1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анонимус

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 13 февруари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    жива глупост..
     
  3. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ја искрено многу ги почитувам дечките..

    Прво заради интелeгенцијата ( не е мала работа да си хакер ).
    Второ заради храброста, CIA, FBI, Interpol.. Не е мала работа.
    Трето затоа што несебично нашле начин да го искористат тоа што го знаат и умеат.
    Затоа што не е тоа пет минути работа, тоа е многу време, многу време, знаење и труд вложено во нешто.. И тоа за што? Не за нив. За нас.

    Некој ќе рече дека се глупост, некој ќе плука по нив, затоа што подобро е да седиш како овца ( никаква лична навреда од компарацијава ) и да играш како што ќе ти свират, отколку да видиш што се случува околу тебе и над тебе, затоа што сите мислат дека тие работи нив не ги засегаат. Ама еве се најде некој доволно изреволтиран да реши да му ги отвори очите на народот. Или подобро кажано, се тоа што сите го знаат, гласно да го каже.

    Не знам, јас редовно им ги следам видеата на јутјуб и се што има по страниве за нив, и мене искрено добар впечаток ми имаат оставено.
     
    На Jenniffer, calliope, pink4ever и 9 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Конкретно за видео линкот: Ако позади тоа навистина стојат анонимусите, тогаш го згрешиле народот. 90% од македонците и те како прават разлика во поглед на националност, пол и други работи... инаку самиот факт што позади човечето го ставиле македонското знаеме веќе ги издава дека не се вистинските анонимуси, ако ги погледнете нивните видеа низ јутјуб ќе видите дека и при обраќање до американците немаа ставено американско знаме.
     
  5. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Ова ми личи дека се истите дечки што го организираа Occupy Wall Street. И на нив главната парола им гласи "We're 99%" као демек наспроти тие 1% во кои е сконцентрирано целото богатство. Се борат против сиромаштијата и алчноста во глобализираниов свет. Истите се. Само изгледа не беа може доволно поддржани на протестите т.е. не успеаа да направат некои радикални промени, па сега решија да го искористат сајбер просторот за да плашат мали деца. :emo:
     
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    ^ Извини, ама да го бутеш сајтот на ЦИА, Интерпол и сл. не е работа за плашење мали деца воопшто. За плашење на големи чичковци е работата.

    Јас ги респектирам Анонимниве. Ми се свиѓаат нивните ставови, каузите за кои се борат.
    И храброста. Не е мала работа, зафрканција да хакираш таков сервер. Умни се и тоа многу.

    we are anonymous.
    we are a legion.
    we do not forgive.
    we do not forget.
    expect us. :up:
     
    На Gordana10 и Grunge им се допаѓа ова.
  7. Dijana-didy

    Dijana-didy Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    ТОА ВИДЕО НА Е ОД АНОНИМУС, ТОА Е ОД НЕКОЈ ДЕЧКИ ВЛЕЗЕНИ ФО ФИЛМ! :D :D :D :D :D
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    А што има врска тоа кој го направил видеото? Поентата не е дечките кои хакнале некои страни кои не се за хакнување без затвор ако те најдат, лично сами да направат видео па ајде сите да му стават лајк на тоа видео, или пак да го дебатираат колку е „веродостојно„ додека всушност ја губат целата поента, поддршката кон луѓето што се борат за многу нешта за кои некој само ќе се сили или прави паметен зад затворена врата, зошто и нему му пречат тие нешта, ама всушност само лае и ништо не прави за тоа(уште полошо да не ги ниту согледува), па утре некој друг му е крив што тој друг или трет не превземал ништо.
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Same here, видеата им се неповторливи и моќни особено музиката ми го крева адреналинот, се чувствувам како светот да добил ангел чувар, што се однесува до мозокот СЕКОЈА ЧЕСТ! :up: :up: :up: :up:
     
  10. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Едно да се разбериме, хакери се луѓе со добра намера, а кракери со лоша. Има многу особи кои можат да се наречат себеси хакери, а прават повеке проблеми во општешството(вируси, тројанци итн.), мене лично Анонимусите не ми личат на нешто такво, значи пробија многу сервери, а никој не се пожали дека фали податок од некаде?
    Дечкиве се легенда и навистина протестираат за арно. Некој ке рече 'Вакви се, накви се' затоа што сакаат да го кутнат фејсбук. Па нормално дека сакаат кога ФБИ има целосен пристап до фејсбук и дневно целосно проверувале околку 500.000 профили, значи ние немаме никаква приватност. За 5 години Марк Цукерберг го направи тоа што ФБИ неможеле 50 години.
    Анонимусите се едноставно кажано ИДЕА против АКТА која сака да стави крај на пиратеријата, а досегашните сервери што се кутнати се на сојузи кои застанале од страна на АКТА.
    За да нападниш еден сервер како што е на ФБИ и ЦИА, а да не ти ја фатат IP адрасата и да неможат да го исчистат гласот на видеата што се поставени(што за ФБИ е 'гола вода') не е мала работа треба да си програмер со тапија, секоа чест!.
    Пред некој ден дискутиравме со другарите за ова и ми кажаа дека пред некоја година некој Битолчанец од чиста разонода се пробил во сајтот на ЦИА, ама ништо повеке не чепнал и за два дена SWAT му тропнале на врата и го транспортирале во Америка, а сега ни трага ни глас однего. Што мислите каде завршил? Најпознатите хакери во светот завршиле во најпосакуваните фирми во светот. Кевин Пулсен работи за ФБИ во одделот за интернет, Роберт Морис како професор на МИТ Универзитет за компјутерски науки, Омега Икс сега забори за ЦИА. Што значи и да ги фатат не ги чека ништо лошо, баш ке го видат рајот(посебно Викиликс, им требаат вакви умни глави). Покрај рушењето на серверите на ЦИА, ФБИ, Интерпол, Викиликс, страните на Хрватскиот и Чешкиот претседател на мета била Грција. Се заканиле на Грчката влада дека доколку продолжат протестите ке ја срушат цела интернет мрежа во Грција и ке помогнат да банкротира. Го чекам моментот.
    И уште нешто за овој линкот во првото мислење.
    Апла се слуша дека гласот е правен преку гугл транлејт, затоа што има многу граматички грешки на извиците. Ама како и дае пораката е добра, дава малку надеж.
     
    На starbucks, Hipica, Fallin-ForHisSmile и 2 други им се допаѓа ова.
  11. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Преводот на видеото не им е баш како што треба.
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Не можев ова само да не го забележам...
    Секој (добар) хакер знае да кракува, но не секој кракер знае да хакнува (макар најобичен, незаштитен сајт), сепак никогаш не можеш да кажеш овие имаат добра намера, а другиве лоша. Всушност, хакерот со неговото познавање може да нанесе штета директно на серверите од n пати поголем размер отколку обичен кракер чиј наголем подвиг е кракување на админ пасворд со помош на Bruteforce од обична веб страна, со необновена заштита од Титово време и менување позадина у стилу „Ја сам најја4и (х)акер. Потпис: 4@L@m“ и патриотска слика.
    Добри или лоши намери и хакнување нема, секогаш е лошо и секогаш нарушува нечија приватност. Без разлика колку истото ќе помогне некому, на друг истовремено му одмага. Но на хакерите останува дали знаењето ќе го искористат за лоши или помалку лоши цели.
    Безопасен „вирус“ и јас во ноутпад знам да направам, компјутерот ќе го детектира како вирус, но нема јас да наштетам никому, ниту пак ќе бидам кракер/хакер поради „упадот.“
    Анонимус да, од една страна не се тип што наштетуваат. Но не ни наштетуваат нам, на обичниот народ. Од друга страна, наштетуваат на друг народ, на класата што владее. Кога да видиш, пак прават штета некому, но тоа е заслужена штета, тие само го прават она кое „владетелите“ ни го прават нам.


    Инаку видеото мислам некаде прочитав дека е направено од наши дечки од Скопје (Кисела Вода или Карпош мислам.) Има и тук-таму ситни граматички грешки, а интонацијата јасно дека нема да е правилна, никој не е будала својот глас да го сними. Мајкрософт Сем и завршена работа. :D

    Како и да е, одамна ни требаа вакви и огромно браво за храброста и знаењето на Анонимусите. За почит е тоа што некој има муда да се оддвои од трлото и да се спротистави во име на сите оние кои ја немаат моќта.
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се согласувам потполно, секоја им чест, се гледа дека се премногу интелегенти и храбри да се соочат со големциве :clap: а секако дека е за почит.Би сакала да ги средат големциве, тие над Америка што се, ги средат ли и тие, после лесна им е работата :D откако ги средија ЦИА, ФБИ, потребно е некој да им се спротивстави, па барем и на ваков начин, затоа што доста беа ти што правеа/ат секакви збунки во светов, впрочем сите војни што ги направиле, ги направиле за пари, ништо друго.Само слушнав дека некој од анонимниве имаат фатено :?: мислам дека во Шпанија ги фатиле :?: и сега другиве возвраќаат ударот, опасни се :D Тоа е доброто против злото на сцена.
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Се чудам како нашите не ја спомнуваат АКТА очигледно не им е сеедно некој да им го урне системот, само чекам некој од нив да ја изусти да видам како ќе реагираат Анонимуси, се надевам ќе приредат добар шоупрограм. :rofl:
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    А кои се АКТА? Хакери ли? Оти првпат слушам за нив :wasntme: па некако не ми е јасно.Им се воодушевувам на анонимусиве, ги биват :D нека ги средат големиве, време е :D :wasntme:
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    АКТА е европскиот закон за цензура на интернетот еднаков на ПИПА И СОПА против кој и се борат анонимусите, имено АКТА само што беше спомнат од Јосипович веќе ноќта анонимуси се огласија, односно го срушија претседателскиот сајт :lol: , ама пак го изгласаа мислам.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Аха, да знам дека го срушија, па знаат нашиве за анонимусиве, па затоа мудро молчат :D Стварно се чудам како успеваат во овие работи Анонимусиве :^) ептен се стручни :D
     
  18. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    RENEMBER RENEMBER THE MASK OF DECEMBER !! 8)
    тоа ќе кажам само.. ..да не полемиризирам многу 8)
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Добар текст кој ги објаснува правните последици од евентуалното усвојување на АКТА договорот, нешто против кои протестираат анонимусите.

    [​IMG]

    линк: Опасните правни последици од АКТА
     
  20. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Може некој поубаво да објасни што е АКТА? :)