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    4.229
    Браво за темава! Француски културен центар е одлично место за сето тоа, едно време организираа и бесплатни часови по конверзација но и предавања на разни теми. Единствена забелешка имам на нивното работно време. Би требало да работат до 20:00 а не до 18ч. Имено, повеќето луѓе се слободни после 16-17 часот бидејќи сме на школо, работа, факултет и тн.