Алергии кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 18 март 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    Мислам дека ни треба една ваква тема во која ке разговараме за алергиите кај децата, кои според мене во последно време се во пораст. Ова е само мое мислење, не е статистички поткрепено :) . Можеби сега ги забележувам повеќе затоа што имам деца :D

    На моето дете, кога имаше 2 години, му дијагностицираа алергија на домашна прашина, и тоа многу изразена. Правеше од оние тестови што се прават на венска крв, а повод беа честите пневмонии. Почнаа да го водат и со дијагноза бронхијална асма. Тогаш покачени му беа и вредонстите кои укажуваат на алергии на мелко и јајца, но се работеше само за благо покачување, па воопшто не обрнавме внимание на тоа.

    Решивме повторно да му направиме тестови, бидејќи од последните поминаа 2 години, а и веќе неколку месеци не се разболел од пневмонија. Прво направивме од тестовите што се прават на кожа , и испаднаа негативни за домашна прашина. Изненадени од резултатите направивме повторно од венска крв, и повторно излегоа негативни! После 2 години секојдневна терапија излегува дека детето не е алергично. А ми кажаа дека алергијата на домашна прашина не се губи со текот на годините, за разлика од оние на храна.

    Е сега има благ пораст на индикаторите за алергија на млеко, па сега на тоа треба да внимаваме. Една докторка ми кажа дека треба да пие козјо млеко, друга дека ни такво не треба туку треба од соја, трета да биде превриено млекото... Има ли некој искуство со алергија на млеко?

    И дали некој има искуство со промена на резултати од алерго-тестови?
     
    На ilijana27 и ilince.12 им се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    42.423
    Пол:
    Женски
    Алергиите викаат се болест на 21 век.
    Кога син ми беше 2 год.,го однесов во Козле, и докторката прво што виде беше зацрвенети,распукани обравчиња.Ми кажа дека тоа е алергија ,но тогаш беше мал за алерго тестови.Немаше тогаш алерго тестови преку крв,само кожни .Бидејќи страдаше од многу ангини,ги извадивме крајниците и тргна на подобро.Меѓутоа,пролет или есен знае да се раскашла,еве баш и сега,и тоа некоја непродуктивна кашлица.Го прегледаа ,се е во ред, и најверојатно е некоја алергија,сезонска.Сега му давам Лоратидин,да видам како ќе биде.
    Сум приметила во лето се е супер.
    Пред 4 год(сега има 7) лежевме на клиника на имунологија од некоја атипична вирусна пневмонија,и тогаш испитуваа IgE Кои се показатели за алергии,покажа дека се во граници на нормала.
    Исто така кога беше помал ,знаеше кога ќе се изнервира да му се појават на некои места како две-три мали убоди од комарец и да почне да се чеша,за после 15 мин да исчезнат и да нема ништо на местото.Тоа е уртикарија.Значи сепак е склон на алергии,мислам дека е и наследно(маж ми има).
    За лекување,мислам дека како ќе растат ,и алергиите ќе исчезнуваат.
    А за алергија на глутен,навистина не знам.Може ќе треба некое време да се избегнува,ама како на дете во развој да не му даваш млечни производи.Може само во помала количина.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.030
    Јас имам такво искуство и на сите млади мајки апелирам да не им даваат млеко на децата да пијат. Честото течење на носето ако не е од бактерија тогаш е од алергија. Е сега знам некој ќе ме направи луда, ама тоа ми го има кажано еден стар лекар. Наместо млеко моето дете пие јогурт и јаде сирење и урда а во урдата има најмногу калциум.
    Тие алергии станаа помодарство ама за жал така е, не е иста храната како порано. Исто така голем алергенс покрај млекото ( чоколада, крем) е и белката од јајцето, свинското месо, бел леб.
    Козјото млеко е многу добро за пневмонии, ги чистат плуќата ама проблем е да најдеш чисто козјо млеко и да го научиш детето да го пие бидејќи има специфичен вкус.
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    И јас знам за тоа дека честото течење на носот може да биде од млеко, и не само кај деца, туку и кај возрасни. Мислам не класично течење како при настинка, ама редовно слевање на секрет во помали количини. Јас имам таква појава, само на крај памет не ми паѓа да се одвикнам од млеко :) . А верувам дека е од тоа бидејќи немам други можни причинители, како синуси или не знам од што се може секојдневно да се ствара секрет.

    Козјо млеко тешко се наоѓа. И тоа за купечкото зборувам, колку што знам од збрегов носат само, ама го нема во многу од големите супермаркети. Денес барав - не го најдов, па утре нова тура потрага.

    Малиот мој се навикна на вкусот, само тешко ми е да го одвикнам од често пиење. Пиеше по литар дневно, а сега му го намалив на половина литар, со тенденција да му го намапам уште. И тешко оди, навикнат е на млеко, а и на јадења што одат со млеко - житарки, чоколино, бисквити, секој ден јаде по нешто од ова, и нели во тос става млеко :). Ама мора да го навикнам, да се обидеме алергијата да ја ставиме под контрола додека има можност.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.030
    Мојот дека не пие млеко и нема навика ни да побара. За викенд кога сме дома обавезно доручек му се житарки со млеко, така да не го лишувам 100% од млеко ама 100-150гр во недела не е ништо, нели, а и одам по моја логика да му давам по ептен малку за да самиот организам си направи свој одбрамбен механизам. Во градинка јаде пудинг или сутлијаш така да дома многу ретко му варам, слабо јаде благо - чоколади, колачи...ама таква навика му направив уште од бебе кога за прв пат излегоа тие алергии.
    Е сега кога дојде пролет или доцна есен (цути некоја билка појма немам како се вика) почнуваме со Летизен - неизбежен е една недела да пие. Му правам пауза и ако пак има симптоми почнувам пак. Сакам да ги избегавам тие кортико сирупи ама некогаш се неизбежни.
    Најлош исход од алергија е астма. Значи ако не се контролира алергијата прави бељи по организмот. Знам дека е тешко и неможеш да го чуваш детето во стаклено звоно ама можеш да ја контролираш.
     
  6. Lisica81

    Lisica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Аман од тоа алергиите веќе, Летизен дома во секое време мора да имаме. Алегија од убод од инсекти, потекува цел, куќна прашина кивање кашлање и на крај завршивме една година со Флихотиде - престојот во Државна болница поголема траума у хорор здравје. Алергиски испи од кои му оставија флеки по ножињата за кои немаат објаснување од што се :envy: и покрај милион идења на кожни лекари сите истито ти го кажуваат како да се програмирани. И најновата ни е алергија на ТААН и тоа страсен исип кој ни поцна од нозете па се дрижеше кон главата. ХЕЛП дали има некаква помош за да ги однема и да не си го трауматизирам детето веќе по алеголози кои вршат крвни испитувања, кожни, гребења и уште што не. :sweat:
     
  7. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    i nie se macevme so alergija na mleko, ni isklucija sekakvo mleko i se sto sodrzi jajca, med, mleko, pomarandza, limon.........nie sme alergicni na proteinite vo mlekoto. se iznamacivme mesec dena po kozle so isippo telo i visoki temperaturi.inaku mlekoto vo golemi kolicini predizvikuva i anemija. toa se sluci i kaj nas , HGb ni padna od 118 na 80 pa sega maka macime da go podigneme malku.sega sme na kontrola pa ke vidime dali malku od malku se kacil.stoga dieta i vnimavanje na ishranata. a najgolem problem mi bese baraweto po aptekive mleko na baza na soja , za mali deca - moeto ima 2 god, se cudat kako bogznae sto da bara,. mi davaat bez laktoxza.... i vikam a be ne kravjo mleko daj mi soja....se cudi.......odvaj najdov od grcija sega vo ima i vo zegin na humana ama ima eptem los vkus. mamicki ke ve zamolam ako bilo koj znae kade vo koja apteka ima mleko na baza na soja za mali deca please help :)

    [mod-kirilica:24l4beer][/mod-kirilica:24l4beer]
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.030
    Од повеќе искуства дознав за д-р Биљана (така се викаше изгледа) која има ординација карши Лептокарија или во Карпош 4. На база на кугли некакви одредувала алергија а и успешно ја лечела без кортико сирупи и сл. Еден третман бил 500ден а се оди 2-3 пати неделно.
    Го немам водено малиот али планирам да го одведам
     
    На Asja и ivka-pivka5 им се допаѓа ова.
  9. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    slavica999 a sto lekar e taa dr. biljana? aj pisi mi broj ako imas i ako si bila kazi kako pominavte?
     
  10. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    231
    кога имунолошкиот систем е заслабнат алергенсите го совладуваат...најчесто во почетокот на пролетта и раната есен...зајакнете го здравјето на детето со витамини....Ц витаминот 1000 мг секојдневно,зелена алга 3х1,Е витамин...млекото е најсилниот алергенс бидејќи биолошката структура му е тотално различна од таа на мајчиното млеко...давајте исклучиво козјо сирење и кашкавал...внимавајте на сувомеснатите производи..ако имаат засилувач на вкус на го земајте...секојдневно чистете ги дрвените површини и отстранете ги завесите...кога има полен не го вадете детето надвор...
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.479
    Допаѓања:
    68.496
    Пол:
    Женски
     
  12. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    lunicka, :hai: фала ти за подршката, ние изгледа сме алергични и на соја млеко, пак почнавме со повраќање, срека денес сме кај др. пејова па ќе видиме што ќе испадне.сега сме без никакво млеко ама ќе провериме се сите IgG i IgE и поединечно и тотал.
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    Требаше на малиот мој да му стават анестезија, и одам кај анестезиологот 2 дена пред операција да му кажам дека е склон на алергии, да го тестираат. Ме распраша што и како, и вика нема врска, други типови алергија се овие на лекови и анестезии, ако немал такво нешто - нема гајле. Плус многу малку луѓе се алергични на анестезиите. Му викам ок, ама вие ќе си имате синопен секако да го боцнете ако се исфрли, нели? Вика имаме секогаш, ама нема да се исфрли, не се секирај.

    Поминува операцијата, одам јас на будење, и го гледам со црвени пликови по рацете. И доаѓа анестезиологот - покажа мала реакција, ама го боцнавме синопен, не се секирај, ништо страшно. Се гелда дека е склон кон алергии, одма се исфрла.

    Е баш ти фала. Не се секирам, ама не ми кажувајте за детео мое, мое е!
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    Знае ли некој каде може да се најде млеко без лактоза?
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.030

    Па лактозата е таа - млечен шеќер која го прави млекото освен белковини и протеини. Можеби има од овие што се вештачки млека за деца (види го она на Нестле - јуниор). Во тие млека и да има лактоза таа е добиена по вештачки пат и не е јак алергенс.
     
  16. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27

    mleko bez laktoza imas vo site pogolemi marketi na dukat e i se vika lagano jutro, znace e okolu 67 den i e tetrapak., na vnuk mi eptem mu pomogna toa mleko,a od kade znaes deka e alergicen na laktoza ili e alergicen na proteinite vo mlekoto?napravi test
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    Фала многу!

    не прашував за моето, туку за друго дете. Моево алергично е на нешто од млекото, па ми рекоа да му давам козјо, да биде преварено, да пие по малку, а не повеќе од 1 л дневно како порано :)
     
  18. Underbelly

    Underbelly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Zdravo na site nova sum na forumov.Bas mi e milo sto najdov mesto kade da gi spodelam moite mislenja. I nie maka macime so alergiite eve veke nekolku meseci.Mojot sin koj sega ima skoro 9 meseci, do 3 meseci bese vo red I nemavme nikakov problem, no posle toa se pocna so egzema na liceto I postepeno da mu se prosiruva po racinjata I nozinjata. Zatoa resivme da go odnesime kaj doktorka cija specijalnost e egzemata(inaku ne ziveam vo Makedonija) taa ne posovetuva da mi stavame vlazni oblogi (wet dressings) po celoto telo.Kutroto celoto bese vo zavoi no imase odlicen efekt, za samo nekolku dena kako da imav novo bebe. Za toa vreme go doev I nemav poim deka e alergicen pa koga mi dadov vestacko mleko siot se nafrla kako od koprivi, a koga go odnesovme na alergotest bese utvrdeno deka e alergicen na mleko(+2), jajce(+3), orevi (+3), indiski orevi(+3).Dr ni rece ne e nisto strasno do kaj 5 god ke mi pomini no na orevi I sl. ke mu bidi zasekogas. Isto ni rece mozi da mu davame jajca vo torti,kifli I sl no celosno izbegnuvame se. Jas se somnevam I na pcenica I gluten no ke vidime za nekoj mesec treba povtorno da mi napravime alergotest. Sekoj den se budam so nadez deka ke mi pomini,zasto se maci kutroto no toa e sto da pravime. Nadezta posledna umira. Pozdrav do site I se izvinuvam sto mnogu se vnesov vo pisuvanjeto.

    [mod-kirilica:vdtw5x6v][/mod-kirilica:vdtw5x6v]
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.030

    Има цели теми за дерматитис на форумот.
    Јасно ти е дека не се лекува, туку треба да се пази само на исхрана и да се одржува. Како расне го зглемува имунитетот и го надминува дерматитисот.
    Не треба да јаде а ниту да помириса - млеко, јајца, риба, грав, соја, паштети, сувомеснати про-ди, ореви, значи се што има конзерванс... а што нема :x
    Не се малтретирај со алерготестови за џабе, обично се прават и дават точни резултати после 3 год, а ти имаш бебе од 9мес. кое нормално ќе покаже дека е на се алергично. Ако го доиш, пази што јадеш и ти т.е не ги јади овие про-ди бидејќи преку млекото и тоа ги прима.
     
    На Underbelly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Underbelly

    Underbelly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Oдбегнуваме сsекаква храна на која е алергиЧен и да ти казам искрено секој ден само се думам Што ново да му спремам за јадење. Користиме многу овоШје и зеленчук и месо и маШала го обожава не прави проблеми.Со доењето прекинавме кога имаШе скоро 7 месеци,сега е на соја млеко и храна и добар е маШала добро си напредува.и