Да помогнеме на Биле од Кратово која боледува од медулобластом, направена и е операција сега и се потребни пари за терапијата што следува. Даниел Пешевски Сметка – 320 – 5000266219 – 22 Централно-кооперативна банка http://sitel.com.mk/apel-za-pomosh-za-9-godishnata-bile-od-kratovo-koja-boleduva-od-tumor-na-mozok
Лично ги познавам луѓево и навистина им е потребна помош. Јас донирав па ако некоја е во можност одвоете од едно кафе. Нема да биле залудно а Биле ќе ви биде благодарна
Да не бидам сватена погрешно... Со татко кој има здраствен проблем, во домашни услови кои се далеку од неопходните и во недостиг на парични средства, грев е да се трошат средства за секојдневно патување Кратово-Скопје. При тоа детето ќе се малтретира, а тоа не е во ред да после хемотерапија. Нема Биле НЕ САКА да помине 30 дена во болница, мора. Мора затоа што тоа е најдобро за детето. Во болница ќе добие подобар третман. Покрај терапијата ќе има и редовен оброк. Можеби сурово звучи, но така е. И помошта ќе ја добијат од граѓаните полесно ако има тел.за донирање.
Докторот им рекол подобро да патува да не седи во болница да не се разочарува од гледање секој ден вака подобро ќе било само терапија и дома
Се сложувам со @sanjaeva Ниту нејзините години ниту нејзината состојба се во можност да одлучуваат.Не е само ке прими терапија и тоа е тоа.Цитостатици веројатно прима,мн агресивна терапија која го изнемоштува тотално организамот ,па мачнини и повракање ,згора на тоа трескање по автобус полн со луге кои можат да бидат за неа животно загрозувачки.Секоја мала инфекција или вирус за неа можат да бидат смртоносни.Но не е темата тоа сепак ....дајте телефонски број верувам секој ке одвои да сврти.Побрзо е и поефикасно
Се согласувам до некаде, но не е баш се како што изгледа. На таткото му треба повеќе и физичка помош покрај материјалната бидејќи сам се грижи за децата, а и тој самиот е во лоша здравствена состојба. Сето тоа придружено со немаштијата си го прават своето. За превоз мислам дека не оди со автобус туку со кола некој помага, но не сум сигурен. Други детали незнам и не се мешам, но да не сум/сте во неговата кожа. Не сакам да барам грешки кај луѓево и дали е правилно. Повеќе се молам да оздрави и да биде среќно девојчето. За донациите мислам дека и подобро е што нема телефон. Народот ќе даде 100 денари и колку ќе бидат од помош кога на тие истите има 20 денари ддв.? Остануваат 80 денари кои според мене не се доволни за било кој и да му е потребмо. Јас на пример незнам дали 1-2 пати имам свртено на телефон и тоа пред 7-8 години кога немаше вакви технологии Донација на сметка е многу лесно да се дадат денес. Поточно полесно од било кога. Се што треба е само желба, хуманост и интернет. Преку мобилен е банкинг за 20 секунди се завршува работа и не само за донации туку и за било која друга трансакција. Но оваа тема е за друго време Конкретно од она што сум информиран работите одат добро. Биле е многу среќна бидејќи го доби лаптопот кој го посакуваше а и завојот и е конечно изваден. Продолжува борбата и јас се молам и имам голема надеж дека на крај се добро ќе се заврши.