Apocalypto е епски филм напишан и режисиран од Мел Гибсон во 2006 год ,во кој е прикажан пропастот на цивилизацијата на Маите . Во филмот се опишува патешествието на еден домородец кој морал да побегне и да го спаси своето семејство откако друго племе ги нападнало ги убиле и дел заробиле од неговото племе .Во филмот настапуваат амерички домородци а дијалозите се на нивен оригинален јазик... Апокалипто стекнал доста обожаватели во холивудската заедница . Глумецот Роберт Дувал го нарекол " Најдобар филм кој го гледал во последните 25 години " а режисерот Тарантино изјавил " Филот е ремек дело ,најдобар уметнички филм на годината " ... Фантастичен филм кој мора да го погледнете ...
Го гледав пред неколку години филмот во кино, ми се допадна доестката да дијалозите низ целиот филм бидат на јукатански мајански јазик, доловува автентичност. Тоа е филм за крајот на една цивилизација која пропаѓа поради неморалот и неправдите. Ако ја погледнеме денешната цивилизација каква е, се чини ни таа не е премногу далеку од крајот.
Аа го гледав пред доста време,можи има 6,7 години односно кога излезе ама ми остави многу голем впечаток филмот,а и режиран е од маестрален режисер така да ги достигна моите очекувања од филмот. би го препорачала на сите кои што го немаат гледано да го гледаат.
Топ 10! Го имам прегледано. Фантастична глума и приказна. Мене многу ме трогна моментот со малото девојче. Rudy Youngblood пружа одлична глума. 10/10!
Филмот ми е многу суров Го гледав како да речам со мижење ... Одличен е не викам не, само што јас не сум којзнае колкав љубител на вакви филмови
Прекрасен филм... го имам многу пати гледано... многу ми беа грозни тие особено тој водачот..уфф колку ми беше мило кога го убија со таа стапицата за свињи..
Феноменална костимографија ,посебен дел што ми се допадна беше што дијалозите се на оригинален Јукатански т.е Мајански јазик ,глумата беше фантастична.Не само Руди Јангблад ами сите изглумија на нивоуу.Имаше сцени кои засмеваа како на почетокот со тој што го тераа да јаде мадиња демек да може да напраи деца ,но истотака имаше дури и језиви моменти .Детенцето ми беше врв ,колку само беше слатко,што го глумеше син му на Руди. Еден од моите омилени филмови. NO ONE CAN OUTRUN THEIR DESTINY. И на крајот "A great civilization is not conquered from without until it has destroyed itself from within."
Јас го гледав пред некој ден. Немав слушнато за филмов, прво кога прочитав режисер Мел Гибсон бев малку скептична. Сакам историски филмови и најмногу ми се допадна што беше на јазикот на Маите. Многу ме интересираат старите цивилизации и нивниот начин на живот. За колку банална причина ги жртвуваа луѓето, леле затемнување на сонцето, којзнае што си мислеле навистина тогаш за оваа појава. Многу нерално ми беше кога им избега тој (појма неамам како му беше иемто ) повреден, избоден со копје ама трча ли трча, абе кај можеле да издржат тогаш така? Па неможат ни сега. Исто така и сцената кога жена му се породи во водата, ту мач. Најмногу ми се допадна крајот, е тогаш се скаменија и едните и другите, толку им беше од цивилизацијата пристигнаа Европјаните.
Го гледавме со дечко ми и мн. ми се допадна иако не сум љубител на филмови ,поготово не од оваков жанр