Акутен дерматит кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од SimonaTino, 30 август 2013.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    Е овој проблем го имаме откако направивме еден месец
    Се појавува околу вратот и позади ушињата,се потповлекува еден ден и од наредниот иста песна....црвенило, точки, три дена мачкање,еден ден дерман и пак исто
    Матичната ми вика до годината ( сега 5 месеци) ќе исчезне,друг педијатар ми вика до 4 години...
    Го мачкам со pantexsol,денес и мустела земав ама гледам не му се суши од мустелата
    Има/ла некоја мамичка ваков проблем и како се снаоѓате
     
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    Симона и малата ми имаше дерматит кога се роди, значи одма од првите денови па негде до 3-ти месец. Само од себе се изгуби.Од моето искуство поарно и беше кога не ја мачкав со ништо. Нека се суши таму кожата и нека дише. Сега плус и топло е времето па и тоа ја влошува состојбата. Не се секирај, ќе си пројдат сами од себе. Некои ми викаа дека е тоа од хормоните кои бебето ги прима преку мајката додека е во стомак. Додека да се исчисти од хормоните ќе се појавуваат.
     
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    Да срц и јас мислев дека е подобро да диши кожата,ама проблемот е што вратчето му е дебело :) ,тука се преклопува кожичката и не диши,се поти
    Тоа дополнително создава проблем...
    Да пркне малку,ќе се оформи вратче и се надевам ќе исчезне...
    Фала за советот :*
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    Епа Симонке можеш тогаш на тој дел кај вратчето да му ставаш од онаа белата пудра да му ги суши. А на другите места ништо не му мачкај. И додека да му се здебели вратчето они ќе си пројдат немај гајле :*
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    од пантексолот не ви пројде? И ние на 1 месец се исфрливме баш ко што кажуваш на вратот најмногу но и на лицето и само пантексол ни помогна. Инаку знам случај кога од колекција мустела на бебче му изби алергиска реакција....
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    200
    син ми има околу уста, му ставав хип крема ама не му поминува веќе една недела.
     
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    Nevesta,ништо мацо со се пробав,пантексолот највеќе ми помага,но не целосно
    Тројца педијатри ми кажаа до годината ќе поминело и да не мешам креми па ќе видиме...дај боже
    Локи од кога има Немања?
    Пробај и ти со пантексол крема
     
  8. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    ја сменив колекција - земав се на бекутан, од чико прејдов на бекутан- и од витаминската маст на бекутан кожата и стана како свила пу пу да не ја урочам :) не знам со што ја бањате и мачкате, мене ме советуваа да не ја мачкам со јекодерм туку со млекото на бекутан, ама витаминскава е уште подобра одма приметувам разлка, а сеуште сум си со пантексолот- од неа лицето скроз и се исчисти, уште малце има на градите и рачињата.
     
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    И на нас витаминската ни одговара ама сега на топлово сме со млекото и пудрата и пантексолот
    На лицето пу...пу и ние немаме ама затоа на вратчето и позади ушињата има..
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.608
    Допаѓања:
    73.597
    Пол:
    Женски
    И ќерка ми кога имаше 8 месец и се појави околу устата па накај образите, а немаше чешање или слично, немаше нешто што не пробавме, од обичните бебешки масти ништо не помагаше, ја носевме на лекар и препишаа крема со кортикостероиди и ништо. Потоа решив да ја пробам кремата на Адерма со омега киселини што е и конечно детево ми се исчисти :sweat:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    Мајки да се пофалам,еве трет ден како сме чисти како солза ,се надевам така ќе остане и понатаму
    Благодарение на маста хидроциклин!!!
    Проблемот бил 55 денари а пробав со мустела,бекутан рибино, пантексол( од кој беше подобар но не и чист) пудри и креми со цинк оксид и што ти не
    На поголемото синче (3 год) му загнои прстето ми препишаа хидроциклин му помина за 3 дена , ми остана кремата скоро цела, си реков ај и ова да пробам нема што да изгубам,ако не биде понеделник на кожен доктор ќе го носам
    За 2 дена целосно му исчезна и рани и црвенила и се комплет, верувајте ми плачам од среќа
    Позади ушињата беше живи рани,плачеше кога го допирав...срце мамино...
    Ми доаѓа да ги плукнам докторите ( на тројца педиатри го носев)кои ми викаа дека е дерматит( може и тоа беше) дека ќе трае до 4та година и ми препишуваа скапи и неефикасни креми
     
    На LadyC, nevesta и anule88 им се допаѓа ова.
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    545
    дали може некако да видам на инт како изгледа ова, мислам дерматитот?? на бебушко веке еден месец одвреме на време му се прават како црвени пликчиња одма под муцето на вратчето, на лекар ми дадоа и мене пантексол,ми рече др дека му било од што мн се лигави, ама ич не му поминува :( да пробам и јас со хидроциклин :?:
     
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    Сигурно има слики некаде,не сум барала...
    Пробај со хидроциклин 2-3 дена нема што да изгубиш не е штета
    Тоа е како лишаи нешто,сува и црвена кожа
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    545
    така некако е и кај синко, ако успеам утре ке го сликнам па ке ти пуштам да видиш дали е исто како кај вас ;)
     
  15. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    ок ,договорено
    И беше , веќе не е :)
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    545
    хехех да сориии :*
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    545
    не го сликав синко зш фала богу самото му поминало , а неколку дена заборавав да го намачкам со пантексол :D
     
  18. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.562
    И кај нас во понеделникот се појави црвенило,вчера немаше,денес малку
    Сепак не тоа што беше и само на вратчето е на ушињата не
    И јас правам пауза од креми неделава да му одмори кожичето малку
    Мило ми е и вас што ви поминало
    Се мислам од топлото што се потат да не е
     
  19. Girl1983

    Girl1983 Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Ne mi teknuva nikoja vo momentov :)
     
  20. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    198
    мами тука го ставив ова ве молам хелп го има синми ова црвенило неколку недели, дали е обично црвенило или некоја инфекција само на тоа место го има нема на дрго, некогаш се погубува и пак е враќа, го мачкав претходно што имал црвенило ама како мозолчина со цинк оксид на бекутан и сега го мачкав не му помина, со шо можам да го мачкам, или да го носам некаде :sweat:
    [​IMG]