Аплицирање во повеќе фирми истовремено

Дискусија во 'Барање работа' започната од Aljosha, 14 февруари 2023.

  1. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    166
    Дали кога барате работа, аплциирате на повеќе места или чекате прво да ве одбијат? Што правите кога неколку фирми ќе ви закажат интервју? Како одлучувате која понуда ќе ја прифатите?

    Дали мислите дека ако ако одбиете понуда, си ги уништувате понатаму можностите да аплицирате во таа фирма во иднина?
     
  2. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Јас испратив на 20 места истовремено и од тие 20 места, ниту еден не ми се јави....
    Инаку во сегашната ситуација не би одбила ниту еден,...
     
    На buba4e89, GirlLove и Осе им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    ја на 20 места праќам
    у едно влагам сигурно
     
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Аплицирам на повеќе места, кај ќе ми биде крајот ако аплицирам само на едно и да си чекам, кога никој не враќа ни повратен одговор дека си одбиен. Ако ми закажат интервјуа ќе се појавам на сите и ако 2-3 фирми на крај сакаат да ме вработат ќе ја одберам таа која има најдобра понуда, т.е. услови.
     
    На Sanniii, buba4e89, Oneo и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    33.945
    Пол:
    Женски
    Последниов пат аплицирав во 5-6фирми сите ме викнаа на интервју .Бев во 5 .Две одма одбив оти почнаа да се ценкаат за платата.Едни ми се допаднаа многу ама сакаа на др раб позиција да ме стават.Имам повеќе од 10год искуство.Овие што ги одбрав едноставно беа многу фини и немав желба да се бавам веќе со интервјуа.Не ме прашуваа што знам туку за фирмата си збореа и кажуваат за плановите.Исто кажаа дека ќе бидат среќни ако им се приклучам ,ама имаат уште двајца пријавени кандидати и ќе одлучат и ќе ми се јават утре за резултат.Ме прашаа дали сакам, одма реков да .
    Ми се јавија како што кажаа и бев примена.
    Ова не е во Мк.
     
    На Brpbrp, Oneo, sunshinebabe и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Јас горе долу знам кои фирми во секторот се крш, така што тука елиминирам каде не би пратила ЦВ, да не губам време со разговор, интервју итн. Ако сега со тие услови одбиеш, не знам дека во иднина со подобри услови нема да влезеш во истата фирма. И фирмите еволуираат, се менуваат раководни структури и слично.
     
  7. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Аплицирајте на повеќе места, ако не ви се допаѓа понудата одбијте ја слободно. Нема за што да ви е незгодно, сепак вие ќе работите, а не некој друг. Не чекајте одговор од секого зошто нема да го добиете, има фирми кои ќе ве чуваат на листа и можеби ќе ве побараат по една година… така да аплицирајте и среќно :*:
     
    На Lemon, lovely91, LadyD и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    166
    што кога добиваш понуда од фирма што ти е втор избор, а уште трае процесот на селекција на таа што ти е прв избор? дали им кажуваш дека ќе размислиш, одлагаш интервју, или можеби признаваш дека одиш на повеќе разговори?
     
  9. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Мене ако ме прашаат дали аплицирам на повеќе места, кажувам да. Нема зошто да глумам дека баш во таа фирма само сакам да се вработам и дека нив ќе ги чекам да подразмислат. Како што бираат тие, така бирам и јас. Ако чекам одговор од тие што ми се прв избор се уште, ќе им напишам мејл да подразмислам и ќе ви одговорам во наредните 2 3 дена или колку год да се, и пазам во тој рок да им ја соопштам мојата одлука. Во меѓувреме на првиот мој избор ќе им напишам мејл да прашам до каде се со одлуката, и дали можам некако да допринесам за полесно да се одлучат. Ќе им напишам дека веќе имам добри понуди, но сепак би сакала да знам дали тие ќе ме примат бидејќи се мојот прв избор.

    А една ситуација што ми се случи исто вака, интервјуирав со компанија 1 и компанија 2. Компанија 1 имаше подобри услови и беше мојот прв избор но беа многу спори во целиот процес. Компанија 2 ми достави добра понуда, а компанија 1 се уште не ми вратија на мејлот. Прифатив со компанија 2. Додека бев на отказен рок од предходната фирма, компанија 1 ми понуди прилика што не можев да ја одбијам никако, и на компанија 2 им кажав дека нема да почнам кај нив бидејќи добив понуда што не можам да ја одбијам. Се извинив им посакав се најдобро и дека се надевам во друга прилика ќе соработуваме. Не се налутија, секако немавме се уште договор потпишано, а и се работеше во размак помалце од недела дена откако им ја прифатив понудата. После година дена пак ме побараа дали се уште сум заинтересирана за нивната компанија.

    И ние сме свесни дека они бираат помеѓу одреден број на кандидати, и тие се свесни дека ние аплицираме во повеќе фирми. Нема што да се лажеме меѓу себе. Ние гледаме каде е поплатено и има подобри услови, тие гледаат кој најдобро (и најекономично) ќе му ја сработи работата и ќе му направи пари.
     
    На noteforself, Mikha4, boo3 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    166
    Ова во Македонија или во странство?
     
  11. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Во Македонија.
     
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    33.945
    Пол:
    Женски
    Прво кажувам ќе размислам и чекам уште некој ден.Ако другата фирма не се јави можеш ти да и се јавиш и да прашаш до каде се со изборот, дали имаат одбрано кандидат итн.Ако уште немат одлучено прашај дали смееш да знаеш , дали си влегол во потесниот круг и тука кажуваш дека имаш предобра понуда ама тебе нивната фирма многу ти се допаѓа.
    Ако речат да одлучуваш дали да ризикуваш и да ја одбиваш втората.
    Еве јас така би постапила иако во Мк сето ова е смешно.

    Кога бев во Мк и на моето второ раб место без јас да знам дека имам врски(школски мој ме сретна и тој ургираше за мене без да ми каже, беше на висока позиција)после 100 прашања од мојава област ме прашаа кого познавам од фирмата.Го спомнав школскиот и тогаш одма ми кажаа дека ме примаат и од утре да дојдам ама на никој од кандидатите надвор да не кажувам.Значи одма ми кажаа, а на другите им велеа ќе одлучат па ќе им кажат.Ова онака како случај ти го кажувам.


    Сама си се цитирам бидејќи заборавив вчера да кажам дека при изборот на фирми ги гледав оценката на фирмата од вработените.Па затоа и одма прифатив кај сегашната фирма заради добрите оценки.Што пишуваше таму така е и во фирмата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.219
    Пол:
    Женски
    Ако имам прилика би се пријавила и на 100 места доколку барам работа. Поентата е да го одберам најдоброто за себе. Немам обзир према ниедна фирма и ниеден газда. Ако најголемиот дел од нив умеат да се однесуваат крајно нефер и нечовечки спрема вработените и на нив треба да им се врати со иста мера. И да се договорам на едно место да почнам ако се јави друг во меѓувреме и ми понуди подобри услови не би се двоумела и би ги откачила првите. Тоа е што е, секој сака да заработи повеќе и да има што е можно подобри услови за работење. У претходна фирма кај што имам работено ги имам откачено од денес за утре. Си се договорив да си почнам на друго место и тоа е тоа. И они беа идиоти ама и јас не им останав покусо. Изразот на претпоставените е бесценет кога ќе ги оставиш кога најмногу им требаш. :D А не пак од старт да се вработувам. Ќе бирам само најдобро што може.
     
    На noteforself, naturally, blueeparadise и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Hija.de.la.luna

    Hija.de.la.luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Во Македонија немам работено, ама тука кај што сум аплицирав на над 100 огласи (во рок од месец-два). Си имав листа во Excel за да водам евиденција каде сум аплицирала и каде имам интервју. :D:D

    Секое интервју на кое ќе ме поканат е одлична можност за вежбање и усовршување како да се покажам во најдобро светло. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    166
    Баш на ова мислев.

    Некои фирми се побавни со селекција и не знаеш колку долго да ги чекаш, а од друга страна други чекаат одговор. И ако прво прифатиш а после еј не, се си мислам дека барем кај нас, не би имале разбирање и дека ќе замерат.

    А кај нас сепак тие се луѓето што работат во човечки ресурси и тие се фирмите, и се си мислам дека треба сегде да се остави добар впечаток.
     
  16. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    11.622
    Пол:
    Женски
    Тековнава компанија каде што работам, кога аплицирав, немав на други места аплицирано, ама беа ептен брзи во одговори и следни чекори, за нецели две недели поминав еден краток разговор со регрутерот, две интервјуа со фирмата, тест, проверка на референци и понуда. На некои им требаат цели две недели после прво интервју да ти пишат, а таква организација и за фирмата многу кажува.

    Порано сум аплицирала и на 20 места одеднаш, буквално ми се има случено во ист ден да сум на разговор во две различни фирми.

    Да барам пак работа, пак би аплицирала на повеќе. Ако добиете понуда, а истовремено чекате од друго место да ве известат, кажете им за толку и толку време ќе ја разгледате понудата и ќе размислите, па пишете едно мејлче за одговор до другата компанија од каде чекате одговор, ако поминало време од кога последно ве контактирале.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cookie18

    cookie18 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2023
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Во фирмава каде што моментално работам, еден месец од кога пратив CV ме викнаа на интервју, и ми кажаа дека еден месец после интервјуто ке бидам известена дали сум прифатена за таа работна позиција или одбиена, многу беа коректни, ми се јавија за три недели да дојдам да разговзрам за условите бидејќи првото интервју беше само со технички прашања, т.е познавања, дојдов, разговаравме, се договоривме, и за две недели од тогаш, или 2 месеци и една недела од кога пратив CV почнав со работа, не аплицирав на други места истовремено.
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Јас искрено аплицирам на повеќе места истовремено, затоа што ако чекам одговор од една фирма па да барам друго место за аплицирање може цела вечност да чекам. Приметив дека во мк, фирмите се многу неорганизирани, праќаат одговори на апликација и после месеци, или пак воопшто ништо не враќаат. Не знам што е толку тешко на кандидатот да му пишеш па макар и еден генерички мејл дека си заинтересиран за друг кандидат и тоа е тоа. Со странците имам друго искуство, експресно брзо известуваат за се, веројатно бидејќи имаат сосема поинаква корпоративна култура.

    Ако дојде до момент да одбијам понуда лично не мислам дека со тоа би си уништила можност за понатамошна соработка. Едноставно во моментот условите не биле погодни, што не значи дека понатаму не би сакала јас, или пак тие да соработуваме. Во бизнис не треба да си petty, во смисла ете оваа не одби веќе нема шанса, зошто така можеш да изгубиш можност за квалитетен кадар.
     
    На lovely91, Aljosha, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.536
    Допаѓања:
    13.871
    Точно дека нашите фирми си пуштаат оглас, па си прибираат потенцијални кандидати, си чуваат податоци за резерва. Сега во фирмава пуштивме оглас иако човек плус не ни треба. Онака да видиме дали ќе се јават добри кандидати. Ако има некој екстра, ќе го примиме, ако не ништо. Странците се профи. Пред некој ден во Италијански институт праќам мејл во сабота попладне во 19 часот со намера дека во понеделник ќе го видат. Директорот на Институтот одговори експресно. Да се чудиш. Кај нас тоа е научна фантастика.
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Мене од прва апликација ме примија и на сегашното и на поранешното работно место.
    Само на сегашното на почетокот менував сајтови,а потоа имав постојани. И сега имам постојани.

    А во Мкд од 50 пратени CV- ја дали на две -три имав интервју. На тие две места знаеле по двапати да ме интервјуираат и на крај да не ме примат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.