Што мислите за оваа акција(доколку слушнавте на вестите)? Мене воопшто не ми се допадна што така го продаваат нашето културно и историско богатство!!! Потоа дознав дека еден човек што ми беше малце близок бил вмешан во тоа, но од друга страна ми беше и ќеф што го фатија! Во секој случај за МВР!!!
Леле можда замарам, ама пошо не пратам баш Вести, може ако не ја мрзи на некоја да ми раскаже накратко за што се работи?
Притвориле 40 лица (археолози,полицајци,копачи...) кои биле замешани во продажба на историски пронајдоци,монети,артефакти од нашава земја во странство.Некој од нив имал продадено икона во Италија за 17 000 евра Еве ти линк за подетално http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...-artefakti-pred-istrazen-sudija?quicktabs_3=1
Само да нагласам и дека е притворен инспектор од СВР Прилеп, инаку поранешен началник на полиција! Навидум ГОЛЕМИ ПАТРИОТИ биле ама ете што прават со нашето историско богатство! Среќа што МВР ги фати навреме да не ги испродадат сите тие работи што ги имале!
Јас само ќе кажам едно огромно браво за акцијава! Бидејќи имам близок член во семејството кој работи на зачувување на културното наследство, запознаена сум со проблемите кои ги имаа со дивите копачи и препродавањето на нашето национално богатство и драго ми е што конечно до некаде се реши тоа со помош на оваа акција
баш ми е драго што ги фатија. само не можам да сватам како некои можат да го продаваат културното богатство. е од тие таквите не ја бива државава. Тие самите ќе се продадат, а очекуваат некои од надвор да ни решат проблеми како на пр. проблемот за името
Конечно се сетија дека треба нешто да преземат во врска со културното наследство,затоа што сметам дека секоја држава нема надворешен непријател,туку внатрешен,надворешните непријатели се можеби само илузија.Само што кај нас тоа е многу очигледно,треба да се внимава кој,како и зошто раководи со културното наследство,треба исто така да се постави обезбедување на археолошките места,евентуално камери,но тоа има многу мали шанси/дури невозможни за камери да се постават.Меѓутоа, исто така треба да се чуваат спомениците кај нас,да не се злоставуваат на било каков начин,како цртање на истите со спрејови,нивно вадење од постаментот со цел да се користат за топење на бронза итн.,значи да има строги закони кои на лице место би ги спроведувале луѓе кои се назначени за спроведување на законот.Доколку се работи за луѓе кои се на некаква функција или пак кои по професија се археолози,би требало пред да почнат со работа да имаат одредени предуслови на кои ќе се согласат за почитување и правилно вршење на својата должност,ако не ги исполнат на некој начин да се опоменат.Има многу работи кои што би требало да се почитуваат,а веќе постојат како правила/закони,ама не ги почитуваат сите,па затоа доаѓа до вакви работи,како продавање на културното наследство,што кај другите држави тоа строго се казнува.Сепак браво за нивната акција,па се надевам така ќе биде и понатака,не само сега.
Ц,ц,ц ... И тоа малку што го имаме ќе го уништат. Баш ми е мило што ги фатија, ама да се само тие арно ќе е. Луѓето денес од се гледаат профит да направат не почитувајќи никакви граници. Срамота
Браво за оваа акција,одлична работа.И кај нас во градот имаше обвинети,а се шпекулира и дека бившиот градоначалник е вклучен.ццц
Зојчески еј Ни на крај памет не ми беше за човекон бре Ама арно му прават, сега сите во затвор За пари, од пари, од бес, за ум, од ум. И кога на крај нивните деца нема да знаат што е Кокино, или пак која е Големата мајка и што е тоа ќе се чудиме Но комент!
За Зојчески не ме зачуди, итака со брат му само се тепаја! Ама за Екс началникот... Не верував! Ама ќеф ми е што таквите криминалци како нив ќе си платат за стореното! Ај да крадиш пари, ама да крадиш културно и историско богатсво? СРАМОТА!!!!
Вчера на вести кажаа дека кај еден од тие што се уапсени, бил пронајден чек од Дојче банка на 2 милиони евра Значи продале некоја статуа во Германија дури за 2 мил.
А на инспекторот од Прилеп слушнав дека му нашле динамит во гаражата во селото и недозволен пиштол и пушка
Браво за Јанкуловска и цело МВР. Почнаа да изненадуваат со акцииве. Значи вистина Прилеп ако не е, ќе нема што да кажуваат на вести. Едвај со тешка механизација ги изнеле артефактите од домот на прилепскиот бизнисмен, а за тетовската менада, и крилестото коњче муабет да не правиме. Срамота, и секоја чест за акцијата.