1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Англија или Австрија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Taurus777, 22 август 2019.

  1. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво, не знам дали некој има отворено ваква тема досега, Ве молам тој што има искуство да сподели како е за живот во овие две земји. Со сопругот размислуваме за понатамошен живот во една од овие земји(со бг. Пасош), па Ве молам за искуства, каде би било подобро за работа, сместување, семеен живот и слично. Благодарам
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.080
    Допаѓања:
    49.087
    Пол:
    Женски
    Општо доста е голема разликата меѓу земјиве.
    И ваму и таму е добра живеачката.Надвор од Македонија секаде е подобро.На почетокот секаде е тешко да знаеш.
    @vitamina мислам беше во Uk можда може да ти помогне нешто.
    А за Аврстија не знам никој ни од овде нити па да живее таму.
    А лично ја би одела Австрија.Јесте дека зиме и пингвините паѓаат ама ем е поблиску ем е чист воздухот има планини природа ем во Британија со Брегзитов е хаос малце.
     
    На Taurus777 и vitamina им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Би ти препорачал првин да почекате до 31-ви октомври па тогаш да одлучувате. Зошто Велика Британија ќе ја напушти тогаш сигурно Европската Унија, со или без договор со ЕУ, поради позициите на Борис Џонсон.
    А ако нема договор Џонсон се закани дека ќе го укине исто така и правото на слободен престој во Велика Британија и за граѓаните од ЕУ.

    А, инаку ако мене ме прашаш, можам да ти кажам дека Виена на пример десетта година по ред е прогласуван за најдобар град за живеење во светот:

    https://www.independent.co.uk/trave...ranking-mercer-australia-europe-a8820396.html
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Ук би требало на 31 октомври да излегува од еу, без договор, веќе најавија дека ќе бидат потребни визи и за грагани со еу пасоши, да така дали ќе биде така како што најавија или ќе има друг договор не знам. Ама логично ако сопрат за секој поединец, фирма поготово или гигант визен режим и те како ќе паднат како крушки.
    Веќе се најавени повеќе од 100 фирми дека се селат во Холандија поради брегзит, фирмата на маж ми (гигант фирма) ќе останат на улица до 2021 ако не и порано.
    Тоа веќе е најавено и сигурно. Другиве роднини во Оксворд каде што работат во гигантот БМВ ми кажаа дека се во процрдура на преместување на фирмата во друга еу земја.

    Сепак, секој со среќата на крај, луѓе, никој не може да каже каде е подобро каде не е бидејки од мое лично искуство со повеќе селидби во повеќе еу држави ќе кажам сепак дека секаде е индивидуално како човек може да се снајде, каква му е среќата, дали се бори и колку се бори, али не е потребна само борбата за жал, има луѓе коишто им останувале 5 евра месечно на крај од месец па се издигнале на саиот врв и сега се одлично снајдени, има луѓе коишто од сам старт и се поклопуваат коцките и за работа и за сместување и за се, некои пак мака мачат и со години лупаат на различни врати.

    Зборот ми е, никој ама никој не може да каже ваму е подобро од таму или обратно, еве на пример јас не се пронајдов во ук али се пронајдов во италија, покрај фактот дека и знам перфект јазик па воопшто немав хендикеп тука, во анлија едноставно имаше работи кои што ме туркаа назад во било кое поле мада што на почеток беше одлично.
    Потоа дојде дете, а со детето сепак се апстинира некоја год сакал не сакал ти, тука пагаш малку..

    Дискутабилно е, бидејки и австрија и ук се добри држави. Е сега сметки и слично ко што сум рачунала јас секаде плус минус е тоа. Викав во ук плаќав кансел такс огромна сума, тука не плаќам ама плаќам затоа други работи и така.

    Факторот од борба па се до среќа е рилевантен за сите. Да така не би можела да кажам каде е подобро. Бидејки пример мои роднини се снајдени одлично во ук а на пример во австрија некој скрпува месец за месец, и обратно. Австрија печалат ук напикани ви една соба со мувла во некој лондонски кварт и пара се нема.

    Платите се ниски во ук а давачките преголеми. Потребно ти е и тука среќа да најдеш помеѓу малкуте добро платена работа за да појдеш напред, австрија не знам ама знам дека се печали и таму добро.

    Становите во ук едбособни варираат од град до град, самиот лондон кошта премногу над 1000 фунти кирија за стан, стан со мувла. Ама лондон носи повеќе работа.
    Ако одиш помал град што подалеку од лондон станот е помал ама работа слабо, и тоа што би можел да работиш платата е мала.

    Пак ќе кажам многу испливале на врвот, кој за 1 кој за 5 кој после 10 години кој никогаш ама тоа е генерално до самиот човек и неговиот живот, односно карактерот.

    Да така пробувајте според мене, па и ако треба повеќе држави да смените еве као моиве роднини, словенија, австрија на крај завршија во ук одлично.

    Јас од италија се селев во ук од ук во италија и така.
    Општо сакам ризик, адреналин, не се плашам да сменам, да се борам, да учам нови работи па и да менувам мапи.
    За мене тоа е задоволство.

    Може и јас утре ќе појдам Норвешка на пример, ама тоа е до човекот колку сака промени и колку не сака.
    Колку е подготвен да се бори и чекори цврсто низ животот, макар и да падне 10 пати.

    И да, ризикот многупати се исплати, некогаш и не али што не било и не поминало.
     
    На Dentina и Taurus777 им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Тие иселеници што живеат во Австрија знаат да се пожалат од национализам, а инаку останатото било добро велат.
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Па, искрено, најмногу стравувам поради незнаењето германски јаз., додека пак англискиот го познавам совршено, тука имаме мала кочница. Но ако се има желба може да се научи. Ви благодарам за споделените мислења и искуства, од корист се навистина. Поздрав
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Дали може да те контактирам или пиши ми во порака, сакам нешто да прашам, но гледам ограничен ти е профилот.
     
  8. petrolhead.

    petrolhead. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2020
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Österreich naravno.
    Придобивки: Земјата е членка на ЕУ
    Се вози од десна страна
    Нее далечна земја - има копнен превоз скоро секој втор ден, авионски исто.
    Има доста луѓе од балканов.
    Културна, развиена, чиста.
    Германскиот малце е потежок .
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто не пробате Холандија? Одлична земја според мене, а ич нема да имаш мака со англиски, зборат сите од старо до младо. Холандски ќе учиш напоредно, ама ќе се вклопиш веднаш со јазикот. Додека пак во Австрија не знам како стојат со англискиот, мислам ќе мора да се исфорсираш малку да научиш. Заминати сте, што бидна?
     
  10. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Не не сме, со коронава ни се искомплицира работата.
     
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    19.537
    Пол:
    Женски
    Како стојат во Австрија со англискиот јазик ???? Прозборете им англиски и ќе видете каков поглед ќе добиете,инаку знаат англиски но ќе ви враќаат секогаш на германски, ,високо интелегентен народ се , но нацисти!
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    23.383
    Пол:
    Женски
    Ее вака. Баба ми и дедо ми се во Австрија 51 година. Мајка ми тука е родена и порасната, јас исто. Сега си родив ќеркичка тука. Прво и основно МОРА да знаете Германски оти со Англиски ништо не правите. Ако имате образование кое е тука лесно прифатливо, Австрија е рај. Не се толку националисти како што ги прават ама мора да се прифати дека сепак ние сме вистина странци. Мирна држава е, културна, чиста. Држава која нуди многу за деца, образование, сигурна работа, 14 плати, добро породилно, добри пензии, мирен живот без некој да те замара. Австриците се културни луѓе, вредни и на помалите места многу љубезни. Виена е град кој не за џабе е прогласен четврта година по ред за најдобар. Селскиот туризам е ептен развиен, за викенд со деца на мала една мала промена.
    Јас не знам за живот надвор од Виена, моментално сум на релација Виена-Ск ради маж ми, навикната сум на овој живот и не би го менувала овај град за никој. Само како што кажав, ако имате диплома или добар прифатлив занат, да. Иначе верувајте тешко е за живот доколку немате големи примања, уствари месец за месец.
     
    На Justicija и Taurus777 им се допаѓа ова.
  13. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    9.193
    Лондон е скап, затоа мои пријатели се преселија во Бристол. Работат во Амазон и си купија куќа 200.000 фунти.
    Предност е што англискиот јазик е лесен, за Австрија, Германија, Швајцарија проблем е германскиот јазик.