Продукти кои се препорачуваат: Ø Зеленчук (најдобро свеж или варен) Ø Овошје (свежо или овошни сокови) Ø Салати (зачинети со чисто растително масло и оцет или лимонов сок) Ø Сокови од зеленчук (свежи) Ø Јајца (варени или пржени на растително масло) Ø Јогурт (може и со додатно овошје или мусли) Ø Млеко (обезмастено) Ø Месо, риба, животинско месо (варено или печено без маснотии и кожа) Ø 8 - 10 чаши вода дневно (1,5 - 2 литра) Ø Сушен пивски квасец (две лажички во овошен сок 15 минути по јадењето) Пример за неделно мени: 1. Ден Ø Појадок: јогурт или кисело млеко, кравјо сирење, црн леб Ø Ужина: овошје или овешен сок Ø Ручек: зелје и компир салата со печена риба, црн леб Ø Ужина: Овошје или овошен сок Ø Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб 2. Ден Ø Појадок: млеко, мусли Ø Ужина: сладолед Ø Ручек: зелка со месо, цвекло, црн леб Ø Ужина: бело кафе Ø Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб 3. Ден Ø Појадок: сок од моркови, црн леб Ø Ужина: семки од сончоглед Ø Ручек: карфиол, пилешко месо, салата, црн леб Ø Ужина: овошје или овошен сок Ø Вечера: јогурт, кравјо сирење, салата, црн леб 4. Ден Ø Појадок: млеко, мусли Ø Ужина: крофна Ø Ручек: говедска супа, морков и компири варени, салата, црн леб Ø Ужина: сок од зеленчук Ø Вечера: црн леб, маргарин, џем, чај 5. Ден Ø Појадок: млеко, маргарин, џем, црн леб Ø Ужина: овошје Ø Ручек: грашок, салата, црн леб Ø Ужина: сок од овошје или зеленчук Ø Вечера: варен зеленчук, риба, салата, црн леб 6. Ден Ø Појадок: сок од овошје или зеленчук, печено лебче, кравјо сирење Ø Ужина: овошна салата Ø Ручек: шницли од соја, спанаќ со компири, салата, црн леб Ø Ужина: палачинка Ø Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб 7. Ден Ø Појадок: млеко, сирење, црн леб Ø Ужина: салата од домати или сок од домати Ø Ручек: џигер, пире, салата Ø Ужина: палачинка Ø Вечера: варен зеленчук, месо, салата, црн леб Совети: Ø никогаш не јадете брзо; Ø јадете секогаш во исто време, така желудникот најдобро функционира; Ø можете сами да правите дневни или неделни менија, се разбира со продукти кои се препорачуваат во оваа диета; Ø масирање на местата со целулит; Ø вежбање; Ø пливање; Ø прошетка во природа Избегнувајте: колбаси, салами, грицки, месо во пресол, масни и солени сирења, пржена храна, газирани пијалоци, павлака, виршли, готови супи, зачини и зачинети јадења, многу кафе.
Азиската исхрана богата со здрави состојки, каде освен оризот на секојдневното мени се наоѓа разновидно овошје и зеленчук, е главниот борец против килограмите. Дали знаевте дека азиските жени немаат проблем со целулитот? Тајната лежи токму во исхраната, а доколку сакате да ја пробате азиската диета бидете подготвени на вкусна исхрана и богати оброци од кои нема да ви здосади. Кај азиската диета не е важно колку јадете, туку што јадете на дневна, неделна и месечна основа. Оваа диета е многу здрава, а ако бидете дисциплинирани можете да очекувате неверојатни резултати. Секојдневно мени Оризот е главна житарица и се наоѓа на секојдневното мени. Но, оризот секогаш можете да го замените со нешто друго, на пример со интегрални тестенини, пченка или интегрален леб (во помали количини). На дневното мени се наоѓа и разновиден зеленчук и тоа во големи количини. Акцентот се става на морковите, зелката, марулата, спанаќот, кељот, кромидот и лукот. Азијците главно јадат свежа салата со оцет и масло, но понекогаш истата таа салата ја варат. За овошјето не треба посебно да зборуваме бидејќи сите добро ја знаеме неговата важност. Јадете разновидно овошје кое и да ви дојде на памет. Сојата и оревите се многу здрави и корисни, па поради тоа можете да ги консумирате на дневна основа. Истото важи и за рибата и за млечните производи, од кои ги издвојуваме јогуртот, свежото сирење и пробиотиците. Еднаш неделно Оброците на неделна основа се поврзани со слатките. Доколку посакате благо, тогаш изедете некое овошје, мед и ореви. Препораката е да се јаде темно чоколадо со 75 отсто какао. Истото вреди и за месото и јајцата. Направете вкусен ручек од пилешко или мисиркино месо во комбинација со овошје и ориз. Еднаш месечно Црвеното месо ретко се консумира во азиската исхрана. Телешкото, говедското, а особено свинското месо треба поретко да се консумираат. Ваквиот начин на исхрана се покажал како полн погодок бидејќи нема гладување, а исхраната е многу разновидна и здрава. Азиската диета ги ограничува мастите, а скоро во целост ги елиминира штетните заситени масти кои заедно со шеќерот се главната причина за зголемување на телесната тежина и целулитот. Извор.http://www.idividi.com.mk/