1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алармантна појава на доцнење на говорот

Дискусија во 'Дете' започната од vicious, 14 мај 2013.

  1. vicious

    vicious Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Мојата малечка летово ќе наполни три годинки. Таа е прекрасно, здраво дете и е мојата најголема радост, но .. До сега нема изустено ниту еден единствен свесно изговорен збор. Дури ни ‘мама‘! Знае понекогаш да каже нешто разбирливо, но тоа е инцидентно и неповрзано. Целиот нејзин говор е потполно непознат за нас, што е најчудно, тоа што го зборува по неколку пати го повторува (слогови, зборчиња). Несомнено, тоа што го кажува има некакво значење за нејзе. Но, комуникацијата изостанува. Како да се затворила сама во некој свој свет и некако тешко допирам до неа. Не сакав да чекам повеќе и ја однесов во Центарот за ментално здравје кај деца, попознат како Симпо. Сега ќе започнеме да правиме вежби, ќе и направат ЕЕГ во сон и ќе видиме понатаму .. Самата ги истражував овие состојби кај децата, и резултатите се од крајно вознемирувачки, до крајно утешителни. Она на што наидов, а ме запрепасти, е дека во последниве неколку години е дијагностициран аутизам, дислексија, дислалија и слични пореметувања, кај огромен број деца. Иако моето дете не спаѓа во оваа категорија, алармира фактот дека нашите деца од мали нозе ги запоставуваат социјалните вештини, креативноста и комуникацијата, за сметка на гледање цртани и (не дај Боже) турски серии. Како мајка не можам да не се прашам ‘каде згрешив‘?!?!