Апликациите за следење на телефонот е идеален метод за родителска контрола во ситуации кога родителите се загрижени дека нивното дете е на било кој начин загрозено или во опасност.Има многу ситуации во кои оваа апликација е од голема помош за родителите, особено денес, кога во ерата на технолошка експанзија, децата се изложени на ризик од разни форми на насилство или вознемирување на социјалните мрежи и воопшто на интернетот. Се поголем процент на родители почнуваат да ги следат своите деца со користење на овие апликации. Апликациите кои се со повеќе опции кој работат во позадина без да знае детето дека го следите најчесто се плаќаат. Има различни типови на апликации кои овозможуваат надзор и следење на мобилниот телефон : Снимајте и слушајте разговори во реално време Список на појдовни и дојдовни повици, Е-пошта и пораки Видео и текстуална кореспонденција од апликациите: Viber, WhatsApp, Facebook Messenger, Instagram DM, Skype, Snapchat, Hike messenger, Hangout, Pinterest... Keylogger - следење на тастатурата GPS следење со историја на движење Увид во фото и видео галерии Управувајте со апликациите на вашиот телефон Историја на пребарување на Интернет Вклучување на предната и задната камера и прегледот во живо Исто така и блокирање на соодветна содржина и страни. Секако, прв приоритет е секогаш да разговараме со детето и да се обидеме да откриеме што го мачи и загрижува.Меѓутоа, ако детето одбива да зборува, упорно тврди дека се е во ред, а неговото однесување го кажува спротивното, можеме слободно да кажеме дека има проблем. Кога родителот е во ваква ситуација, може индиректно да се обиде да ја дознае вистината, преку своите пријатели, родителите, училиштето и слично,меѓутоа информациите добиени на овој начин преку апликациите во повеќето случаи се од голема помош. Овој вид контрола не е лесна или едноставна одлука за родителите. Прашањето е дали то е во ред да се контролира детето до тој степен каде што нема да има своја приватност? Многу морални дилеми ги мачат родителите . Дали треба да го почитуваме правото на приватност на детето или да преземеме конкретни чекори и да почнеме да ги надгледуваме децата, а со тоа да ги отстраниме или потврдиме сомнежот? Треба да се има на ум дека следењето на децата не е модерна иновација.И порано родителите ги следеа своите деца за да дознаат каде се движат и што прават. Честопати тоа беше единствениот начин да се открие вистината и спаси многу деца од канџите на дрогата, алкохолот или друго проблематично однесување. Што мислите вие за ова? Дали би користеле и дали користите некоја апликација и доколку да од која сте задоволни?
Мене ова ми е премногу. (Но, во ова време не ми е ни неправилно) Што и како со детето се случува треба да е свесен родителот уште од дома. -расположение на детето, понашање на детето, разговор со детето, што и како користи социјални мрежи, медиуми, каква и колку заинтересираност за книги, филмови, музика има. Посветено време на дете, мислам дека ќе е доволно за негова безбедност
Не, не се сложувам вакво следење на активностите на детето. Подобро со разговор да се стекне доверба и детето само да си каже што прави, каде оди , што го мачи и сл. , него со вакви еден куп апликации. Јас до сега освен GPS за друго не ни знаев дека може да се следи. Воа е премногу. Јас лично не би седела на телефон и да следам кај оди, да слушам што прави или да читам. Треба контрола се сложувам ама не ваква. * Башка да се надополнам, џабе е се ова, детето ако сака да не биде следен нема да биде. Ќе го исклучи интернетот и ништо нема да видите ни кај е ни што прави ништо. Сега ме заинтересира гуглав , ем се плаќат апликациите ем мора интернет да има. Сега ако има едино некои без интернет да бара.
Да дефинираме прво колкаво е детето? Реално, сето горенаведено ми изгледа невозможно. Да почнеме од историја на пребарување на интернет. Треба се што отворило и јас да отворам, секое видео што го видело и јас да го видам- па треба да се мултиплицирам, за да постигнам се тоа. Значи, претпоставувам дека децата не се раѓаат алиенирани со мобилниот в раце од најмала возраст. Прво учиме да комуницираме со нив, да ги воспитаме на основните постулати- што е добро, лошо, безбедно, не безбедно. Ако воочи нешто лошо, чудно, небезбедно, јас сум тука да објаснам и помогнам. Засега методов функционира. Инаку секое дете , па и не само дете е изложено на ризик на интернет. Затоа, пред да го пуштиме таму, едукација за безбедност на интернет е примарна, ако е таа која што треба, и опасностите се минимизираат.
За колку години дете станува збор? Навистина сметам дека до одредена возраст воопшто не треба да се на интернет и да поседуваат телефон за да дојде потреба до ова. Но, никако не сум за вакви апликации искрено на било која возраст, туку пред да дадеш телефон на дете да му го дадеш со одредени услови на користење и граници. Сум видела мајки што следам на инстаграм, оние што мудруваат за мајчинството (во добра смисла хаха), дека кога му дале телефон на дете му кажале дека они како родители имаат право да го земат и да го проверат по потреба. Но, и за тоа да биде океј треба родителот да има почитување спрема приватноста на детето и да не е ултра параноичен + доверба родител-дете. Во горниот случај воопшто не дошло до проверка после години користење на телефон токму заради таа доверба. Треба децата да имаат приватност, но од друга страна какви ствари пишуваат деца на интернет тоа е загрижувачки. Cyber bullying највеќе го прават деца од 10-15 години да бидеме реални и тоа треба контрола... многу пати сум сакала да испцујам дете на интернет затоа што оставаат стварно одвратни, одвратни коментари. И родителот би требало да се позанимава со тоа.
Ова со хистори да проверуваш или гпс за тинејџери (по моја претпоставка за таа возраст се мисли) ајде океј. Ама ова со камерата дефинитивно ми е малце да ме извините, крипи. Да би била тинејџерка и да дознаам дека скришно ме гледаат моите, нема мирно да спијам во ист дом со нив, еве да ви кажам. Ќе ме јаде црвот дека нешто прават со снимките. Да се потсетиме оти и самите родители знаат да бидат предаторот така да, кој ги смислил апликацииве може контра услуга да им направи на децата со олку детална контрола. Едит А по странски форуми какви гнасотии имам читано, просто да ти се згади до каде иде тоа "јас те створив".
Не мора волку апликации ( да се доискажам ), можете кога му давате телефон на детето да инсталирате parent control на вашиот телефон. Ве известува и ве прашува дали детето ( секако зборувам за помало) смее да ја симне таа и таа игра, смее ли да гледа ( бидејќи ставате ограничување) таа и таа содржина ако сте забраниле слична на тоа итн итн. Ама ова каде оди, што зборува ми е ту мач. Кај мене има 9 год, и имам инсталирано parent control, ама ова е многу малку за разлика од погоре споменатите еден куп апликации и контроли. Сега вака размислувам, не знам дали ќе сменам мислење кога ќе ми биде детето тинејџер.
јас на моето дете избегнувам да му дадам телефон, а ако му дададм му дозволувам да гледа јутуб кидс со тајмер или да игра некоај игричка исто со тајмер на максимум 20 мин.Исто ја проверувам историјата на видеа што ги гледа па некои ги бришам или блокирам.
Предизвиците на социјалните мрежи поради кои деца умираат, покажуваат дека децата треба да бидат следени од родителите.
Кај мене дома сите си имаме share-нато локација. Чисто поради безбедност. Утре кога ќе имам дете би сакала да можам да видам каде е во одреден момент. За камери, микрофони-едно големо НЕ. Гледање history, исто не. Што очекувате еден тинејџер да гледа на пример? Еве ќе му најдете порничи, и? Ќе му зборувате дека не смее да гледа и дека е срамно, додека вие сигурно барем еднаш во животот сте гледале. Во однос на заштита од предатори за помали деца, едноставно не треба да имаат социјални мрежи. И разговор, разговор, разговор…..
Arkangel (Black Mirror) е епизода шо препорачувам да ја гледате на темава. Хелихоптер-родител и општо чоек кој сака да е во контрола под закрила на "ама безбедност" не е ништо поќе од личен страв и анксиозност и потреба да остани во контрола за да ја смири та анксиозност. Мало дете е нормално поќе да го штитиме ама пак не му сме во чекор оти е екстрем кој е штетен. Како и секој екстрем. Дури и на тодлер му даваме слобода да учи без да му дајме одма одговорот, а не па ако се работи за постаро дете, тинејџер и така натаму. Следно ако хипотетичко на школско дете јас блокирам 29927281 страни - то дете секогаш можи да ги види кај друго дете тој материјал ама сега да ја изгубам можноста јас да имам муабет зошто та содржина сметам дека е штетна и како го афектира. Или полошо, целосно да го изолирам детето од работи на кои често се налетува на интернет и да ги дознај прекасно па дур и наивно да влези во тие "интернет" води. Недостаток на квалитетни информации носи до наивност. Колку пати велиме, наивен, наивен, а уствари е само чоек шо до сега немал можност да се најди во слична ситуација. Комуникација со дете не е лесна. И често мислиме дека од едно влегва од друго уво излегва шо се збора. Ама ќе бидиме изненадени дур играт/гледат итн., колку се способни внимание да посветат и да "фатат" информации. Не е лесно ама мора да се работи на то детето да сфати оти одредена активност или содржина не е посакувана, наспроти да го изолира и да се надева дека нема шанси да се сретни со иста содржина на друго место. Сакав да коментирам и за физички рестрикции ама не гледам натаму да се движи темата. Ама генерално пратење на дете до доцни години во училиште, строго ограничвање на време шо е дијаметрално различно од врсниците и како то го афектира детето е нешто за шо би зборала пак наскоро.
Ова што е набројано во воведов е претерано. Доволно е да се има увид само на локација, да знаеш каде е. Детето си е личност и никоја личност не треба да биде надгледувана и следена до степен да нема никаква приватност. Дете се воспитува, се учи, се разговара со него, а не се следи вака опседнато. Да му се земе некогаш телефонот да му се провери - да, но вакво следење преку телефонот, не.
Првото што ми текна. Уште ми е епизодата во глава. Ова е уште една работа за која ние родителите во денешно време треба да му ја мислиме. Не знам што да речам, некогаш колку и да збориш, воспитуваш, има еве вакви надворешни работи. И свашта по интернетот. Страшно е. Моето е мало уште, нема пристап до интернет, ама не знам како ова би го решила понатаму искрено. Ем не сакам да сум контрол фрик, ем стравот не е мал.
А се спомни ова тема одма асоцијација во мозкот ми се прај со епизодава. Не памтам сите епизоди ама има некои вака шо врежани в гла ми се.
Кога е помало детето треба да се има целосна контрола над неговиот телефон или телефонот што го користи. Како што расте, треба да му се дава поголема слобода и на некој начин да му се даде доверба. Многу е битно во меѓувреме да се зборува, да се едуцира, за кога ќе се најде во некоја непријатна ситуација, да знае да ја препознае и соодветно да реагира. Секое време носи свои предизвици. И за нашите родители растевме во опасни времиња, ама никогаш не сум осетила дека ме контролираат. Сум била љубопитна, сум се глупирала, ама никогаш не сум одела во крајности. Не е проблемот во новите и опасни времиња, туку во недостатокот на комуникација родител-дете.