1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анорексија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RainBow, 27 март 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.998
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    Какво е вашето размислување за оваа болест?
    Една моја другарка има големо пореметување во исхраната.Преслаба е, ништо не јаде, а и кога ќе изеде нешто и станува тешко и повраќа, бидејќи не може да ја задржи храната во организмот, што преминува во булимија.Девојчето баш прееска ме загрижи. Јадела денеска нешто и одма го поврати. Почна да и станува тешко, да и се лоши и не можеше да го задржи јадењето. И после почна да плаче, зашто мислам дека полека се соочува со тоа дека има проблем.
    А не знам како да и помогнам...
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    509
    Сонце не можеш ти да и помогнеш, мислам дека тука може да делува само стручна помош...
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.998
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека стручна помош ќе побара кога нема да има сила повеќе да се движи. И зборувам нон стоп барем по неколку залчиња дневно да каснува малку по малку да и се навикне организмот. Ама не може и тоа. И мирисала храната. Најлошо е што мајка и не е со неа барем малку да ја контролира...
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    мајко мила :? ништо не прави без стручна помош. Собери ја и носија на лекар. Ако не сака така како што си и рекла по малце, тогаш мора на лекар. Сепак не е играчка ова.
     
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    509
    Ако не сака да оди на лекар, барем нека пие витамини (Дуовит за женски) белки ќе и се отвори апетитот и ќе почне да јаде по малку... Кога ќе почне да јаде, купи цвекло, направи салата и викни ја, нека ја зајакни малку крвта... можам да претпоставам колку и е слаба...
     
  6. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    edna moja drugarka mozese da povrati koga ke posaka...slaba slaba najslaba...i normalno zavrsi dve tri nedeli vo bolnica na infuzii. ili neka odi na lekar...ili neka pocne sama malce po malce da jade.neka vidi sto ne i go iritira zeludnikot. neka se dvizi. neka jade poveke pati po malku. neka ne se prejaduva. neka pie jogur da ja podovri florata na zeludnikot. od tolku povrakanje sigurno e iritirana.
    ne bi da te plasam....ama so povrakanje moze da si napravi problemi so zeludnikot. zeludnikot si laci kiselina postojano. ako nema hrana vo nego si ja razjaduva sluzokozata-ke se razvie gastritis, nedaj boze nesto poseriozno...
    informiraj ne kako e vazi?
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.998
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    Лелееее 100 пати сум и рекла да јаде малку по малку, ама нема ефект тоа. А јогурт не може ни да смисли. Се мислев да и се јавам на мајка и да и кажам, па она да направи нешто. Не е со неа моментално сама е дома. Знам какви проблеми може да и се направат,затоа и ја мислам нон стоп. Ќе ве информирам и фала ви на советите :)
     
  8. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    RainBow, ова е гоооолем проблем и мораш да го сфатиш така! Сум имала искуство со оваа болест, братучетка ми се разболе пред неколку години, едвај сме ја спасиле!!! Мора да го исечете во корен! Реагирај како знаеш, носи ја на лекар, сакала нејќела... Навистина е озбилно... Те чекаме со нови информации...
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    mene postojano mi vikaat deka ako prodolzam so nejadenje ke stignam do ovoj stepen :( ama ne mi se jade sto da pravam :( nemam nekoj golem apetit :(
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.998
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    Леле бре 2468 зошто вакви работи? И тебе ли да те мислам сега?
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ama ne mi se slucilo do sega vakvo nesto kako na drugarka ti :( retko jadam ama ne mi se slosilo od jadenjeto :) inaku pobarajte sovet od doktor odnesi ja ti, ne mora nejzinite da znaat seuste... ako e pocetna faza ke pomine :up: ama ako e navlezena nesto znaes deka mozat da dojdat do po golemi prob :(
    zatoa drugarka ti pod raka i pravo na doktor :) saka neke vleci ja :D
     
  12. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    102
    Ако е навлезена длабоко ќе почнат органите да и откажуваат сами по себе знам од лично искуство.На почетокот е само психичка болест но потоа е физичка и колку и да се трудиш да јадеш организмот сам ја отфрла храната.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.686
    Допаѓања:
    241.508
    Ovaa e veke seriozno.Zboruvam od iskustvo,bidejki i samata pominuvav niz istoto,no za razlika od drugarka ti jas ostanav samo na pocetna faza.Toa se sluci pred edno 4 godini,bev seuste srednoskolka.Imav okolu 53 kg i mozam da kazam deka imav idealna tezina,ne mi falese nisto no ete jas se mislev deka sum debela a jas bev slaba.Toa me dovede da pocnam da jadam se ama posle da povrakam.Najprvo zeludnikot mi reagirase na sekakva hrana pa duri i na smoki i mnogu cesto odev vo wc,vo mene nisto ne se zadrzuvase i non-stop bev gladna.Bev iscrpena.Posle toa pocnav da si go butam prstot vo usta i pocnav da povrakam.Eden den sto bev tolku veke iscrpena edvaj stignah do doma.No za golema sreka navreme reagira majka mi i me odnese pravo na lekar.Golema sreka sto seto toa bese na pocetok bidejki mozese da mi se osteti srceto itn.Nejkam ni da pomislam.Mi dadoa terapija,majka mi non-stop me kontrolirase,sama nikako ne odev vo wc i se razbira ako ne se otkazav nemase ni da me pustat na fakultet,bidejki bez nivna tamu kontrola ne znam sto se mozese da se sluci.Ne velam deka ne bese tesko,bese,no sega sum svesna sto pravev togas i deka se bilo zaludno.Posle terapijata pocnav da se popravam,jadev mnogu i se zdebeliv.E togas bev debela,a ne kako sto prethodno si nabiv nekoi kompleksi.No ne ja napraviv istata greska.Sega iako imav viskok kg ne go butnav prstot vo ustata.Sega eve se macam so dieti,menam nacin na ishrana no barem znam deka nema da zaglavam pak so bulimija.Inaku pokraj silna volja,upornost i pred se hrabrost mora ama mora drugarkati da poseti lekar t.e da potnciram psihijatar.Ete jas stignav do tamu i tamu se izleciv.Toa e povrzano so psihata no za zal posledicite se odrazuvat fizicki i se mnogu strasni i bolni.Reagirajte sto pobrzo.Ako treba kazi ja na majka i,pa mene drugarkite me kontroliraa na izleguvanje.Mora itno da se reagira,veruvaj ti pisam od iskustvo,bidejki samata minav niz toa i znam kako e.Pozz
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас на пример секогаш сум мислела дека сум дебела , дека никој не ме сака ради тоа, а замислете еден период имав 47 кг но тоа беше дека имав алергија па морав на диета. Но за да слабеам никогаш не сум држела диета.
    Прво пред се мора сам на себе да признаеш дека имаш проблем. Прво што прави мојата мајка е тоа што ме тера да јадам овошје. за да бидам и витка и здрава. Ми се случува и мене да не јадам по цел ден, па мама знае да ми каже ако веке не јадеш асално јадење јади барем зеленчук,,, значи мора али МОРА да се внесува нешто...
    И не е само овој проблем..оваа болест ке си повлече и друга болест..Затоа мора да се спречи. Нема тука што многу да се фолозофира, мора на доктор како што веќе кажавме сите.
    Или пак ти напрај муабет со некој лекар, како да и помогнеш , како да ја убедиш да појде на лекар.
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    Штом е стигната до ова мора да има некој проблем што ја мачи подолго време...Психата е лоша работа..Разговарај со неа како се осеќа,дали нешто многу ја мачи..па да дојдете до тоа да ти каже и да се дојде до причината зошто дошло до овој проблем.И некако да се натера да оди на доктор под хитно..Сериозна работа е.
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.981
    Допаѓања:
    135.381
    Леле Рејнбоу одма јави и се на макја и. Девојчето мора да се консултира со психијатар под итно. Колку сака нека се лути, еден ден ќе и стане јасно дека живот си и спасила.
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.686
    Допаѓања:
    241.508
    Taka e,se soglasuvam so Ariel,napisav i gore deka mora pod itno da i kazes na majka i.Za nejno dobro e toa.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.998
    Допаѓања:
    66.478
    Пол:
    Женски
    И реков дека ќе и се јавам на мајка и да ја известам за нејзината состојба и почна да ми плаче и да ме моли да не и кажувам. Па срцето ми се кине кога ја гледам таква :( И реков дека пред мене лично ќе става понеколку залчиња секој ден и ако продолжи вака, не на мајка и туку директно на лекар ја носам. Ми вети дека ќе почне малку по малку, ама ми е страв само да не испадне она наркоманското нема повеќе и да си продолжи пак по старо. Ама еве ќе и дадам шанса да се поправи. Може сепак не е до толку работава. Е после тоа си знам што ќе правам. Фала ви девојки најмногу на грижата.
     
  19. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова.Анорексијата е болест што најпрво започнува на психолошка основа,значи мора нешто да ја натерало,да ја приморува или да ја инспирирало на ова.Пореметувањето во исхраната е манифестација на психолошкиот момент што и се случува или и се случил.Секогаш заболениот со анорексијата се труди да се постигне нешто,никогаш не е тоа туку така.
    Имам поминато низ вакво искуство и знам и сум сигурна дека борбата да се надмине ваквата состојба е многу тешка,понекогаш за жал е и фатална и неизлечива,а понекогаш цел живот има поблаги или посериозни форми на рецидиви.И никогаш не помагаат муабети од типот мора да јадеш,ќе се разболиш,ќе ти откажат органите или ќе ти ослаби крвта,бла бла бла...Како што реков проблемот има подлабока психолошка основа и атму треба да се бара решението,во откривањето на вистинската причина и тоа што порано тоа подобро.
    Ви посакувам среќа :up: ,навистина ќе ви треба.
     
  20. srnicka.milicka

    srnicka.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Nemoj da cekas ustee, kako ne e seriozna koga e mnogu seriozna rabotata. Pod itno kazi i na majka i, ti i da ja nateras da odi na lekar ne e toa toa, sepak nejzinite roditeli treba da znaat, t.e. moraat da znaat. Iako ti place i te moli poditno javuvaj se na majka i neka doaga kaj i da e i na lekar da ja odnese. Sega ke ti place i ke ti se luti ama eden den mnogu ke ti bide blagodarna. Nemoj da cekas nema da se popravi samo moze da se vlosi situacijata i posle da bide kasno za nekoi raboti. Ako tolku ti e tesko da i kazes deka ke i se javis na majka i togas ne i kazuvaj, javi i se bez da znae, neka dojdat nejzinite zosto ti nikogas nemozes da imas tolku silno vlijanie vrz nejze za da pocne da jade kolku sto oni mozat da imaat.
    pozz i sekoe dobro pa pisi kako e