Форумџика на годината

Анално крварење за време на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од unadescarada, 24 април 2021.

  1. unadescarada

    unadescarada Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ја отворив темава бидејќи не ја видов подолу во темите.

    24та недела бремена, од вчера забележав анално крварење кога идам по голема н. Срамота не срамота морам да прашам дали некоја има искуство со вакво нешто. Не ми е тврда столицата, нормално е се..

    Претпоставувам дека се некои внатрешни хемороиди, бидејќи надворешно немам ништо.

    Денес повеќе се исплашив бидејќи и кога мочав повторно забележав крварење анално.

    100% е анално, неколку пати проверив да не е вагинално, но не е..

    Матичната ќе ја барам во понеделник, ама до тогаш ќе се убијам од мислење.

    Фала ви однапред на одвоеното време.

    Поздрав
     
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Ептен ти е крварењево? Количина на тоалет како пример на добиено кога ќе се пребришеш?
     
  3. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено ама кога ќе се напнам да имам некоја капка крв.. Не во големи количини.. Ама веќе немам..
     
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    14.227
    Пол:
    Женски
    Честа е појавата на хемороиди во бременоста, се надевам е тоа. Без паника, пробај да бидеш смирена колку можеш, се најдобро:l:
     
  5. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.196
    И јас имам некогаш анално крварење предизвикано од хемороиди(надворешни) кои што ги добив во бременоста.
    Некогаш знаат да се воспалат и да ме болат многу, некогаш и да прокрварат и при мека столица. Крварењето е малку, пример при бришење на тоалет може да има околу 3-4 капки свежа, убаво црвена крв. Не е постојано, туку периодично. Пример 2-3 пати годишно може да ме болат, или прокрварат, ама не обилно крварење туку само на бришење неколку капки крв.
     
  6. unadescarada

    unadescarada Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите пред се за брзите одговори. Инаку не е многу ни кај мене, ама сепак не е ни малку, бидејќи еве вечерва бев во вц, и при мокрење исто така имаше во шољата.

    Пак се извадив од памет мислејќи дека е вагинално и при бришење гледам не е, пак од позади.

    Освен промена на храна, еве ќе почнам со течности стриктно манџа во наредните денови, дали има нешто што друго сте мачкале или применувале.

    Јас обично на матичната и се јавувам ама денес недела..
     
  7. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.196
    Доколку немаш болка нема потреба да мачкаш ништо. Моите бидејки се надворешни при болка користам маст Факту, а за кај внатрешни обично се дава антобиотик. Сепак консултирај се со матичната.
     
    На unadescarada му/ѝ се допаѓа ова.