Активности на децата во слободно време (спорт, музика, јазик)

Дискусија во 'Дете' започната од Elen4e_sonce, 18 мај 2021.

  1. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    589
    Пол:
    Женски
    Мојата постара ќерка има 7 години и досега во слободно време не ја запишував на ништо бидејќи ми беше страв поради пандемијата. Мислам дека на коронавирусот веќе почнува да му се гледа крајот, па сакам да ја запишам на нешто.


    Оваа тема е за предлози и разменување на мислења каде даваат квалитетни часови и каде детето може да помине квалитетно слободно време, да му биде забавно, а сепак да научи нешто.

    На пример знам дека во Хиподром има јавање на коњи за деца, но мене лично не ми одговара, многу ми е далеку.

    На Англиски не би ја запишувала моментално бидејќи јас ја учам секој ден. Друг јазик доаѓа предвид. Пливање се мислев, но да видам летово можеби на одмор сама ќе научи да плива. Моментално се мислам помеѓу инструмент, јога и глума. За јога дали знаете (од лично искуство) каде се одржуваат часови за деца?
     
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    6.486
    Допаѓања:
    20.930
    Пол:
    Женски
    @Elen4e_sonce На таа возраст јас сум секогаш за спорт. Добро е за здравјето, за развојот, ќе троши енергија, ќе се социјализира, ќе научи дисциплина. Зависи детето за што е заинтересирано, да не испадне форсирање. Од јазици дефинитивно германски или некој од скандинавските.
    Од набројаните сум за глума за да се разбуди креативноста и фантазијата. Ако е музикална, зошто да не и инструмент. Јога ми е мех, и за деца и за возрасни.

    Да се прашувам јас, Brainobrain.
     
    На gjoker4e, Elen4e_sonce и elimkd им се допаѓа ова.
  3. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    8.151
    Мислам дека денешните родители премногу се опседнуват со баш оваа тема, а со тоа ги оптеретуват и децата.
    Од јавање на коњи, пливање, јога, до јазик, глума, ,, некаков'' инструмент итн.
    Има деца кои што од мали покажуват талент или голем интерес за нешто, кога го гледаш детето дека навистина го сака, го исполнува тоа нешто тогаш е во ред да го запишеш на дополнителни часови.

    Еден куп нешта и текнале на мајката,само и само на детето да му е целосно исполнето времето, а детето за што од оваа има изразено желба?

    На децата и треба физичка активност, спорт, дружба, игра. Ако детето само покажува интерес за некаков инструмент или јазик тогаш во ред, но вакво присилно форсирање на било што само и само да е запишано на нешто, јок.
    На крај краева не мора да биде запишано на ништо, слободното време минувајте го во природа, во парк, во маало со други деца...


    Зошто толку форсирања на 7 годишна возраст?
    Оставете ги децата да бидат деца, да си го поминат детството како деца, цел живот ке се преокупирани со обврски, не ги преоптоварувајте со ваши желби/идеи/замисли, без притоа детето да изрази желба за тоа.
     
    На CurlyBlossomGirl, minne992, Larichka8 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.297
    Каква јога, каква глума, што ви е? Само спорт!
     
    На Seli20 и Bella* им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.266
    Па ако се поплнува слободното време со активности, тогаш тоа веќе нема да биде слободно време... затоа внимавајте да не го задушите слободното време на детето потребно за игра и одмор со прекумерни воншколски активности.

    Обрнете внимание кон што покажува детето искрена склоност. Ако сака да се изнарипа, размислете за аеробик или зумба. Таму се вежба со играње и многу музика. Часовите траат околу 50-60 минути со повремени паузи. Што е најубаво, може било кога да се приклучи, доволно е само да ги гледа инструкторите и да ги имитира.

    Учење на странски јазик, без разлика дали е англиски, германски, руски, јапонски, турски, албански или некој сосема друг е паметна инвестиција но битно е да нема присила и во тоа школо за јазици односно со наставникот кој ќе ги држи часовите на детето (ако доаѓа дома) да му е интересно. Слично важи и за учењето инструмент.
     
    На MilaSs12 и Jana06 им се допаѓа ова.
  6. Septemvri

    Septemvri Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам оди во школо со физичко присуство. Во школо има ли некои активности што се нудат,иако сега е лош период за почнување бидејќи школската година завршува. Ако има однесете ја на по еден час на се што нејзе ја интересира, да види вистински што се работи таму, па сама ке покаже што да ја запишете. Јас многу сакав син ми да оди на играорна, маж ми одел како дете и многу шетале со групата, ама тој одбра спорт. Јас сум задоволна зашто и тој е, сеуште се бави со спорт сега има 10г.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    589
    Пол:
    Женски
    Лично моето дете не оди со физичко присуство бидејќи ми беше страв со пандемијата.

    Темава не е да навлеземе дали мојата одлука е исправна или не, сепак јас го познавам моето дете и знам колку слободно време има и дали ми е паметна одлуката.

    Темата е да се споделат искуства, од каде сте задоволни, од кои курсеви, од кои часови?

    Бреинобреин добри се од искуство? Бидејќи вака на хартија сите се НАСА.
     
  8. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    589
    Пол:
    Женски
    Инаку не знам дали сте запознати со студиите, колку помало едно дете почнува да учи нешто, толку подобро ќе го совлада, до степен да може и како вродено да му стане. Било да е тоа спорт, јазик, шах, итн. Јас англиски сум почнала од најмала возраст и многу сум им благодарна на моите родители за тоа. Сепак, секој со своите одлуки. Јас лично сметам дека боље е да оди на јога и на глума отколку да седи на јутјуб тоа време.
     
    На MilaSs12 и andrejko82 им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    6.486
    Допаѓања:
    20.930
    Пол:
    Женски
    Пријателка беше 'учителка' таму (имаа некој назив за позицијата) пред неколку години и нејзините деца ги носеше. Од тоа што го слушав од неа многу ми се допадна програмата. Немам искуство лично, можеби има некоја мајка на форумот да сподели.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Septemvri

    Septemvri Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Синот тренира кошарка во салата на Школото Партение Зографски, има и женска екипа,ако сте заинтересирани пишете ми во инбокс за други инфорамции. Бреинобреин се ок, одеше една година мојот во кисела вода. Задоволна сме.
     
    На Elen4e_sonce и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    8.257
    Пол:
    Женски
    @Elen4e_sonce на крај година ретко ќе најдеш нешто. Сите завршуваат со активности. Нови групи запишуваат во Септември.
    Можеш да најдеш летни кампови за деца. Тоа не знам каде.
    За да не дреме на компјутер секој ден надвор. Минимум два саати. Таму најдобро ќе се истрчам, изнакопа земја, направи маџи од кал и слично. Неструктурирани активности се најдобри за таа возраст особено за лето кога нема формални обврски од школо.
    Од Септември мисли на што ќе ја запишеш.
     
    На Elen4e_sonce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    3.594
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека е најдобро детето што го влече и што сака, никогаш не сум за форсирање. Мојот ептен сака фудбал, и да гледа и да игра, а и го бива, и го за пишавме на фудбал. Уште во градинка ми викаа да го запишам на спорт, само што они ми предлагаа ракомет или кошарка, дека бил јак на рака, но ние се одлучивме за фудбал бидејки сепак треба и детето да има желба за да присуствува и да игра со љубов
     
    На _beautyy_, zuto и daylight им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.010
    Допаѓања:
    130.362
    Пол:
    Женски
    Багминтон. Поубав спорт амин, понатака на училиште може да се надоградува, да оди на натпревари и слично.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    30.888
    Пол:
    Женски
    За друг јазик сметам дека сè уште е мала. Штом само 7 години има, доволно и е убаво да го научи на училиште мајчиниот македонски јазик и еден странски јазик - англиски. Штом и покрај наставата, ја учиш и дома англиски уште подобро за нејзе, за полесно да го совлада и научи. Но, на 7 години тоа е сосема доволно кога станува збор за јазици.

    Доколку изразува желба за музички инструмент или за играорна, ти го препорачувам Детскиот културен центар Карпош (поранешен Пионерски дом Карпош). Имаат и други секции:
    dkckarpos-flaer.jpg
    Еве ти и линк повеќе да си прочиташ:
    https://www.dkckarpos.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=49&Itemid=37
     
    На pianogirl и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.338
    Допаѓања:
    66.436
    Пол:
    Женски
    А што има врска ако се научи да плива со спортот пливање? Ако научи не би ја носела на пливање?

    Син ми научи минатата година на 5г да плива во домашниот базен и во Охрид, а оди на пливање во Борис Трајковски од годинава. Супер спорт е пливањето, можеш да ја запишеш и да знае да плива :)

    Синчето ми е 6г сега, оди само на пливање.. Го запишав на пливање затоа што многу брзо расте и многу е висок за возраста и ми е страв за рбетот.
    Понатаму би сакала да го запишам на кошарка, затоа што има предиспозиција да биде 2+метра и тој спорт најдобро би му одговарал :D Но секако зависи и од желбата негова.
     
    На Yowannty, Elen4e_sonce и kukla21 им се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    32.187
    Пол:
    Женски
    Зошто баш кошарка. Си ги видела одвојкарите колкави се :lol:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.338
    Допаѓања:
    66.436
    Пол:
    Женски
    Може и одбојка :D Мене повеќе ме влече кошарка, па тоа прво на ум. Мене како помала ме молеше татко ми, не сакав (демек машки спорт, нешто во глава којзнае што имав), а како пораснав многу ми беше криво што не сум го послушала...
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Според мене, спортот е најубаво нешто. Подобро уште од мали да почнат со некој спорт, ќе се истрчаат, ќе имаат повеќе енергија и многу поинтересно ќе им биде кога после училиште можат да се релаксираат со она што го сакаат. Напоменувам, она што го сакаат, мислам дека прво децата треба да изразат желба за такво нешто и да не бидат присилувани на ништо, притоа воопшто да не гледате машки или женски спорт било, ако го привлекува детето нека си тренира слободно. Ќе се сложам со некој погоре што пиша дека е малку рано зза повеќе од 2 јазика на таа возраст.:)
     
    На mariz, Elen4e_sonce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. dancheml

    dancheml Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е рано за некој јазик да учат. Мојот син е 6 год, има многу интерес за англиски јазик. Го интересира да гледа цртани на англиски и ги разбира буквално ми ги преведува. Сопругот работи со странци па често зборува по дома англиски и така и синчето почна да зборува. Кога го запишав на училиште на прашањата од комисијата одговараше и на македонски и на англиски тие ми рекоа да не го скратува и бранам да го учи. Имам и помал син 4 год и тој сака да учи англиски ги знае боите да брои некогаш изговара и реченици тоа што слуша од братчето. Искрено сум против сеуште се мали но неможам да им ја скратам желбата да го научат
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    2.741
    За активности на улица е прва и последна, на сите е другар, трчаат нон стоп, кога шетаме не оди со нозе или е на ролери или со велосипед. Секаде кај што можи било дрва, било играчки во паркот се качува се врти секакви акробации, самоука.
    До сега не ја убедивме да го насочи вниманието на една активност. По стручно. Не ја форсирам само пробав неколку пати со разговор да ја убедам. Досега неуспешно. Англиски одеше ама се откажа. Дома работи со мене и е многу добра. Се надевам од есен ќе се смени, зошто може да биде добра ако се одлучи на некој спорт.
    Всушност не знам дали е време веќе да се насочи на нешто или да ја оставам да лудува на улица.
     
    Последна измена: 1 јуни 2021
    На _beautyy_ и Jana06 им се допаѓа ова.