„Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“ . Вака почнува романот за кој не може да се каже ништо помалку освен дека е едно ремек дело на руската, односно на светската книжевност. И по толку години откако ја прочитав јас го паметам секое делче од книгата како вчера да сум ја читала, просто за да опишам колку е прекрасна книгава. Која е Ана? Тоа е жената што беше доволно дрска да им се препушти на емоциите и да засака надвор од бракот, и доволно немоќна да ја држи под контрола љубовта, која на крајот ќе ја однесе кон пат кој води до провалија. Јас сеуште сум фасцинирана од ова дело, а вие?
Ана Каренина ( Лав Николаевич Толстој) И јас ја помнам реченицата со која започнува оваа преубава книга, а која ја имаш цитирано Сеси . Толстој ми е еден од омилените класици и изневерувањето сум го сретнала и во др. негови дела. Ана ги прекршува конвенционалните ставови со самото тоа што јавно и отворено истапува во име на љубовта, во време кога љубовниците се нешто општоприфатено од повеќето меѓутоа сето тоа почива во сигурниот облак на тајната. Во тоа е нејзината големина, но и нејзиниот пад. Кај руските класици сите вакви дела имаат трагичен исход, некако како со тоа да се обидуваат да ја потенцираат вредноста на моралот, или ова е мое субјективно мислење, ?!
Сеси прво едно за темите. И мене ми е една од омилените книги. Како карактер, Ана никогаш не ме воодушевувала. Како лик во литературата - ретко кој повеќе ме воодушевил. Крајот мене ми е разбирлив. Мислам дека Толстој и малку итро постапил, бидејќи да не бил таков крајот, романот не би претставувал толкава сензација, но кој знае. Уште еден доказ дека добрата литература лесно го поминува тестот на времето. Друго општество, други морални вредности, но Ана е актуелна и денес. Јас на Ана гледам како на жена со не толку силен карактер. Жртва на општеството, која ете нема доволно сила за да застане зад своите постапки, за разлика од Скарлет О’Хара на пример. Се разбира дека е посилна од обичните лицемерни жени од нејзиното окружување, но сепак не доволно, како што и се покажува со крајот. А Вронски? Исто така не е мој омилен лик. Прави комплицирано од едноставното, за на крај сам да не знае што сака. Левин ми е омилен лик од ова дело. Пример за добри и здрави човекови вредности. Интересно е и набљудувањето на општеството во Ана Каренина, како и во сите големи руски класици. Тоа е тоа што ја прави толку значајна - што преку една животна приказна, Толстој успеал да даде приказ на едно цело уредување и време од историјата. Тој напишал историја, а не само еден обичен роман.
прво да го поправам насловов тој не е Лав Николаевич Толстој туку е Лев Николаевич Толстој... Иначе оваа книга која Толстој наречен Монт Еверест на Хималаите (во превод: најинтелегентен писател во руската т.е. светската книжевност) ја напишал 3 пати и ги освои симпатиите на милиони ширум светот е еден од моите најомилени романи на кој се сеќавам како да сум го прочитала вчера .... Фасцинантно дело на кое опишуваните ликови и детали му даваат посебна светлина ...
абе како Лев, Лав е. По литература го изучувавме реализмот, но за жал Ана Каренина не ни беше лектира. Јас како љубител на францускиот и рускиот реализам, си поставив цел колку што може повеќе книги да си прочитам. До сега од Балзак имам најмногу прочитано, но русите, ако се на север, некако ми се потопли. Ги обожавам и Достоевски и Толстој. Значи обожавам да ја читам Ана Карина (ја читам овој период) и се плашам да ја завршам. Прекрасна е. И толку е се перфекционистички напишано, за настаните и за ликовите. Читаш и си велиш, ааа да го знам ова чуство. Овој дел го имам напишано и во Проза, поезија, цитати, извадоци. Разговорот на Кити и Варењка -А во што пак срамно? - рече таа. - Па вие не можете да му кажете на човекот што е рамнодушен кон вас дека го сакате? -Се разбира, не; јас никогаш не му реков ни еден збор, но тој знаеше. Не, не, има погледи, има држење. Ќе живеам сто години - нема да заборавам. -Па што е тоа? Не разбирам. Работата е во тоа дали го љубите сега или не, - рече Варењка, наречувајќи ги сите работи по име. -Јас го мразам него и не можам да си простам. -А што тоа? -Срамот, навредата. -Ах, кога сите би биле како вас чуствителни, - рече Варењка. - Нема девојка што не го доживеала тоа. И сето тоа е толку неважно.
супер тема ја обожавам Ана Каренина, и многу мие мака што ја немам дома оваа книга се секавам кога првпат ја читав пред 10-на години, толку многу се воодушевив што потоа за брзо ја прочитав пак, хехех можам да кажам дека дури ја читав си имам создадено една слика во мојата глава за ана, и морам да го споменам Алексеј Вронски и од тогаш си реков ако имам машко дете ке се вика Алексеј п.с да не сака некој да ми ја подари??
Сакам да живеам во тоа време. И да носам такви долги и убави дамски фустани, само што ќе имам проблем со деколте, пошо го немам И да се движам низ такви кругови, да одам на балови и во театар. Само што повеќе ја сакам Франција од Русија...
Лев на руски значи лав. Имињата по правило не се преведуваат, но во македонскиот јазик постои име Лав, така го превеле уште со првиот превод и останал да се вика Лав на македонски. Мислам дека не е во ред тоа, тогаш на англиски би требало да е Lion Tolstoi, а на македонски ако веќе го преведувале требало да биде Лав Дебелиот Сепак, грешката не треба да се бара во темава, туку во повеќето преводи на македонски кои направиле неговото име да се "вдоми" кај нас како Лав
добро, да знам за името. Ама за мене е Лав. Е сега ќе ве замарам со цитати од Ана Каренина, ама мора со некој да споделам После ќе читам и ќе запишам нешто. Има многу мудри дијалози
Но тој не можеше веднаш да се сети што сакаше да и каже. Тие настапи на љубомора, што во последно време се почесто наидуваа кај неа, го вџашува, и колку и да се трудеше да го крие тоа, го оладува кон неа, и покрај тоа што знаеше дека причината за љубомората беше љубовта кон него. Колку пати тој си велеше дека нејзината љубов е среќа, и еве таа го љубеше како што може да љуби жена, кај која љубовта ги претегнала сите блага на светов - и тој беше многу подалеку од среќата отколку кога тргна по неа од Москва. Тогаш тој се сметаше себеси несреќен, но среќата беше напред, сега пак чуствуваше дека поубавата среќа веќе беше останала назад. Таа не беше сосема истата, како што ја виде во прво време. И морално и физички таа се измени кон полошо. Сета се рашири, и во нејзиното лице, во часот кога зборуваше за актерката, имаше еден лош израз што го нагрубуваше. Тој ја гледаше, како што гледа човек на скинат и завенат цвет, во кој со мака ја препознал убавината заради кој тој ја скинал и сосипал. И без оглед на тоа, тој чуствуваше дека тогаш, кога неговата љубов беше посилна, тој можеше, ако само силно посакаше, да ја искорене таа љубов од своето срце, но сега, кога, како во овој час, му се чинеше дека не чуствува љубов кон не, тој знаеше дека неговата врска со неа не може да биде прекината. За жал, ова ја потврдува тезата на мама за љубовта. Иако јас воопшто не се согласувам со неа и несакам да ја прифатам. Таа смета дека љубовта, вистинската љубов, доваѓа полека, ако двајца решат да се запознаат подобро и таа трае долго. Но мене оваа не ми се допаѓа, никако. Јас сакам хемија и бум, љубов на прв поглед, страсти, засекогаш заедно, како да се познаваме од секогаш итн итн.. Вронски си играл со Кити дека таа му беше достапна и знаеше дека таа го сака. Ја посака Ана, затоа што е мажена и затоа што таа на почетокот не покажуваше чуства кон него. Ах колку се пронаоѓам во ликот на Вронски ( немој да помислите дека јас гонам женет човек). И сега тој е среќен додека ја освојува, ужива додека му се одолжува и среќата и оп ја има. Но зошто не се откажува од неа? Дали од навика или затоа што привлечноста ја заменило вистинската љубов? Не знам како ќе заврши оваа дело, но ме наведе да размислам дали е оваа љубов? А на крај и краишта, уживаат во пари и секакви радоста, па може и од досаса и желба за ново... Ако мислите дека грешам, слободно поправете ме
Ме потсетивте на една од најубавите љубовни приказни во руската литература. Ана Каренина и Доктор Живаго ми се незаменливи.
За некои и малце е не разбирлив крајот но мораше и така да заврши,иначе немаше барем мене да ми е интересна. Ана,па таа е жртва на опшеството и на судбината до некаде.Има сопруг ама шо фајде има од него,има љубовник кој воопшто не знае што сака, а самоубиството е нејзиното бегство.За мене е неоправдано имаше милион начини да ја среди својата ситуација но најлесно и беше да се самоубие.Кукавица е,дефинитивно. Вронски е малку изгубен ,ем му иска ем му стиска (ем ја сака,ем се плаши) , застани бре човече машки бори се за љубовта.Но до некаде и не е толку виновен, се сетив на љубомората на Ана, па таа би побудалила и сосем нормален човек,а камоли Вронски...
Моментално ја читам книгата.. стигната сум до некоја 90 страна и можам да кажам дека е прекрасна. Во однос на името, во школо обработувавме дело од Лав Николаевич Толјстој и го учевме како ЛАв, во книгата што ја имам дома го пишува ЛЕв Николаевич Толстој, гледам и на википедија го пишува како Лав.
Не сум љубител на руски класици но има нешто во врска со оваа книга што ме привлекува и следна ми е на список на книги за читање
Ме заинтригира книгава и порано сум слушнала за неа.Морам да ја прочитам ќе напишам мислење кога ќе се случи тоа.