1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Албанки се мажат за Македонци, смислена албанизација или?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 29 септември 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.525
    Многу Албанки се мажат за Македонци во последно време и буквално ги имаме на цела територија. Дали тоа може да биде смислена албанизација на Македонија? Не ми е јасно како може девојка од 29 год да ја продаде татко и како стока за маж со 43 год кој не го ни познава. Ваши мислења?
     
  2. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    И што ако се омажи за Македонец? Зар тоа значи дека Македонецот автоматски Албанец ќе стане ако земе жена Албанка...Никаква логика нема, тоа се некои изолирани случаи и секаква генерализација звучи крајно смешно...Дури и обратно да е, повторно нема логика. :)
     
    На tessie, mime87 и kva им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Зарем децата што ќе се родат од тој брак нема да бидат Македонци, штом таткото им е македонец, без разлика што мајката е на пример Албанка. Децата ќе го имаат презимето од таткото и ќе имаат македонско државјанство, ќе бидат заведени како македонци. :?:
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.581
    Допаѓања:
    40.010
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа, баш спротивното од тоа е.
    Децата ќе им бидат македонци, нема тука албанизација.
    Кај нас не е потребна смислена албанизација, да бидеме реални Македонија исто како Албанија, втор официјален јазик албански, школство албанско, пасоши албански, територијата на Чаир, Бутел и некои села, градови се албански.
    Тоа е тоа кога се нема политика да се задржи само македонското.
    (Нека не ми се лутат албанките од форумов, ни јас не сум македонка, не е битно која националност сум, ама сметам дека Македонија треба да биде само македонска и точка).
     
    На turist, shushu, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.525
    Денеска дома го правевме тој муабет. Две Албанки мажени за Македонци, живеат во комшии и постојано зборуваат на албански, нивните деца исто подобро говорат албански отколку македонски. КАо ги запишат во албанско школо кај нас, тие утре ќе се мажат женат со тукашниве Албанци. И што ако таткото е Македонец?Кои изолирани случаи кога во битолско, прилепско, кумановско, па и во штипско, радовишко ги има. Сега попис да направиме ние ќе имаме преку 30% Албанци. Друго не ми е сфатливо како може една жена која живеела и работела таму во Албанија, да си дозволи со стројници да ја мажат во странство каде не знае ни јазик и тоа за човек кој е постар од неа. Тоа ме натера да мислам дека можеби има позадина.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.581
    Допаѓања:
    40.010
    Пол:
    Женски
    ^^ Они не сакаат, нив ги продаваат.
    Тие се од пределите како Мала Препа (мислам дека така се викаше).
    Нивните родители ко стока ги чуваат и ко стока ги продаваат за пари, како што било пред многу многу многу години.
    Девојките таму така се воспитувани, само да работат по дома, не се школувани.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.525
    Да ама млада на 25 да земе маж кој има 45, да живее во пусто село и да кажува на вести дека е среќна и задоволна. Ужас. Многу се уназадени.
     
  8. rak1

    rak1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    45
    Не знам дали сум во право, но ми има кажувано професорка по социологија дека кога муслиман склучи брак со христијанин муслиманот во никој случај не ја менува верата. Додека кај нас христијаните тоа не важи. Тоа кај муслиманите тоа им било нешто како правило, не знам што како. и дека во последно време бројот на муслиманите во светот се зголемува како резултат на тоа "правило" за неменување вера.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    ^ Размисли вака... во кои услови доаѓа да живее таа жена овде (макар и во некое село) спрема условите од таму од каде што доаѓа. Сите се во потрага по подобар живот., било да е од АЛ спрема МК или од МК спрема Америка. Погледни на нет Русинките со какви Американци се мажат за да избегаат од дома. Дури и мислам овие мажи, постари, подобро ги чуваат отколку дома родителите. И да, секако...договорени бракови по цена.
    Мислам дека ова нема никаква врска со албанизација, оваа појава не е од сега, сега веројатно сте приметиле во близина, меѓутоа вакви бракови од одамна се склучуваат.

    Патем имам далечен роднина што има земено вака невеста и имаат деца. Децата му се крстени христијани.
     
    На Biljarkata, Tanjamm, Emotional123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па тие од таму се мажат идат тука за подобар живот бре таму се сиромашни отепани што мислите вие дека со сила ги мажат ами како да не,тие и семејствата нивни едвај чекат некој поасален да се најди од тука и да ги мажат и тука се земаат со некој посиромашни или заостанати беќари но пак подобро живеат овде кај што ќе се мажат барем по нормален живот живеат а таму тонат во беда во сиромаштија во стравој...
    И не е точно тоа дека децата нивни албански ги учат да зборуваат и дека за албанци утре ќе се земат тоа прв пат го слушам,во Битола неколку случаеви познавам вакви тие не смеат да писнат бре нашата вера си ја имаат земено на мажотму му служи главата наведната му е а не да биди пред мажот и да ја наметнува нејзината вера,затоа се земени тука затоа се купени мислам дај малку логички размислете Тањам не го сваќај ова како напаѓање но ова што го пишуваш ти се дезинформации и те молам повеќе информирајсе околу темата што ја отвараш нема никаква албанизација на нашите NAPROTIV...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Море кога борбата за лична егзистенција и подобар живот ќе затропа на врата, асимилација и национализација ретко кому му е на крај памет.
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    100.089
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е така.Побргу би кажала дека е очајност на животот.Да се напушти нешто што се вика дом за да се отиде во друга земја а притоа не знаејќи за кога се мажи.
    И мислам дека тоа се Албанки со католичка вероисповед ама не сум сигурна :wasntme:
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Од што сум слушала ги има и такви и такви. Ама со пара и за пара многу дилеми се разрешуваат во овој суров свет, за жал. За духовното многу многу и нема место.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.525
    Да ама која логика е 25 годишна како барбика да се омажи за мумија од 45 кој не личи на човек, не работи никаде, туку чува крави. Кое фајде што се омажила? Таа нема да живее убаво, туку ќе се мачи и тука. Па претпоставувам дека и таму јадела леб, инаку како преживеала 25 год? Тие не решаваат никаков проблем. Како стока ги продаваат, а тие уште и радосни. И зборам за католици, а не мислумани. Не мислев на вера, туку на анција. Нивните деца утре нема да им биде проблем да се мешаат со овдешните Албанци. Мислите дека се малку, но не се ги има во многу села Албанките.
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.969
    Пол:
    Женски
    Јас ќе речам како и да е арно и тие што се најдоа, колку само стари мажи се усреќија си оформија семејство :) не е точно деа се ко барбики лични па ајде како ги мажат за стари мажи, има и грди и убави и нив маката на се ќе ги натера ,мораат да го послушаат татко то кој ќе им нареди да се омажат, имам слушано дека нема кај нив доволно мажи оти сите биле во странство да работат, ете тоа е а не дека сакаат нас да не албанизираат пу пу скраја да е :lol:
     
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Во нашиот крај има неколку такви бракови.Тие се православни Албанки.Мислам ги нарекуваат Торбеши.Живееле во Тирана во голема беда и сиромаштија.Овдешните ергени за кои се омажија се повлечени и срамежливи.Си платија и си зедоја жени од Албанија.Верувале или не тие се работливи,послушни, не пушат, не пијат , а за швалерај не може да стане збор .Домакинки во секоја смисла на зборот.Многу мажи им завидуваат на оженетите за Албанки.Не би рекла дека е смислена албанизација туку ситуација која ја налага животот.
     
    На pikolino и kva им се допаѓа ова.
  17. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Во врска со старосната граница,
    никој не коментира на пример за Селен Дион ншто
    се омажи со многу постар од себе, исто и Кетрин Зета Џонс,
    и за други не ми текнува, ги има сигурно :).

    Што се 40години? Има луге кои се развеле, па оформиле уште еден брак на тие години :D,
    па и деца имале, и внуци дочекале.

    Нека им е со срека, ако лугето си најдат слога и разбирање мегу себе
    другите работи, кој од каде бил и возрасни граници, не се битни.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.581
    Допаѓања:
    40.010
    Пол:
    Женски
    Тоа не се Торбеши, Торбешите не се Албанци, Торбешите се муслимански Македонци.
    Они како што знам уште држат некои македонски обичаи како што се кршење на леб (нели тоа со паричка внатре) и јазикот им е македонски со акцент некаков.
    Албанци има католици и муслимани, нема друга верзија од нив :D
    И од двете вери мислам дека се продаваат девојките.
    А инаку има и убави и неубави :)
    Девојките ко предмети се и не е само дека од Македонија ги зимаат и во Србија така прават.
    Си ги купуваат Србите жените од Албанија.

    Ама им е лесно нив...идат на шопинг и се враќаат дома со жена :D
     
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Точно, Торбешите се Македонски муслимани, односно Македонци кои ја примиле мулсиманската вера, односно биле асимилирани(во турско време, мислам). Но тоа се многу питома група на луге, колку што јас знам.

    Ме интересира какви ке беа мислењата ако на пример, нашите донесуваа Италијанки и се
    женеа со нив?
    Дали тоа ке беше “италијанизација“ :) ?
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.525
    Сепак не е убаво за девојките. Млади, не знаат што е живот. Како и да е , дури и да не го наречеме албанизација , како стока ги продаваат, од крави поефтини испаднаа. Далеку од италијанизација сме, јас зборам албанизација бидејќи и така имаме голем број Албанци. А знаеме како Албанците баратаат со процентите, само тоа им е важно за да бараат повеќе права.

    Кутри девојки, ги жалам не им е лесно. Не ми се верува дека Албанија е толку уназадена, дека се толку мизерни и прости.