1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Апел за помош на Иван Лековски

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Gordana10, 22 декември 2013.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Шестгодишниот Иван Лековски од Струга боледува од Рефрактерна Епилепсија, која е дијагностицирана после примање на редовна вакцина DTP на 5 месечна возраст. Оттогаш па наваму, Иван го минува детството во еден затворен свет, бидејќи секојдневно добива напади, не зборува, и не може да оди сам.
    Загрижени за неговото здравје, неговите родители, не можејќи да најдат спас во Р. Македонија, се обратиле до повеќе клиники во Европа. Од клиниката во Љубљана добиле повратно писмо во кое ги повикуваат да појдат кај нив бидејќи знаат како може да му помогнат на Иван.
    За да се оствари тоа потребни се околу 10.000 (десет илјади) евра во парични средства, кои родителите не се во можност да ги обезбедат. Затоа се обраќаме до сите Вас хумани луѓе, во рамките на своите можности да им помогнете финансиски да му дадеме шанса на малиот Иван да се избори со болеста и еден ден и тој да седне во училишните клупи кои оваа година ги прескокна.

    Број за донации на Т-Мобиле 070143121
    Број на сметка: 300007069067387 Комерцијална банка АД Скопје


    Иницијатор: AquaBlue
     
    На AquaBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На l-a-d-y-di и AquaBlue им се допаѓа ова.
  3. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Средствата од лотаријата што се одржуваше за празникот Василица (небитно во кое место), беа наменети за Иван.
    Ние купивме 10 купони, а со тоа дониравме 500 денари. Освен тоа, дониравме уште 500.
    Дај Боже што побрзо да се излечи, душичка мила. :doh:
    Да донираме сите !
    [​IMG]