Форумџика на годината

Анти ејџинг третмани

Дискусија во 'Лице' започната од Honny, 2 август 2022.

  1. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Нека биде темава за сите оние што сакаме да го задржиме младешкиот изглед на кожата на лицето. Што е најефикасно според вашето искуство?
    Денес имаме избор на најразлични третмани по козметички салони и болници со кои би спречиле/отстраните брчки и недостатоци на кожата кои доаѓаат со годините. Кои се предностите и маните на одреден третман?
    Јас еве би споделила дека од анти ејџинг имам искуство со филери на назолабијални брчки и дека се потполнија и измазнија едно 80%. Совршено не е во секој случај, едната страна е поизмазнета спрема другата. Од несакани ефекти имав еден хематом што го снема за 3 дена. Болно не беше воопшто. Вшприцани ми беа 2 мл. по еден од страна, и платив 400 евра. Дали вреди за парите, не знам, ама задоволна сум што конечно ги немам обие брчки што ме мачеа веќе со години.
    Размислувам за мезотерапија на лице со хијалуронска, за освежување и измазнување на малечките брчки околу очите и на челото. Дали и колку ќе биде ефикасно пробав да пребарувам низ форумов, ама конкретно за ваков тип на третмани не најдов искуства.
    Со задоволство би прочитала за микронидлинг, ласер, ботокс и други миниинвазивни методи со кои би отстраниле/ спречиле појава на брчки и би ја задржале свежината на кожата.
    Се надевам ќе си размениме искуства и совети околу оваа тема.
     
    На Freyja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Вакво слично искуство барав да потпрочитам и јас. Каде полнеше назолабијални? Јас во Промоиталиа добив одговор дека образите ми се премногу спуштени што дополнително додава на браздата и дека најдобро е да почнам со ПРХ третман за да поправам текстура, па после као останото. Отидов со цел да ставам 4мл бидејки имам и линии преку образите кои го сечат лицето, но мислење на докторката беше многу спротивно од она тшто јас го барав..

    Не велам дека е грешка, само дека ме пренасочи на друг третман во мигот кога бев решена да пополнувам бразди.

    Од ПРХ третманот има подобрување, мојата кожа е со многу текстура и се што постои, од пеги до митесери, сеуте активни 2-3 акни, брчки и фини линии и огромни пори по образите. Платив за 4 третмани, имам уште 2 да завршам да па јавам впечатоци.

    Тоа е хемиски пилинг кој останува на лицето минута-две (не знам зошто толку кратко, секаде кај што читав стои повеќе), и пецка, па веднаш се отсранува со дестилирана вода, ставаат серум со продолженио дејство и си идеш. Поделена сум и не знам дали го препорачувам зошто не сум видела некоја огромна промена, а подобрување минорно има.
     
    На Freyja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Сори за закаснување бев кај Др. Маргарита во Прилеп. Еве абдејт после 9-10 месеци сеуште изгледа ок и мазно (има минимално продлабочување, не е како првите месеци ама дефинитивно ни блиску како пред третманот) се надевам така и ќе остане.
    Хемиски пилинг не сум правела до сега и немам искуство. Иначе и јас имам пори на образите ама не ми сметаат многу, за разлика од брчките кои не можев да ги гледам.
    Сега нешто подочниците ми се земени на пик, наредно одење морам нив да ги решам :D
     
  4. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Барав тема за препораки и мислења за салони за убавина, мислам дека можеме и тука, бидејќи конкретно за тоа сакав да прашам, дали некој има искуство со ЦО2 ласер, каде, и како го поднесе?

    Може и во порака да разговараме.

    Промоиталиа лани, со препорачани и платени 4 третмани ПРХ ми го унаказија лицето на третиот третман, што имав изгореници од 3 степен кај јаболчната коска кај очите.

    Ако некој сака да види како тоа изгледаше пишете ми, имам слики и доста се graphic.

    Наводно, најнеинвазивниот хемиски пилинг на свет, ми беше оставен ПРЕДОЛГО на лицето, а потоа ми го чистеше НЕ СО ПАМУЧЕ туку со ГАЗА. Газата ме изгреба на најнежниот дел на лицето и ми остави длабоки изгореници.

    Лом се направив со Ивана - мед. сестра која ме работеше која ради реда и без интерес правеше се, притоа убедувајќи ме дека печењето е НОРМАЛНО (а секаде пишува дека не е, моето беше сензација на горење). Не добив ни извинуванње, ништо. Само комуникаиција со докторката која нема да ја именувам, и во која ми беше кажано само Извини, мачкај антибиотски крем. Толку.

    Четвртиот третман не го искористив (нормално), а беше платен. Ова е пред точно година некаде.

    Знам дека имаат ЦО2 ласер и они, но премногу се плашам пак да им верувам генерално за било кој третман.

    Ептен од помош ќе ми бидат насоки и препораки за останатите салони, Skinfinity ме интересираше попрецизно, но они гледам ласер немаат. Имаат некои нови чуда донесено за кои не сум спремна да дадам бубрег.

    Одлични апликатори на филери исто, од Др. Роберт сум задоволна со ботокот на чело, ме интересираат и други доктори (исклучиво доктори, но не стоматолози).