Здраво на сите... Би сакала да сподели некоја мајка овде искуство со анемично дете. Откако син ми (7 години) се жалеше на главоболки,при проверка на крв се покажа дека железото му е 2 Тоа воопшто не се добри резултати,а се последица од лоша исхрана. Имено тој не е гладен,ама јаде 4 работи и толку, Имаме пробано со кавги,со разговор,со убедување со казни,ништо не помага! Буквално ништо. Имаме давано Б комплекс,имаме покачено апетит,но пак го јаде тоа што наумил. Навистина би Ви била благодарна доколку некој сподели искуство.
Хемоглобинот како му е? Матичен нели ви даде насоки? Сокови ако пие можеш цеден сок од цвекло со лимон морков јаболко да не се осеќа мн цвеклото вкусот. Месо црвено, спанаќ.....
Ни даде насоки,а тоа е итно подобрување на исхраната како најважно,а ни даде и терапија. Проблемот е што тој воопшто не сака да проба ништо ново
Син ми исто 7 год цело време е со ниско железо, дури еднаш му беше 1,5. Да јаде тоа што е добро за железото не успеав да го убедам. Овошје нејке да види, од зеленчук само краставица, сокови домашни никако, манџи јаде ама пак нема како да уфрлам тоа што треба. Со сируп успеваме да го качиме малку од малку. Еве последнава година е со железо 8, хемоглобон 110 и тоа ни е премија. Ама исто така млеко многу пие и мислам дека тоа најмногу му смета. Ако некој нашол начин како на инатливи даца да им протне здрава храна нека кажува.
Да го скратиш млекото. Воопшто да не пие. Нема друго чаре. Не купувајте, не давајте. Кога пие многу млеко, нормално дека нема да јаде ништо друго, млекото заситува многу, башка што премногу млеко може да е причина за анемијата. Кога ќе се тргне целосно, би требало да пројаде.
Што јаде? Ако успеете Семки од тиква, сончоглед, сусам, ленено можете такво нешто да вметнете ако јаде, ѓеврек, бадеми, лешници, ф'стак, кикирики, какао. Јаболко и банана од овошје
Цвеклото е многу добро, направи му како салата или во тегли како зимница и давај му почесто да јаде. Кај возрасни многу помага, сигурно и кај деца.
Можеш да пробаш со мелени семки од коприва. Мене тоа секогаш ми помага. Го редам како зачин во секое јадење кога имам проблем и нема вкус на ништо нема ни да примети.
За железо најдобар сируп се покажа малтофер. Го има само во Бугарија ама најди некој шофер да ти донесе. Син ми кога беше помал беше анемичен и му се качи од овој сируп многу брзо. Пред тоа испи неколку шишенца од еден сируп што се раствора, доста скап беше, заборавив како се вика. На мајка ми исто го качи од сирупов.
Флорадикс сируп.На природна база скроз,без адитиви,вештачки бои,без конзерванси е.Рибизла,морков,круша,алги,боровнуца..тоа му е составот. Инаку слабиот апетит може да доаѓа баш од анемијата.
Млекото и млечнитe производи не смее да бидат повеќе од 500 милилитри дневно. Над тоа сметаат во апсорпција на железото. Инаку месо, риба и јајца се добри зашто содржат железо кое веднаш може да се користи. Се што е растение богато со желези мора да се дава во комбинација со витамин Ц за да може да се трансформира растителното железо во облик што луѓето може да го користат. Мојот овошје јаде банана, јаболко и диња и евентулно капини. Затоа пиеме сите сабајле смути (и јас и маж и дете). Во смутито обавезно банана и или диња или јаболко и плус уште едно овошје. Имаме специјални чаши и сламки. Од свеж зеленчук јаде само краставица, манџи е навикнат секакви да јаде (иако се буни за џвакање месо па најчесто е мелено месото или се кременадли што за чудо ги јаде).
Да пробаш да му дадеш да јаде леќа и што повеќе месо. Иначе и син ми излезе сега анемичен, зошто последнава година месо во уста јок. Детето си јаде се од манџи и мелено месо. И со мм сега почнавме све од месо да даваме мелено, дур да се навикне на вкусот. Пилешко, свинско, говедско, све мелено во манџи. И колбаси доста сака да јаде. Можеш и ти вака да пробаш. Башка сируп Флорадикс му дадоа и имам домашен сок од капини, малини (што се полни со железо) и аронија.
Здраво мајки,не знам дали прашањево ми е за тука,сакам да ве прашам дали некој продава малтофер капки? Од жена што порачував веќе немала подолго време.