Од психолошки аспект, апатијата претставува состојба каде личноста има недостаток од чувства, емоции, интерес и грижа. Всушност, апатијата е состојба на рамнодушност, или супресија на емоции како грижа, возбуда, мотивација или страст. Апетичен поединец има отсуство на интерес или грижа за емоционалниот, социјалниот, духовниот, филозофскиот или физичкиот живот и свет. Апатичната личност може и да нема смисла за цел , вредност или значење во врска со нивниот живот. Исто така може да покаже безчувствителност или слабост. Во позитивната психологија апатијата е опишана како резултат на тоа што поединците не поседуваат ниво на вештина потребна за да се соочат со предизвици. Апатијата може да се погледне во повеќе аспекти, и тоа во: -технологијата -социјално потекло -во училишниот систем - набљудувач -комуникација Од медицински аспект, пак, апатијата може да биде показател за болести како што се : -депресија -алцхајмерова зараза -вознемиреност -хорор, односно Посттрауматско стресно нарушување Какво мислење имате вие за апатијата? Дали и вие страдате од апатија и која е причината поради тоа?
Кај ме погоди во пета со темава, точно кога сум во една таква апатична рамнодушна состојба...неможам ни да смислам што мислам.... Лек за апатија...само електро шок му е лек..некој да те здрма и да ти ги разбуди чувствата, да проработат емоции....
Точно е дека апатијата може да се појави кај еден поединец и таа да трае само одреден период но од друга страна постои можност таа да трае и многу подолго, на пример со години. Инаку во право си за размислувањето дека е потребно некој навистина да продре во карактерот на апатичната личност и да му пробуди чувства за некој аспект од животот за кој би изразил интерес. Жал ми е што во мометов се наоѓаш во ваква состојба но се надевам дека ќе ти помине за многу кратко време. Би те советувала да се посветиш на нешто што те интересира, како на пример некое хоби
Боље апатија него да си постојано на стресови и нервози заради што плановите не испаднале како што сме планирале !!! Би сакала да страдам од оваа "болест"
Искрено, и јас се согласувам со твоето мислење Всушност јас апатијата и не ја сметам со болест, туку состојба каде поради одредени причини едноставно немаш интерес за одредени работи. На пример, јас имам апатија кон социјалниот живот, а и кон емоционалниот но од различни аспект.
Мислам дека цела нација е во апатична состојба....младите се поради тоа што не гледаат некоја светла подобра иднина, разочарани се, изневерени...додека пак кај постарите луѓе причина е меѓугенерацискиот јаз во кој недостасува здрава комуникација, осаменоста....
Ако мислиш на оние држави кои не се доволно развиени, во право си. Со самото тоа луѓето ја губат надежта за нешто подобро и со цел да се заштитат од тие чувства развиваат рамнодушност кон нивната ситуација.
Сите кои помалку се замарале и не планирале на долги стази , боље живеат , додека личности како мене што за ситница паничат , се нервираат , се возбодуваат завршуваат со уништено здравје . Од секогаш сум сакала да бидам ладнокрвна и рамнодушна . Да те поправам тие млади ладнокрвни многу не му ја мислат за добро утре , туку ако ги однесе ветрот во Америка ги однесе , ако не никому ништо . Додека тие што се антиапатични се нервираат и за сегашните проблеми и за идните проблеми што ке ги имаат бидејки размислуваат и за иднината и често се разочарани . Апатијата треба да е секаде добредојдена освен ако не сакаат да завршат со нарушено здравје .
@baba Rada а дали мислиш дека апатијата кај старите лица се појавува поради развојот на технологијата? Бидејќи тие потешко можат да разберат како модерната технологија функционира и не ја користат, барем не често, може да развијат вакво чувство бидејќи не ги интересира тоа, односно не било релевантно во нивно време. Освен тоа, самите гледаат како нивните деца и внуци се повеќе изразуваат интерес да го поминуваат своето време пред елекртонските уреди отколку да седнат почесто со нив и да разговараат додека се сеуште живи. Верувај ми, иако е добро ова особено како одранбен систем во размислувањето и функционирањето на денешново модерно општество, сепак треба да платиш одредена цена за да станеш таква личност. Кај некои луѓе е познато дека од секогаш биле апатични личности, но за една чувствителна и добра, па дури и наивна личноста да стане апатична треба нешто навистина да го потресе нејзиниот свет за да го промени својот карактер. На пример, јас кога бев помала сум имала емпатија и сочувство но откако се соочив со еден мошне трауматичен настан се променив и станав комплетно друга личност за која не ни можев да замислам дека ќе станам додека бев малолетна. За ова имам отворено и друга тема за психологија, со која се кажува дека Post Traumatic Stress Disorder навистина има последици, без разлика дали ќе помине еден месец од настанот. Сакам да кажам дека иако сум ладнокрвна и рамнодушна, сепак навистина чудно се чувствувам во одредени моменти кога ќе подразмислам дека моето детско себе се избледува се повеќе и повеќе пред моите очи и што е интересно, не се спротиставувам и не се борам против тоа бидејќи тоа е и една од функциите на апатијата - да не чувствувам и да не ми е грижа.
технологијата е голем виновник за многу работи, но индиректно не влијае оти примената на истата се подесува како сака корисникот...депресијата е претходница на апатијата.
А депресијата води кон апатија кога веќе губиш надеж за нешто и сакаш да се утешиш самиот себе со тоа што се убедуваш психолошки дека не ти е грижа за тоа и веќе не го чувствуваш како цел или како потреба во животот.
Aпатијата сама по себе не е дијагноза, туку дел од состојба која објаснува поедино психичко растројство од невротски или психотичен карактер. Најчесто апатијата е аларм за присутност на депресија, но може да се најде и во други дијагнози, најчесто кај биполарноста, граничното пореметувањe, и некои типови на психози. Читам горе дека некои од вас сакаат да ја искусат за да видат како е да се биде апатичен..Но, верувајте не сакате, бидејќи тоа чувство може да стане толку интензивно што од вас може да направи крајно дисфункционални индивидуи, неспособни да си ги извршуваат елементарните хигиенски навики.
@Nigredo Odor јас иако веќе долго време сум апатична личност, тоа не значи дека треба да си целосно рамнодушен кон се, буквално туку може да се развие и делумна апатија која опфаќа само одредени аспекти од целокупниот живот на пример социјалниот свет. Освен тоа, искуствата во животот кои сме ги доживеале, а и сме ги преживеале влијаат на тоа едноставно да престанеме да се грижиме за одредени работи. Поедниците кои страдаат од целосна,а не делумна апатија често имаат и самоубиствени тенденции бидејќи тие не ја гледаат целта, вредноста или значењето на нивниот живот.
Мислам дека сите во одреден период од животот имаме апатија. Обично тоа се случува кога вложуваме многу во нешто и не го добиваме очекуваното. Го знаете она се замараш, се замараш и на крај воопшто не се замараш. Ти станува сеедно. Немаш енергија повеќе да размислуваш и да се трудиш било да се работи за пријателство, врска, работа, комуникација и сл. Нешто како блага депресија. Сум поминала низ тоа и не трае вечно. Е сега да трае со години... Најверојатно тоа се јавува како последица на големи трауми и не знам како би се излекувало.
Стадиумите на апатија варираат од личност до личност, апсолутно. Но, речиси секогаш апатијата како дел од некое психичко нарушување го оневозможува или значајно отежнува процесот на општествена интеграција и егзистенција. Што значи, мора да правите разлика. Апатичен не си ако цела недела не ти се излегува, јаде, спие, или зборува со поедини личности поради некаква разочараност, тогаш си само привремено потиштен/незадоволен. Апатијата е нешто кое трае подолг временски период, најчесто без значајни промени на расположение и е присутна и очигледна во секој поглед. Апатичен не можеш да бидеш кон една поединечна работа, можеш да бидеш само рамнодушен, а апатијата е многу повеќе од вообичаена рамнодушност.
Технички сум сосема здрава и не патам од оваа болест ниту пак од некоја друга...ама практично сум тотално апатична и болна....и така
Знам да бидам често апатична - самиот живот ме натерал на тоа. Веќе долго време сум апатична за мојот социјален живот како и во некои останати сфери. Некогаш убаво ми влијае да се дисконектирам од се', но страста која е многу присутна во мојот живот - страст во мојот брак, кон книги, кон филмови, кон уметност и ред други нешта брзо ми се враќа, страст со која се развивам и растам. Супер тема Роуз!
Јас изгледам крајно рамнодушно и не можи на лице да ми се прочита ни што мислам ни што чувствувам, ама не сум апатична. Напротив, јас имам бурни, интензивни и долготрајни емоции и интереси. Да, можи да покажам неинтерес кон многу работи во дадена ситуација, ама тоа не го сметам за апатија. Апатијата во мои очи, секогаш е состојба на која треба да се посвети внимание зошто ретко кога е изолиран случај без подлабока позадина.
Навистина убаво кажано Моја претпоставка е дека луѓето имаат тенденции кон големи очекувања, кои секако не можат секогаш да се остварат поради спонтаниот тек на одвивањето на настаните но бидејќи личност се поврзува со таа цел која сака да ја постигне и кога ќе сфати дека неговиот труд и мечтаење не се исплатиле, често губи интерес за тоа, оправдувајќи си се самиот себе дека таа цел веќе не е важна за него бидејќи смета дека и онака не може да ја постигне. Секако, и во ова сценарио постојат исклучоци поради различниот карактер и праг на упорност кај одредени луѓе. Со самото тоа, неуспехот може да не предизвика чувство на апатија кон одреден аспект туку напротив уште поголема упорност да се оствари.