Со оглед на фактот дека вирусот најмногу влијае на снабденоста на организмот со кислород, а антиоксидансите се главно насочени кон намалување на штетните влијанија на кислородот, т.е. оксидацијата, може ли некој постручен да објасни дали има некоја врска, позитивна или негативна.
Како влијае вирусот на снабденоста со кислород? Чек да пробам повикај пријател- @Larson ти фино објаснуваше. Јас само гужва праам, да добие видливост темата, ама секое можно решение ме интересира
Па влијае на тој начин што предизвикува пневмонија и нормално намалена е размената на гасови, а влијае и на еритроцитите така што ги уништува а тие се тие што го пренесуваат кислородот низ организмот. Затоа при инфекција со ковид често LDH е покачена поради тоа што тој е интраклеточен ензим и се ослободува при уништување на клетките.На организмот му требаат неколку денови за да почне да создавање еритроцити но во случаи кога сатурацијата е премногу ниска пропратено со бура од цитокини органите откажуваат пред да се нормализира состојбата.
Мхм, тоа со еритроцитите и општо крвните промени звучи познато. А антиоксидансите немаат баш врска, или би можеле да имаат? Мислам тема слободно мислење, ти има смисла или не баш?
Звучи познато бидејќи нели кога правиме к.с обавезно забележуваме ниво на еритроцити и железо во крвта.Епа еретроцитите се оние што го спроведуваат кислородот бидејќи се сврзува со железото Полаички да кажам и јас хехе, затоа доста често оние кои имаат анемија лесно се заморуваат и задишуваат. А антиоксидансите се супер.Јас секој ден внесувам преку некој зеленчук/овошје, плус пијам 500мг Витамин Ц. Мене бар не ми штетат, сѐ додека витанините се внесуваат со осет, да не дојде до хипервитаминоза. Мислам дека уопште не штетат, плус помагаат да се спречи ширењето на радикалите.
Не влијае само на снабденоста со кислород и капацитетот на белите дробови. Кој ви рекол дека примарно влијае само на овие органи? Влијае и на крвта, имунитетот, ендокриниот систем. Кај сите има различни тригери. Рeспираторниот фактор е overrated.
Дали антиоксидансите влијаат позитивно на оние кои имаат корона или негативно? Дали оние кои земаат повеќе антиоксиданси полесно се заразуваат или потешко? Има ли вакви студии?
Имало дури една, од Нигерија https://journals.sagepub.com/doi/full/10.1177/2050312121991246 Спојлер: спојлер
Кажува дека при ковид некои витамини, ензими, минерали во организмот може да бидат со намалена вредност поради тоа што тие се вклучени во елиминирањето на штетните ефекти на вирусот, како што се слободните радикали. Иначе при ковид океј е да се земаат поголеми количини од антиоксидансите додека кога се потполно здрави нема потреба да се пумпаме со витамини и минерали. Еве пример за витамин Ц, кога сме здрави колку и да примаме витамин Ц организмот ќе го искористи онолку колку што му е потребно, а се друго ќе го исфрли преку урината.
Па логично би било да влијаат позитивно бидејќи антиоксидансите се спротивставуваат на штетното дејство на слободните радикали(инаку кислородот за кој збориш не е оној кој ни е потребен туку со изменета форма)кои можат да ја нарушат функцијата на мембраните на клетките.Затоа е битно константно да се внесува храна што е богата со антиоксиданси, а не само додека човек е болен. Дали има студии не знам, инаку од кај ти текна на прашањево?
Како од кај ми текна, па од името. Антиоксиданси се против оксидација, поврзана со кислородот. Тоа дека едниот со другиот не биле исти, е тоа не ми е баш најјасно. А и начинот на кој делуваат не ми е јасен, затоа прашувам. Дали го спречуваат во некоја форма кислородот да оксидира или како?
Епа слободни радикали се соединенија што им фали електрон(т.е имаат еден или повеќе неспарени електрони па им фалат за да бидат стабилни)па многу се реактивни и влегуваат во различни хемиски реакции што може да ги оштети нормалните протеини, масти, днк итн.Доколку и кислородот е во таква форма, ќе стане штетен за клетките(на пр. наместо O2, O2- или OH). Овие нормално се произведуваат во телото како резултат на внатрешни процеси, ама може и од надворешни фактори(загадување).Антиоксидансите се сврзуваат со овие радикали(поточно донираат електрон) и на тој начин ги неутрализираат, значи спречуваат да се уништуваат клетките.
Одиме натаму. Значи, постои шанса, вакви слободни радикали да се насочат само кон мастите и да се предизвика нивно уништување, во насока за слабеење?
Мене не ми е јасно што сака да каже авторот во темава, ако може да објасни за да знаеме конкретно за што да дебатираме.
Ако е темава во склад со нејзиниот наслов, супер. Пишував прошлата недела на темава во другите теми. Може досадна сум што ќе се повторувам. Читав дека флавоноидите кои имаат анитоксидативно дејство се инхибитори за ковидот. Нив ги има во изобилство во растенијата. Овошје, зеленчук, зрна, цветови, корени, чаеви. Пред една година речиси и да неможев да најдам студија за темава, но сега се повеќе наоѓам. Во суштина, најлаички кажано, флавоноидите не му дозволуваат на вирусот да се намножи во организмот. По овие сознанија се размислува за тоа да се направи терапија, која откако помине потребна контрола, ќе се користи во третманот на ковидот. Очекувајте значи биг фарма да извади некој ап со флавоноиди како лек за ковид. Додека да се случи тоа, а и да се случи, знаеме дека од природното нема боље. Значи наместо вештачки сокови цедете лимони, портокалки, цитрони, пијте зелен чај, какао, кафе, црно вино. Наместо процесирана храна, грицки и слаткиши, јадете боровинки, јагоди, брусници, јаболка, црвена зелка, брокула, магдонос, нане, камилица, целер, кромид, црна чоколада, црно грозје, цитрусни овошја. Флавоноидите намалуваат ризик од дијабетес тип 2, штитат од срцев удар, го регулираат крвниот притисок и помагаат во борбата со канцерот. @brazilia што се однесува до слабеењето, ова не е магичен зачин, па ако го ставиш врз хамбургер со помфрит магично ќе те ослаби. За да ослабиш треба да смениш многу работи во животниот стил, храната е само една. Верувам дека човек да се насочи на овие состојки да ги конзумира што повеќе и на уште еден куп други со антиинфламаторно дејство, сигурно нема да му штети и ќе му помогне во слабеењето, ама не е само тоа доволно.