1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алтруист или егоист?

Дискусија во 'Психологија' започната од Meggy, 13 јануари 2010.

  1. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Некоја златна средина.
    Неможам да се наречам ни алтруист ни егоист.
    Знам некогаш да се жртвувам и на некого да исполнам некоја желба, а некогаш можам и да искочам кучка и да си гледам само за себе.
    Зависи од ситуацијата.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.710
    Допаѓања:
    150.489
    Светот сеуште се врти само заради тие егоистични побуди.Ако го немаше,ќе требаше да се измисли,зошто би било едноставно кажано,досадно.А и немаше да ги дебелееме заднициве тука,млатејќи празна слама.
    И повеќе се мислеше на оној,себичен,страшно злобен егоизам,отколку оној продуктивниот.
    Лошо е да бидеш мивка,а лошо е и да не знаеш да процениш и помогнеш,а тебе те чини - ништо,а не добиваш исто така,ништо.

    Ашлинг...а замисли,вчера си имала убава,богата закуска,денес си гладна (нели,жив човек,тоа е процесот),ги имаш последните пари во себе,си купуваш убав,сочен хамбургер и му се токмиш да му се сладиш и кога до тебе...циганче,навистина гладно,слабо и голо,сликата вика дека навистина не јадело неколку денови,а може и повеќе,што ќе направиш?!
    Она со фустанот...и ти си егоист и таа е егоист и сите комплет.Реално,жена си,ги имаш 100 и никогаш нема да ви бидат доста и на двете. :D

    Лошо е да согоруваш за луѓето,добро е да знаеш да дадеш кога не губиш и кога не добиваш.На крајот,својата жртва,не е гаранција дека утре ќе добиеш сигурна потврда и прифаќање од заедницата,а од друга страна,многу е лошо и да дадеш се од себе до степен вистински да се жртвуваш,зошто ти не си бог,ниту семоќен за да се чувствуваш толку силен дека ќе промениш нешто многу во светот.А ако сакаш да бидеш пример кој се жртвувал во името на човечкиот род и замисли,успешно е,сите се менуваат,тогаш...пак лошо правиш,исходот е ист.Балансот и средината во секоја смисла и секој поглед,во секоја сфера,се благослов.А ако не си фин со себе,благ и исполнителен,никој нема да биде.Никој не е дојден на светов со суперменска моќ за да прави добри дела на сите страни и да менува туѓи судбини,тоа не е алтруизам,тоа е ... болест која бара помош од психијатар.

    Околу,гешталтот сакав нешто да приспомнам...тој носи кон одговор,кон корен на проблем и не секогаш дава егоистичен одговор.Себеведнувањето,нашите внатрешни пориви се малку покомплексен предмет за анализа,а и гешталтот сепак на крајот,откако ќе го осознае проблемот,да го поправи во насока на која му одговара на човекот кој бил предмет на анализа,а тоа може да биде и во насока на будење на егото.Сепак,во овој правец...тоа се луѓе со страшни фрустрации од детство,каде родителите постојано ги казнувале или пак ги правеле неоправдано неспособни и глупави,па морале постојано и постојано и постојано да се докажуваат пред нив,а потоа по инерција мислат дека така е и со остатокот од светот.Тоа е веројатно некоја грда болка,постојано мислење дека некаде грешиш...Сепак структурализмот дава тука повеќе одговори,отколку гешталтот.

    Сепак,сеуште верувам во искрените намери на некои луѓе,без разлика на нивната вистинска суштина.Се додека е добро,совесно и реално,го прифаќам и му симнувам капа секогаш кога ме импресионра.
    Се прашувам,кои беа побудите на работниците во Фукушима...те дали воопшто треба да се прашувам кога некој прави од својот живот буквално филм и цел свет му симнувам капа,а е несомнено херојско дело?!Веројатно некој од нив сака потоа да биде добра приказна и пишано име за запомнување од ваков историски настан,затоа што својот потенцијал го развил и нема што повеќе,а ова е шанса уанс ин а лајф тајм,но дали е тоа важно?!Ич!Можам да го обвинам и да му речам,ма марш бре,ти сакаш да добиеш нешто друго,многу ти е гајле за мене,дајте друго дете,друго дете нема...паф!Штурци у позадина,мрак!
    Егоизмот,вака или онака,е природен и нормален,а се засилува под присила на законите на џунглата.
     
    На Trendafilka и Saya им се допаѓа ова.
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Umm..зборуваме за сплет на можности,затоа напишав
    Да разграничиме потреба од луксуз.
    Мојата заштеда можам да ја дадам на некој што е болен, 100 денари да изгубам со вртење на донациски број.
    Тоа не го условува мојот живот.
    Но,кога од мојата заштеда зависи од мојот живот, нема да ги дадам тие пари на некој болен, зошто и јас сакам да живеам.
    Себично,егоистички звучи,да! Но,ете тоа е Ашлинг.
    Конкретно за ситуацијата која ми ја постави: ако јас сум ги потрошила сите пари на тој хамбургер,а сум далеку од дома и убитачно гладна, ќе му дадам парче на детенцето,парче мене.
    Во спротивно,ќе му го дадам цел хамбургер,нека го јаде.
    Според ова јас сум егоист и со тоа што си седнувам во кафич,си пијам кафица поштено,наместо тие пари да ги дадам на некој што проси на улица.
    +1 >> потполно се согласувам
    Само што различно ги сфаќаме овие два поими.
    Според мене љубезноста, помошта кога сум во можност,а не по секоја цена не е алтруизам.
    А,кога подобро ќе размислам повеќето коментари тука конкретно се однесуваа на тоа, делење совети на другарки,облека,чат-пат некоја хуманост.
    Но,да се стават самите пред одлука од која зависи нивниот живот,сите сме егоисти.
    Психичка болка верувам дека може да се излечи само со силна волја и многу труд. Тешко е, исто како и самиот живот во одреден период,но тоа всушност е и нашата поента на постоењето во овој свет и според мене поегоистички е да се откажеш од сопствениот живот,отколку да се оставиш да живееш,по цена друг да умре. (контрадикторно изгледа на почеток,но така е-тоа е егоист према самиот себе, не према другите)
    А, реално секогаш ќе сме посреќни ако сме задоволни од самите себе,па потоа да сме спремни да помогнеме баш со огромна љубов кон другите, во спротивно често тоа го правиме од некоја корист.
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не можам да се наречам алтруист а уште помалку егоист... Значи кај мене малку повеќе преовладува алтруизмот и тоа. Кон тие што ги сакам и што ми значат дефинитивно сум алтруист,за нив правам се. Има ситуации кога сакам и на себе да си угодам и гледам да си ги исполнам своите желби...и тоа е нормално според мене. :)
     
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Па, некаде на средина сум. Повеќе накај алтруист. Навистина правам многу за други луѓе, секогаш помагам од срце, сакам кога некој решил проблем благодарение на мене, а овде не зборувам само за советување, туку и за многу други работи. Често сум се лишила од нешто за да помогнам на друг. Ме прави среќна тоа.
    И морам да кажам дека е многу парадоксално ова. Значи, јас им помагам на луѓето - тоа ме прави донекаде алтруист, НО, го правам ова бидејќи се чувствувам среќна кога ќе му помогнам некому, значи го правам за мојата среќа, па логично, нели ме прави ова егоист?
    Мој заклучок, нема чист алтруист и чист егоист, повеќето се на средина, ама сепак се е побудено од себични причини, ете јас би му го дала на гладното циганче целиот хамбургер и ќе бидам гладна и среќна, наместо сита и со грижа на совест. Значи сепак сум и егоист, за да не се чувствувам лошо, правам добро, зошто тоа ме прави да се чувствувам среќна.
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    хех зависи од ситуацијата..некогаш помагамм..
    а некогаш си гледам само за себе...
     
  7. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Мора да се балансира...и алтруист и егоист...иначе нишо не праиш... реално алтруистите не се ценети во денешново општество
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Со овој дел се согласувам.

    Гешталтизмот јас го споменав и не тврдев дека секогаш има егоистични одговори или пак дека сум приврзаник на овој правец. Споменав :!: едно негово истражување за да ја доловам разликата меѓу мотивите за добро постапување од себични причини поради уважување на заедницата, замаскирани со добро дело...И јас не ги респектирам многу учењата кои го барааат изворот на секоја фрустрација во детството и односот на родителите. Не велам дека нема ова никакво влијание, но препотенцирањето на ова ми е апсурдно и ја нема мојата поддршка. Но за тоа повеќе дискутирав на друго посоодветно место.

    Во кристално чист алтруизам не верувам, тоа го доживувам како утопија. Нити па сметам дека поединец со своите обиди ќе го смени светов тоа ми е Сизифовски идеализам, а и јас лично немам такви амбиции.
    Во секој од нас постои повеќе егоистична мотивација, само добро е да направиме колку што можеме и умееме нешто, но тоа ни од далеку не не прави алтруисти, не прави за миг почовечни во сопствените очи свесни за нашата ограниченост за колосални добри дела и несовршеноста на нашата човечка природа.
    И факт е дека секој првенствено се грижи за задоволување на примарните свои потреби за храна, вода, сон, секс и доколку тука сме на било кој начин загрозени и ограничени до ултиматум ќе избие нашата егоистичност на сцена, бидејќи инстинктот да се преживее е појак од сите алтруистички обоени идеали кои ги гаиме со полни стомачиња и од безбедната топлина на нашите домови.
    Така да направи колку што можеш без да бараш било каков фидбек, бидејќи се‘ друго е веќе трговија, не си подарил туку продал, а со тоа делата и постапките ти се евтини.
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Егоист, дефинитивно. Дури и би се „осмелил“ да кажам дека добар процент од оние кои се прогласија за алтруисти, се всушност „прикриени“ егоисти, со самото тоа што бараат да бидат ценети поради тоа. Јас за мене мислам дека доколку би бил ВИСТИНСКИ алтруист, не би го потенцирал тоа, дополнително со фактот дека никој не го цени. Алтруистот значи да сакаш да помагаш на другите, и самиот да осеќаш задоволство од тоа, да не ти е потребен туѓ „амин“. И да, кон оние што ми се блиски и ги сакам, правам безброј изненадувања и им помагам кога и да можам, сакам да се среќни и особено сакам јас да имам придонес во тоа (повторно, егоистички елемент :))... Но тоа не ме прави алтруист, ниту може да го засени фактот дека јас сум си сам на прво место, а потоа другите. :)
     
    На faye и Ashling им се допаѓа ова.
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    ^^ Than you got my point right? :D Го кажав и јас истото, дека сум на средина некаде, ама дека ми е многу парадоксално ова прашање, бидејќи сакам да им помагам на други бидејќи тоа ме прави мене среќна, што значи, сепак сум егоист, нели?
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Сакам да им погодам на другите и многу убаво се чувствувам кога ќе го постигнам тоа,но со тек на времето сфатив дека не вреди,не за сите но во поголем процент да...затоа прво си гледам за мене и сум си егоист,а потоа за другите :)
     
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Брее мајката. Вриело од светци на форумов, алтруист до алтруист. (со исклучоци)
    Јас сум егоист и точка. Никој близок до сега не гледал да ми угоди, зошто пак јас на нив да им се грижам?
     
    На Primavera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Дефинитивно ЕГОИСТ и гајле ми е. Порано бев 102,3% алтруист ама од кога ќе те зафркнат тие што најмногу ги почитуваш и се жртвуваш за нив, да видиш се како може да се смени. Сега сум тотален егоист, не дека не сакам да помогнам на други, помагам ако можам АМА ако ми вреди сето тоа, значи пак ако мене ми одговара.
    Бтв: незнаев дека има толку многу добри луѓе кај нас :clap:
     
  14. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Алтруизам- жалам.
     
  16. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Мешавина сум,ама лесно преоѓам од една во друга категорија,без некој проблем.Во сексот сум и егоист и
    алтруист :)
     
  17. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Нешто трето. Некоја мешавина од ова.. Чудна мешавина :D
     
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Aко до сега бев некоја мешавина (имаше нешто во мене како алтруист) .. од денес па натаму дефинитивно ЕГОИСТ .
     
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Алутрист во денешно време ? ! :^) А зошто бе луѓе ? зар некој ќе ми каже фала ? Ќе памети што сум направила за него /неа ... Освен ако сакате ореолче на глава ... .. Најн Данкеее :)
    Егоист ако сакаш да опстанеш и успееш денес само тоа ... Човек за човек е волк ова го прочитав на еден стаус на фб = Чиста (трагична) вистина !!! :!: :|
     
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Ау дефинитивно алтруист до срж! Јаче е од мене, типично водолиски да можам на цел свет ќе му помогнам. Давам без да очекувам ништо за возврат. Уживам кога на било кој начин можам да им помогнам на другите и да ги направам среќни со тоа сум и јас среќна.