Анонимно пријавување семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од Nisam odavde, 19 март 2020.

  1. Nisam odavde

    Nisam odavde Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    Имам едно прашање со пријавување семејно насилство. Јас сум сведок на психичко насилство , колку што имам приметено нема физичко злоставување, кое се одвива кај мојата сосетка од друг влез и нејзините две деца. Мајката живее сама со децата, најстарото е машко со околу 9-10 години, додека ќерката е помала (6-8 години). Веќе некое време ги слушам како жената ги лечи нејзините комплекси на децата, им пишти и вика на цел глас на децата. Поготово малечката, која најчесто ја доведува до плачење, и многу ми паѓа жал да слушам како дете од толку рана возраст плаче и расте во такви нехумани околности. Воопшто не заслужила некој социопатски да пристапува кон неа. Повеќе пати ги слушам мајката и синот како се надвикуваат, и еднаш двапати го имам слушнато како синот и кажува дека е луда, некогаш па, го слушам како ја моли да го пушти. Денес при седење во мојата соба, бидејќи нашите ѕидови се прилично тенки, и повеќето што се зборува може да се слушне, ја слушнав мајката како почна да се заканува на ќерката дека ќе ја ,,задави" и после неколку минути на цел глас се издра и и' кажа дека ќе ја убие.

    Затоа ве апелирам сите, дали имате предлози на некои онлаин страници, апликации или телефонски линии каде ќе може анонимно да се пријави ова? Бидејќи не можам веќе да истрпам ваква социјална неправда? Фала на сите однапред.
     
  2. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.683
    Пол:
    Женски
    Снимај за да имаш докази и извести социјална служба не се многу разбирам како оде тоа за малтретирање на деца ама ако децата не се безбедни ке и ги одземат
     
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    23.390
    A како ќе снима?
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    26.064
    Пол:
    Женски
    Во полиција пријавуваш. Те молам пријави. Им викаш анонимно сакам да пријавам.
     
    На Wahnsinn, LivingGlam и Demiii им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.683
    Пол:
    Женски
    Па бучавата, бидејки тоа се деца можат да бидат изманипулирани од страна на мајката и да кажат дека нема никакво насилство
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.116
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може да добие тужба ако снима други. Ако грешам нека ме поправи некој. А верувај ми има техники кај кои децата сами ќе се издадат. Не мора тоа да се вербални. Кај децата невербално најчесто се открива и тоа многу!
     
    На Demiii, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    26.064
    Пол:
    Женски
    Да ги прегледа добар психијатар, мајката до утре може да манипулира.
     
  8. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.116
    Пол:
    Женски
    Имаше центар порано кај Универзална Сала, се сеќавам одев на пракса таму имаше цел тим на стручни лица кои работеа и со родителите и со децата посебно и се сеќавам по неколку пати доаѓаа и приказната испадна сосема спротивна на тоа што се прикажуваше во првите моменти, но знам дека не се откажаа додека не ја открија правата вистина. Но тоа беше оддамна моето искуство со тие центри беше само семестар и искрено не ми текнува точен број и име на центарот но знам дека се идеше од кај Че кафичот надоле по улицата и од лева страна се наоѓаше. Ако некој го знае името на центарот нека го пише, но верувам дека во било кој центар да пишеш или невладина што е поврзана со тоа дека ќе се вложат максимално. Исто да напоменам дека беше многу пријатна атмосферата, посебно за децата, но пак ќе кажам тоа беше оддамна и не знам дали е уште на истото место.
     
    Последна измена: 20 март 2020
  9. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Zagreota decata,kolku i da ne nerviraat i stvarno znaat da.ja preteraat nekogas...zakanata "ke te ubijam" ke te zadavam" e nesto sto nikako ne smee na dete da mu se kaze...
    Javise vo policija i vo centar za socijalna rabota.
    Sega i so situacijata vo drzavata neznam kako bi tecela rabota...
    No sig ke najdat resenie so socijalen rabotnik koj znae da raboti so deca.
    Ako ne drugoto barem neka stavi prst na glava dali e spremna da gi izgubi..Pobogu se e ludo veke vo mk!!!
     
  10. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    26.064
    Пол:
    Женски
    Национална мрежа против насилство врз жени и домашно насилство.
    Вака се потпишани на фб
     
  11. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.683
    Пол:
    Женски
    Жал ми е само што во нашата државичка се има веќе последните 3 4 години само нема строги мерки за семејно насилство, ги држат во притвор еден ден и што после уште полошо кога ке се врати нека и опнат казна 1000 2000 евра оштета на жртвата па ке се питаме тогаш дали ке има насилство исто тие жртви да имат и каде да одат да и се обезбеде сигурна работа и додека не се осамостале да и е платено се.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.116
    Пол:
    Женски
    Има "жртви" на семејно насилство кои сега живеат нормален, убав и исполнет живот, со добра работа и станбено решени благодарение на помошта која ја добиле. Со малку помош и ветер во грб може да се реши ситуацијата.

    (ОВА Е ПИШАНО ЗА ДА ГИ ПОТИКНЕ СИТЕ ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ, затоа што има надеж и има убави примери за луѓе кои се избориле ( кои мислеле немам покрив на глава, немам работа како ќе чувам деца или како сама ќе се справам и каде ќе одам) и затоа што тие самите не сакаат да се нарекуваат жртви затоа го пишав во наводници.) Олабавете со вашите фрустрации и ограничено размислување и барање повод за напаѓање. Ако вашите умови се извртени, мојот не е толку плиток да дојдам во тема за семејно насилство, а да не поддржам.
     
    Последна измена: 20 март 2020
  13. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    26.064
    Пол:
    Женски
    Не се потребни вакви коментари во темава.
    Никој не се збогатил од ова што го кажуваш.
    Ако е толку лесно, повели и ти направи го истото.
    Некој ќе се одврати да побара помош заради коментаров.
    Згора на се, женско си. Научете се поддршка да си давате.
    Ама стварно не ти е потребен коментаров
     
  14. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.116
    Пол:
    Женски
    Јас не разбирам што ти е проблемот на тебе. Поголема поддршка од ова нема. Тоа значи дека секој може да побара помош, да не мисли дека е крај на светот и дека никогаш нема да се спаси од насилник. Обиди се да сфатиш што пишува некој пред да напаѓаш. И да имам пријателки кои успеале да се изборат и се станбено решени благодарение на работата што ја добиле и имаат здрави прави деца. Во наводници беше ставено жртви затоа што за мене се борци, а не жртви. Не се губи. Срам да ти е. Во се бараш нешто негативно за да истресеш фрустрации. Да повелам за што?

    Уствари сфатив, те нервира фактот што те игнорирам па не бираш средства за да ми се закачиш. Жено форум е, не си сфаќај се лично, олабави се. Тука сме да си помогнеме не да ми се пецаш на секој пост и да правиш сценарија нијеседесило. Океј е.
     
    Последна измена: 20 март 2020
    На Yowannty, *Amethyst*, Maša8 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    23.390
    Во случајов се работи за деца. Не можат сами да се обратат негде, не можат да побараат помош или да си ги земат парталите и да си излезат. Се надевам дека има такви кои ќе ги отргнат дечињата, без ставот дека родител само добро ти мисли.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.116
    Пол:
    Женски
    Центрите ги повикуваат и децата и двата родители во различни термини и по подолго следење , разговори и пријатна атмосфера и низа на техники кои ги имаат прават профили и одлучуваат децата со кого да бидат, па дури и бабата и дедото ако прифатат. И нудат помош или шанса за да помогнат на оној кој му треба за да се грижи, доколку нема работа или не е станбено обезбеден. Барем така беше тогаш.
     
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    23.390
    Океј тоа. Зборот ми беше дека детето што трпи насилство не може само да почне од негде. Некој треба да дознае за насилството па да го повика и да му помогне.
     
    На Mami3 и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.683
    Пол:
    Женски
    Јас сум реалист нити сум ограничена далеку од тоа ти тука напаѓаш ја само реалната ситуација ја пишувам. Колку случаеви има леже цела ноќ во притвор дојде испоубие се по дома и што тоа ли е заштита. Дедо ми беше насилен спрема баба ми пред некоја год викнавме полиција и знаеш што ни кажаа? Извинете ама немаме некој голем закон за ова решете си сами џабе човекот ке преноќува во притвор кога може се со зборови да ре реше. Гледај реално никој не е ограничен ниту напаѓа да имаат жртвите поголема заштита ке биде жртва еден во 100 а не еден во 5
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.116
    Пол:
    Женски
    Не беше тоа во заградата за тебе. Извини ако мислеше дека е за тебе. Затоа и го одделив.

    Точно дека нема подобар закон, но има забрана за приоѓање има посебни домови каде што се сместува семејството додека не се среди ситуацијата. Знам дека не е доволно регулирано, но навистина се трудат да помогнат колку можат и навистина има жени и деца кои навистина живеат достоен живот, после хоророт.
     
  20. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.683
    Пол:
    Женски
    Девојче по пишувањето се осеќа дека ти си со фрустрации а и да додадам да има многу кои се спасиле од семејно насилство ама на тие што имаат пари од родителите и имаат убава работа а жена без еден ден работно искуство и со сиромашно семејство и со три деца многу тешко излегува од тие матни води значи нема заштита многу јака за да го намали или спречи насилството
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.