Копа Америка 2024 година ќе биде 48-то издание на Копа Америка, меѓународно првенство во фудбал за мажи организирано од јужноамериканското фудбалско владејачко тело КОНМЕБОЛ, кое се оддржува на секои 4 години. Турнирот ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, а во коорганизација на КОНКАКАФ. Соединетите Американски Држави ќе бидат домаќини на турнирот по втор пат, откако беа домаќини на Копа Америка Сентенарио во 2016 година. Турнирот ќе се одржи од 20 јуни (по наше време, 21 јуни) до 14 јули (по наше време 15 јули) 2024 година, а победникот подоцна ќе се натпреварува во Купот на шампиони КОНМЕБОЛ-УЕФА 2025 година. против победникот на УЕФА Евро 2024. Државите се поделени во 4 групи и тоа: Првиот напревар е Аргентина:Канада и ќе почне ноќва во два часот по наше време.
Издржав негде до полувреме после сум заспал. Последно што се сеќавам мислам беше 0:0, а после коментаторот неколку пати се раздра и ме разбуди. Негде до кај 35-та минута, 40-та убаво следев, не она со полу очи и стварно се гледаше како да не е старата Аргентина од пред година ипол. Од 5 минути, 4 ќе се напад Канаѓаните, 1 Аргентинците. Баш како што реков и за Хрватска:Албанија, Хрватска е појака, ама џабе и е тоа кога Албанија има одлична одбрана. А тоа што не било нерешено мора да е наместено, пак Меси го има отворено џепчето.
Подобри беа од Европјаниве. Прв натпревар е со многу послаба екипа и нема да се трошат, логично е дека Чиле и Перу ќе се поинтерсни за гледање.
Не, одлична беше, уште прва минута брз фудбал играа. Публиката уште на првата утакмица личеше повеќе hype-ната од било која на Европсково.
Денес ќе навивам за Чиле и за многу голови, ама мислам дека ќе заврши 2:1. Ова ќе биде поинтересен натпревар тука некаде се со квалитетот, не се како Аргентина и Канада. Сакам да има голови, да гледаме како се радуваат навивачите! Ама, да, израмнето би било интересно. Само да не е 0-0.
И чудно некое женско вака да следи спорт. Свака част. Вечер од порано е Копа Америка па белким ќе ја фатам цела конечно, ај твои прогнози?
Хитов ќе грми вечер. На ова првенство Бразил и Аргентина ќе се прво и второ место. Мислам дека Мексико ќе е трето место, Уругвај ако не заебе четврто. Мислам дека овие два тима ќе се борат за трето место, ќе видиме кој ќе е подобар.