Алиментација

Дискусија во 'Правни совети' започната од leona-mari, 5 мај 2011.

  1. leona-mari

    leona-mari Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    kako se presmetuva,,,vo procent ilI??? koj znae neka pise
    [mod-kirilica:29aicqdt][/mod-kirilica:29aicqdt]
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    kolku e visinata na alimentacijata za edno dete?

    Зависно од тоа колкаво е детето,а и од тоа колку сакаш да ти биде алиментацијата.Нема некој посебен критериум мислам,по твоја желба е тоа.
    Но сепак,нека ти кажат поискусните правници овде.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    kolku e visinata na alimentacijata za edno dete?

    Најмногу зависи од висината на платата.
     
  4. leona-mari

    leona-mari Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    zema plata od 18 300 den. a deteto e 1 godinka
    [mod-kirilica:y8l73agn][/mod-kirilica:y8l73agn]
     
  5. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    227
    kolku e visinata na alimentacijata za edno dete?

    Мислам дека е 30 % од платата...Не сум ептен сигурна,ама паметам дека другарка ми ми кажа така пред некој ден,и таа ке треба да зема алиментација.Мислам дека адвокатката така и кажала,не сум сигурна. Значи ако зема 18000, 30 % е некадде околу 6000 ден. Сепак не ме земај здраво за готово,најдобро прашај си адвокат.
     
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    796
    kolku e visinata na alimentacijata za edno dete?

    зависи од платата и јас мислам дека е 30 посто од платата и дека нема врска со годините на детето..... :^) мислам
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.872
    На одредување на износот на алиментацијата, влијаат повеќе фактори. Платата, како што спомнавте, но притоа се земаат предвид и изворите на приходи, т.е. дали има постојан работен однос или не. Потоа целосната имотна состојба на родителот кој не го добил старателството. Овде се зема предвид и колку деца се оставени. Ако се повеќе, се намалува процентот за секое дете.
     
  8. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Исто така и потребите на детото како и имотната состојба на родителот кој го има стрателството над детето. Се на се најмногу може да биде 50% од платата, законски, повеќе не а помалку секако..
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Ве молам кажете ми некој поспособен адвокат на оваа тема.
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.060
    Пол:
    Женски
    Се одзема 1/3 од платата на тој што треба да ја плати алиментацијата со тоа што се води сметка да не се стави во несразмерно неправедна положба во однос на тој што ја прима алиментацијата.Се мисли на тоа дека ако примателот на алиментацијата е во далеку подобра финансиска состојба од тој што ја дава алиментацијата ,сумата на давателот може да се намали со одлука од судија.Исто така се води сметка за работниот статус и способноста за исплаќање на давачот на алиментација.
     
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Добро, тоа сите го знаеме. Но, што кога се работи за случај во кој таткото се одјавува од семејната фирма, и е невработен, а притоа не се пријавува да бара зашто нема потреба од работа. Јас кажав и тогаш пред судот, се работи за фирма која има големи , мн големи месечни приходи, а ваквиот чин е еден вид на мамење на законите. За разлика од Србија, каде што се истражуваат и се земаат во предвид овие работи, кај нас законот не навлегува толку во овие малверзации и на таквиот родител му определува минимален износ. На мојот бивши заради тоа му определија да плаќа само по 3000 за дете, и откако се согласи "невработениот" и потпиша, уште дрско ми кажа во судница како сум се заебала зашто тоа не е ни пола од тоа што трошел со мене на едно искачање, на што само судијката му рече да си молчи зашто ќе ја налутел и ќе му ја накачела алиментацијата, како си кажал така отпосле...
    Сакам да кажам дека законите за заштита на правата на децата, и општо законите поврзани со оваа тематика, разводи, алиментации , ни се полни со дупки... :devil:
    И сега господинот може да си се расфрла со пари за себе, а јас глава да лупам со тие 6000 , што други , кои работат за една плата ги даваат само за едно дете. :x
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    85.530
    sweet25, па тој “човек“ мора да прима приходи на некој начин. Ако не е вработен, а има фирма, кој е управител на истата? Ако и не е управител, тогаш можеби зема надомест по основ на договор на дело. СДК или подобро СДП дали судот не проверува движење на трансакции на банкова сметка/или нема ли увид во податоците на УЈП? ... можеби треба да побараш од судот по службена должност да побараат податоци од УЈП, затоа што тебе лично, како физичко лице нема да ти издадат таква информација.

    А да пријавиш во трудова? прати им инспекција во фирма, нека истресат таму, па да види он на кого ќе се смее... :muscle:
    е*ате таткото
     
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Мајка му е и сопственик и управител , он се води како сопственик само на друга фирма која ја изгаснаа.
    Потоа отвори трета фирма, но и таа мислам дека ќе ја затвори, зашто му беше повеќе за занимација отколку за работа. Значи он повеќе на документи не е никако поврзан со семејната фирма.
    А и не иде да работи во фирмата, комплицирано е.
     
  14. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    324
    Значи доколку се променат околностите можеш да бараш зголемување на издршката.
     
  15. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Јас мислам вака да барам, зашто гледам дека околностите никогаш нема да ги променат..
     
  16. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    324
    Ќе се променат сигурно, на пример зависно од возраста на децата растат и потребите дури и тоа е причина да бараш поголема издршка.
    Т
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.153
    Oн како така во догледно време ќе мора да се вработи во фирмата затоа што вака никогаш пензија нема да земе, не е само пари во џеб да има. И плус здраствено осигурување како има знаеш?
    Он сега од инат така постапил ама за година две ќе мора да си го промени статусот.
     
  18. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Он веќе две години тера вака, не знам како ама не се замара за пензија, за здраствено осигурување..
    А и ако се пријави утре пак , може да го направи тоа да биде со минимална плата, и да не ми се исплати да барам повеќе алиментација.... Законите ни се катастрофа... Може да си игра како сака..
     
  19. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    128
    леле зошто се такви,небаре тебе ти ги дава тие пари па тие пари се за НЕГОВИТЕ деца...... леле не знам веќе сите ли мажи се такви при развод......
     
  20. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    313
    Има ретки исклучоци...повеќето се вакви од што слушам околу мене..
    Знаеш како он гледаше на тоа, кога го оставав ми викаше
    -Сакаш сега да си живееш како девојче, да си фатиш дечко, а јас да ти плаќам. :fubar: