1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ангели и демони (Ден Браун)

Дискусија во 'Книги' започната од Buttterfly, 27 март 2011.

  1. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    745
    Морав* :wasntme:

    Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол. Најлошите стравувања на Ленгдон се потврдени во највисоките конклави, кога гласникот на илуминатите објавува дека скриле незапирлива темпирана бомба во самото срце на Ватикан. Додека трае одбројувањето, Ленгдон одлетува во Рим со Виторија Ветра, прекрасна и мистериозна италијанска научничка, за да му помогне на Ватикан во очајничката борба за опстанок.

    Впуштајќи се во френетична потрага низ запечатени скрипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на светот, Ленгтон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим сè до одамна заборавеното дувло на илуминатите, таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан.

    [​IMG]

    Немам друго што да додадам освен - Воодушевувачки добро! :)

    Какво е вашето мислење за книгата ? :wasntme:
     
    На Celest му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LennaF

    LennaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Ангели и демони - Ден Браун

    Импресионирана сум од способноста на Ден Браун добро да ги спои заговорот, љубовта, вечната војна на религијата и науката, минатото и иднината во едно дело како сто е Ангели и Демони. Делото е комплицирано мегутоа напишано на многу едноставен и разбирлив стил, се чита во еден здив. Едноставно ја обожавам книгава. Најинтересен дел во библиотеката на Ватикан.... like
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.581
    Ангели и демони - Ден Браун

    Обично не гласам за комерцијала, меѓутоа Ангели и Демони на Ден Браун ме воодушеви.
    Не е типична, слатка петпарачка литература.
    Добро е поткована, истражена, фино скоцкана, се чита во еден здив.
    Не ме остави без сон два дена, топло ја препорачувам, посебно за време на годишниот одмор.

    Одлична.
     
    На Strumfeta93 и LennaF им се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.549
    Ангели и демони - Ден Браун

    Ја прочитав за неполни три дена. Очите ми поцрвенуваа до степен да ме печат, ама не ја оставав книгата на раат. Ми се допадна неочекуваниот пресврт, спојот на науката со религијата, начинот на кој беа претставени сите мистериозни „факти“.

    Долго после книгава се интересирав за антиматерија. :)
     
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    3.260
    Пол:
    Женски
    Ангели и демони - Ден Браун

    Откако ја прочитав Кодот на Да Винчи, Ангели и демони ми е следна на мета.
    Гледам со истиот лик е од Кодот на Да Винчи - Роберт Ленгтон... дали ова е нова приказна или продолжение на Кодот на Да Винчи? :)
     
  6. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Ангели и демони ( Ден Браун )

    Комерцијала! Оваа беше првата и последна книга прочитана од Ден Браун, искрено, земав да ја читам бидејќи ме интересираше повеќе научниот дел, поврзан со неа, т.е. антиматеријата... Но и тоа беше толку непрофесионално напишано и многу невистини во врска со Церн и сфатив дека овој човек, пишува дела кои се контраверзни, кои ќе предизвикаат негодувања кај некоја страна, а демек открил некоја тајна на човештвото, преувеличува, се' со цел да на тој начин ја привлече публиката и секој да ја купи со мислата, леле, леле чекај да видам што напишал, што се крена толкава врева... Нема никаква уметност, но сепак нели, секој со свој вкус и како што рекол нашиот гениј Венко Андоновски во „Вештица’’ стр. 86: „И бестселерите не ги пишуваат секогаш најдобрите писатели. Еве Ден Браун, на пример. Класичен површен кретен, а сите го читаат. |( ’’
     
  7. ljulju

    ljulju Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Ангели и демони ( Ден Браун )


    нее, Ангели и Демони е прва, КОдот на Да Винчи е втораа
     
    На Celest и SexyLady им се допаѓа ова.
  8. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Ангели и демони ( Ден Браун )

    Предобра ! Им ја препорачувам на сите. Посебно ми се допаднаа холограмите на написите :
    " илуминати ", "earth", "water" и "air".
     
  9. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.419
    Ангели и демони ( Ден Браун )

    Подобра е дури и од Кодот на да Винчи. Неверојатно добра книга. :)
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ангели и демони ( Ден Браун )

    Изгледа сум единствена на која Ангели и демони и остана во ум како тупење од двеста страни негде на средина. Многу мачно и долго ми се виде опишувањето со тие четворицата кои ги заробија...

    Почнав да ја читам возбудена памтам, и од толку возбуда некако замрев. Ја купив подарок за мајка ми, и ја прочитав пред да и ја дадам. :$ После тоа беше извиткана од што сум вртела страници, сум ја оставала свиткана за да направам белешки... Пуст срам.
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ангели и демони ( Ден Браун )

    Ја прочитав за околу три дена. Не ја оставав книгата, тотално ја измалтертирав.
    Многу е интересна, колку само се заинтересирав за ЦЕРН и за илуминатите, колку само ме тераше воопшто да не верувам во религијата. Се соживив со целата приказна, се згрозував, се изненадував.
    Одлична книга.
     
  12. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Ангели и демони ( Ден Браун )

    Оваа книга ја прочитав вчера. Седнав отсабајле и завршив некаде околу полноќ. Ме заинтересира страшно и неможев да ја оставам..Колку само ме изненади крајот! Предобра книга, ја препорачувам на сите на кои не им е прочитана. :)
     
  13. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Како и сите книги на Ден Браун и оваа е одлична. Мистерија која едноставно ве тера да ја читате, ве остава без здив. Барем мене така ми беше додека ја читав. Многу ми се допаднаа описите на ЦЕРН, Илуминатите :))
     
  14. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    После Кодот на Да Винчи, оваа ми е следна :) А гледам и со истиот лик е -Роберт Ленгдон.
     
  15. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Мене многу ми се допадна! После ова, иако сум воспитувана во христијанско семејство кое ја почитува религијата, многу работи во мене се сменија. Не викам дека повеќе не го почитувам она кое моите ме учеле, ама од свештеници, попови... :puke: Црквата, самата е контрадикторна на она кое го проповеда нашата религија. Значи, ја почитувам религијата, но сепак мислам дека нашето постоење се должи на природата, а не на Бог... Или пак, како што некои сакаат да кажат... Природата е самиот Бог.
     
  16. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Мене книгата ми е многу убава ама филмот, не ми е баш нешто woww
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Прекрасна,заедно со Кодот на Да Винчи и Симболот.Темата на сите 3 книги многу ми го привлекува вниманието.Филмот е катастрофа.
     
  18. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Преубава, преубава книга. Ја прочитав за 2 дена и уживав во секоја страница.
     
  19. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    одлична книга два дена веќе сум со неа и како што наближувам до крајот успорувам, несакам да завршам со читањето....
    Кодот на Двинчи
    Загубениот симбол
    сега Ангели и демони
    и ми останува уште една :)
    Дефинитивно му се восхитувам на Ден како ли ги пишува овие книги бре??? од каде толку информации за Ватикан,Вашингтон,Париз,ЦРЕН,Швајцарската гарда,ФБИ,масоните,илуминатите...од каде доволно податоци за да напише олку логични книги, некако колку и да знаеш дека е измислена приказна те наведува барем да прогуглаш повеќе
     
  20. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Импресионирана сум од стилот на пишување на Ден Браун. Човекот е незамелив, успеал да направи дела кои што се прекрасни, ги споил на едно место религијата, науката... Ја прочитав во еден здив. Не можев да престанам да мислам на неа и што би можело да се случи. Откако ја прочитав оваа книга добив огромна желба да го посетам Ватикан. Браун во книгата го опишал толку убаво и толку детално што во тој момент додека читав ми изгледаше како најубавото место.