Девојки ме интересираат вашите мислења за апсолвентските екскурзии. Дали сте биле на апсолвентска екскурзија и како си поминавте? Дали сте задоволни од патувањето? Кои се местата кои вреди да се видат? Дали се скапи апсолвентските екскурзии ? Што ви се допаѓа а што не во тие патувања? Јас сум апсолвент и планирам да одам на оваа екскурзија иако немам одлучено ниту каде точно ке одам ниту со која агенција. Важно ми е екипата од факултет да е со мене па заедно ќе одлучиме каде и со кого ќе одиме. Ме интересираат вашите позитивни и негативни мислења, на што треба најмногу да се внимава, кои градови се најубави и.т.н И да, ако може да не се клеветат или фалат агенциите со кои сте биле, да не се спомнуваат нивните имиња. Спојлер Ако има ваква тема ставете ја оваа одма во корпа
Следната година е мојата апсолвентска, ама искрено се мислам дали да одам. Ги гледав понудите и од 18 дена на пример, само 10, 11 дена спиеш ко човек во хотел, другото се е во автобус. Нешто слично беше и со екскрузијата во средно, немаш време ниту убаво да прошеташ, да разгледаш, а тие денови се осеќав уморно и небањато како никогаш досега. Со тие пари поубаво ќе си уплатам убав одмор во некој од тие градови. Ама до тогаш може и ќе се предомислам
ОДЕТЕ ОБАВЕЗНО ОТИ ЌЕ СЕ КАЕТЕ ЦЕЛ ЖИВОТ. Јас бев пред 2 години на апсолвентска екскурзија и си поминав најубаво во животов. Иначе во трета година се собравме друштво ама кога требаше да се оди сите откажаа (кој неможел, кој парите за друго ќе ги потрошил) и така останавме само 2 девојчиња моите другарки се откажаа и нејзините и останавме само ние 2 и 5 машки. И сеа со девојчево се договараме дали да одиме пошто нели не се знаеме + 21 ден мислам дека беше, ама на крај се одлучивме да одиме, оти кога си размслив да ја прошетам Европа за 500 евра, па тоа е смешна цена. Да за тие пари ќе си уплатиш ама само за 1 град вака на многу повеќе, ова е еднаш во животот, тоа можеш кога сакаш да си уплатиш и да одиш ама ова со друштво е незаборавно. Затоа јас на сите им препорачувам да одат. Ќе стекнеш и пријателства од други градови, јас до ден денес комуницирам со девојче што се запознав таму. И знаш што, кога се вративме сите шо не беа се каеја и им беше многу криво, затоа од искуство ви кажувам тоа не се пропушта, шансата е еднаш во животот да одиш со друштво нзи цела Европа за 500 евра. Е сега има различни понуди со различни градови. Главно се оди во Франција, Шпанија, Италија, Австрија и Германија, значи во Рим бевме 2 ноќи, во Париз исто, Рим 2, Барселона 3, Ница 1, Виена 1, а ги посетивме Минхен, Кан, Фиренца, Венеција одприлика тоа ми текнува. Накратко агенцијата беше супер водичот и шоферите исто така. Иначе од тие 500 евра 200 евра се плаќа за карти, таму нели шо ќе се оди, но немораш да одиш секаде кај сакаш таму но убаво е да се види. Мене најмногу мерак ми направи Дизниленд се извозив на се. Ќе си внимаваш само на багажот. Сегде ми беше убаво, ама најмногу ми направи мерак Дизниленд и дефинитивно нешто што мора да се посети во Барселона подземен аквариум, 100 метра под земја мислам дека беше, значи нешто огромно со сите видови на водни животни, пингвини, големи риби и ајкули. И да за спиењето во автобус немој да се секираш, нема ни да го сетиш. Послушај ме и не ја испуштај таа единствена прилика. Па чекам да кажеш како си поминала.
И јас годинава планирам да одам на апсолвентска екскурзија. Мислам дека ќе биде убаво искуство за кое можеби никогаш веќе во животот ќе немам друга можност. Во врска со ова, јас пак би сакала ако некој има лошо искуство со некоја агенција подобро да каже, зошто има агенции кои лажат и не ја исполнуваат програмата која се наоѓа во понудата. Што ќе ми е мене само да поминам низ Виена или да ја видам Ајфеловата кула од автобус? Поевтино е отколку да тргнеш на турнеја низ Европа приватно, но искрено пак не се работи за малку пари, и ако веќе се оди на екскурзија да се оди како што треба, да вреди за парите
одете на апсолвентска. таква дружба не се пропушта. да за тие пари можеш да си уплатиш во една држава одмор ама не е тоа тоа. јас бев минатата година и многу сум задоволна. многу се здружив со колегите и посетив места што можеби нема да имам прилика пак да ги видам.
Најубавото патување, денови за паметење, да ми речат пакувај се утре одиме на апсолвентска, одма ќе тргнам без 1 секунда да размислам. Не е совршено, ама додека некој наоѓа несовршености, дека не сакал во автобус да спие, дека не сакал да шета низ Барселона со автобус, дека не сакал да има 5 саати шетање низ Виена итн. нека си седи дома и нека си ги гледа на слики. 500 евра не чини еден аранжман одмор во Турција просечно за 10 дена, а една апсолвентска е околу 500 за 18тина дена. Со уште толку пари трошење за таму. Тешко е првите 2-3 дена додека не се фати ритамот, понатаму се е прекрасно. Да можеби ќе имам пак можности да одам во Париз да го прошетам поубаво, можеби ќе одам пак во Виена и ќе ја шетам повеќе од 1 ден, но целата апсолвентска е прекрасно доживување. Сите што биле ќе најдат мани, но сликите, искуството, дружбата е фантастична. Јас одбирав меѓу апсолвентска 18 дена со Рим, 19 со Амстердам и се одлучив за второто. Рим е некако поблиску и имам повеќе можности да го посетам понатаму во животот. А тие 4 дена во Амстердам што ги поминав ах... прекраснотии. Јас не знам што би издвоила, битно се си посетив, немаше знаменитост кај што не отидов, со исклучок на 1-2 што не ме интересираа (како пазар и берза на цвеќиња ). Иако секој ја доживува апсолвентката на различен начин. Пример во Барселона имаше избор сакаш коктели на плажа и журка или сакаш посета на Дали и најпознатото одмаралиште на богатите, а потоа одиш на коктел. И нормално повеќето одбираа да пијат, да лумпуват, многумина ги трошеа парите на алкохол и не одеа на знаменитостите. Неможам да сватам доживување да ми е да сум пијана во Барселона? Побогу, се постои на светов... Како и да е ако имате можности, ако имате средства, не наоѓајте мани, не правете споредби, одете тоа е доживување. А ако имате пари пак ќе си отиде во омилените градови понатаму во животот, па млади сме
Јас нема да одам на апсолвентска, од причина што на повеќето местa сум била (освен Верона, Венеција и Амстердам), и не ми се исплати... НО, да знаете дека за тие пари неможе да се посетат сите тие места, ќе ви требаат многу повеќе пари ако ги посетуваате оделно... Така што од мене, go for it доколку имате финансиска можност! еднаш сте млади и ќе го преживеете спиењето во бус !
Не ми е во план да одам. Прво и прво бидејки е една копа пари и со нив радо би отишла со дечко ми некаде. Второ неможам да издржам настрана 14 дена со сељаците кои ми се колеги. Трето не обожавам пола ексурзија да ја поминам во автобус, а и плус тоа имам лошо искуство со автобус на екскурзија и некако страв ме фака. И знам дека нема да зажалам никогаш, без разлика колку убедувате Ја би радо нов лап топ и одмор на подалечно место со дечко ми. 1000 пати поубаво ке ми биде на душичкава
Totally agree. Јас не бев на мојата апсолвентска екскурзија, баш ради тоа. Туристичките патувања си ги доживувам на посебен начин и сакам секој комодитет да ми е овозможен. Јас не одам пример три години на одмор во права смисла на збор, единствено 3-4 дена до Охрид ете, да не заборави мојата кожа што е сончање и тоа кај пријатели, но затоа четвртата година си уплаќам во убав хотел и за подолг период минимум две недели пример. И тој одмор ми е најубав. A да се потам и смрдам две недели во автобус...за што? За дружбата со колегите кои после факултет ни „здраво“ не викаат (повеќето)? Не, благодарам.
Неможам да се согласам со повеќето од вас ама ни под разно. Прекрасен пост на Росонерка, човек кој бил и кажува од искуство. Неможе да се споредува eскурзијата апсолвентска со ниту еден одмор! Зашто? Прво и прво за тие пари околку 500 евра е поминуваш пола Европа Добро да не претерам ама едно 5 држави сигурно. Сите се јаки и сите ама сите се дигаат со тоа како не ќе скапувам по автобуси, за што да видам на 15 минути Париз или Рим А сите кои така вика и мислат дека со исти пари ќе одат они каде сакаат и со кој сакаат верувајте не се организираа и не отидоа никаде на посебно место. Тешко е сам да се организираш,ти да правиш комбинации да закажуваш летови, автобуси, резеврации во хотели, кинење на живци до крај. Овде друг ти ја мисли, седнуваш во автобус, нозете во вис А скоро сите тури се со автобус, секаде каде и да одите во Европа, немој да ми речете сега дека сегде идете со авиони, искрено ретко кој од нас може да се дозволи секаде да оди со авион. Дружењето е секогаш шлагот Јас треба сега да одам, т.е сега сум апсолвент и не планирам да го пропуштам за ништо на светов. Прво ќе одиме на една кратка научна ексурзија во Берлин, па после одма на оваа,куферите спремни за 30 дена Гледам и кај мене во група пола и повеќе мрчат со истиот изговор, господите неќеле да се мкнат по автобуси, со тие 500 евра ќе иделе кај сакале, ама сите се џиткаат џабе, сами организација е многу потешко и може да излезе и поскапо. Се надевам дека ќе одам во Амстердам, Рим исто ама Рим е прескап Во Барса, Монако, Ница, Кан сум била, ама сакам пак да одам Ма во Замбија да ме носат јас сакам да одам бе, се сакам
Абе девојки, се фино, ама сите сте се фатиле дека се поминува пола Европа. А што сум видела јас од таа пола Европа кога ја гледам во автобус? Ако е така и кога одам со кола некаде подалеку, ако поминувам низ некоја држава само по автопат, тоа ми се важи дека сум била таму? Ете бев на екскурзијата во средно во Будимпешта, Виена и Прага. Сега кога ги гледам сликите, јас не се сеќавам на тие места, ама буквално, само зашто сме се задржале пола саат или сме поминале од таму со автобус. Тоа за мене не е шетање и посетување на местото. За такви европски градови требаат минимум 5-6 дена за да ги осетиш, да ги видиш и запамтиш. Тоа со дружењето не оспорувам, само што и не сите се така сложни. Јас од мојот смер се дружам повеќе со 4-5 девојчиња од вкупно 40 души, зашто прво со многу од нив имам различни размислувања, ставови, места на излегување, друштво, некои се покажале толку безобразни што и не им ни правам муабет и не можете да ме убедите дека една апсолвентска тоа би го сменила, особено не долгорочно.
^ Fem, никој не вика да се дружиш со сите, верувај дека сите 40 нема ни да одат! Исто и кај мене 40 души група со пола сум сосмеа океј останата половина ни на слика некам да ја видам. На апсолвенсткава ќе идеме едно 10 ама преку сила. Знам само јас и две мои најблиски колешки и еден дваца колеги ќе идеме. И две со кој добро стојам и ми иде маубет. За другите ич не ми е галје. 5-6 души милина друштво У средно ескурзијата ми беше екста, иаку со пола клас не бев нешто нај нај, ама сепак бе туку 6-7 души што и ден денес сум во контакт. А за здружување знам дека нема, ако до сеа у овие 3 години очи неќевме да си видиме, па тек сеа, али не се битни тие. Битно е да имаш со кого да одиш, тоа сигурно барем 1-2 другарки, другари со кој добро стоиш и полн џеб, тие 500 и уште сигурно 500 минимум, зависи како што планираш да купуваш, правиш. Авантуристкичкиод дух во куфер, и апаратот во џеб Неќам да помислиш дека сеа те с`скам или нешто, само мислам дека ако имаш финансиски можност и имаш барем со некој со кој си близок да бидете во соба, зашто да не, оди и ич да не му ја мислиш
Јас оваа година планирам да одам на апсолвентска екскурзија. Тоа дружење и шетање не би го пропуштала. Но мене ме интересира друго да прашам. Цело време се мислиме со колешките за храна. Некои не советуваат да си земеме по некоја кифличка, некое паштетче (тоа што го јадеме всушност) од тука, а некои поминале така, и без храна, јаделе кај ќе стигнеле по градовите. (Сепак, факт е дека и надвор сите јаделе повеќе пати, но некој си носел и со себе.) За вода секако ќе тргаме со пакети, па кога ќе ни привршува ќе купуваме, но за храна не би знаела што да правам. Знам дека е уште рано, но таман време да прочитам искуства во врска со тоа. За другото немам што да коментирам, кажано е веќе претходно. Јас одвај чекам.
Ако одиш со таа цел дека за некои градови треба 5-6 дена јас нема да се сложам. Во Париз и 1 месец е малку. Тоа значи ако јас немам слободен 1 месец дека не е убаво ни на 4 дена да ги видам најубавите работи во Париз? Нема врска ок, секој различно ги сваќа работите. Секој си става предност на различни работи во животот. Не ве тера со сила некој да одите. Ама многу лошо ја сваќате апсолвентската, смешно е да наоѓате такви забелешки кои искрено нема врска за нив. Јас можам секоја година да одам со дечко ми на одмор, ама на апсолвентска не верувам дека би имала можност пак. Поради обврските, дај ми сеа 20 дена одмор? Сеа и да имам толку дена ќе сакам да се одморам на некое место поради уморта која ја чуствувам, а тогаш студентче шеташ скиташ уживаш. И јас кога бев на апсолвентска кај мене на факултет касно организираа, не знаеја преку која агенција како што, за на крај испадна мала тура низ европа. Јас со 3 другарки си уплативме со друг факултет. Ни ги знаев луѓето ни ништо. Па се дружевме и најбитно ние си бевме заедно 4те. Ма топ си поминавме. И не навредувајте, сме смрделе бе. Бог да чува. Многу многу е ефтина апсолвентската за тоа што го нуди. Одете сеа во дизниленд сами да речеме. Картата е 45 евра, а групно ти е 23. И за секоја знаменитост 50% е поефтина кога оди група поголема. Јас сеа да одам во Барселона сама на 10 дена ќе речам дека ми требаат над 1000 евра. Тогаш за 1000 18 дена поминав 10тина држави. Иначе за јадењето знајте цените се тука некаде не е скапа храната. Може да земеш кроасани и кифли за први денови. После ќе си купуваш. А индивидуално е. Некој ќе седне во ресторан ќе јаде пица на плоштад во Италија за 15-20 евра, некој ќе купи пица на парче за 2ипол евра. Некој ќе седне ќе пие макијато за 2 евра, некој ќе пие нес со шлаг и сладолед за 10 евра. Индивидуално е. Но храната не е прескапа. А и вие нема да одите во луксузни ресторани. Ќе одите ако сакате во ресторанчиња, не е прескапо, нормално е. Како ти сакаш така ќе си поминуваш. Може и да поминеш ефтино, може и скапо. Само внимавајте си на џебот. Имаше луѓе кои молеа за пари на пат за дома. Тоа е срамота. Кога одиш 15 дена подели си го џепарлакот. Пример имаш на ден 25 евра да трошиш. И не дозволувај над тие 25 да потрошиш. Распределете си ги парите.
Јас бев на апсолвентска екскурзија и им препорачувам на сите кои имаат можност обавезно да одат. За тие пари толку места никогаш нема да можеш да посетиш. Мене апсолвентската екскурзија ме чинеше некаде околу 1100 евра. 500 за аранжманот и 600 евра за трошок (тука влегуват и влезниците). Ние бевме 18 дена и ги посетивме Виена( имавме и ноќевање со доручек и вечера) Минхен, Париз ( три дена со полн пансион), Лорет де Мар и Барселона ( 5 дена т.е четири ноќевања со полн пансион), Фигуерес, Кан, Монако Монте Карло, Ница(едно ноќевање полу пансион), Милано, Лидо ди Јесоло(едно ноќевање полу пансион), Венеција и Верона. За влезници не штедете, одете секаде, во секој музеј, на секој стадион, во секој дворец, зашто за тоа сте отишле на екскурзија. Сега ќе ви пишам и од прилика како се движеа цените на влезниците(колку се сеќавам) - за во дворецот Шенбрун во Виена влезницата беше бесплатна, се плаќаше само ако сакаш да влезеш внатре во замокот, во Лувр во Париз беше 8 евра, за на Ајфелова кула некаде околу 10 евра, за Дизниленд околу 40 евра, Версај исто околу 30-40 евра, за Камп ноу во Барселона - 8 евра, крстарење на Сена околу 10 евра. Храна јас не носев, носев само за по пат за првиот вечер, а реално мислам дека и не ви треба, зошто во хотелите има храна во изобилие. Во секој хотел што бевме сместени имавме убава храна и пијалоци, освен во Ница и во Лидо ди Јесоло, ама таму и хотелите беа крш. Инаку во хотелите во кој имаш полн пансион, ако треба да шетате цел ден ви ја пакуваат храната во ланч пакет и си ја носите со себе. Да се храниш надвор е скапо. Јас купив хамбургер во Париз и го платив 20 евра . Кафе нема да најдете под 5 евра, читајте добро на менито зашто негде се наплаќа кафето на пример 5 евра плус 2-3 евра што седиш во кафичот(ова во Венеција ни се случи). Не се слагам дека не можеш да видиш ништо и дека гледаш од автобус, зашто не е така. Сите позначајни места и оние кои ви се предвидени во програмата ќе ги видите и ќе прошетате. За 1000 евра да прошеташ низ Шанзелизе, да одиш цел ден во Дизниленд, да го посетиш Версај, Лувр, Нотрдам, Домот на инвалидите во Париз, да отидеш во Шенбрун, да шеташ во Минхен, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Милано, Верона и Венеција се исплати ептен. Така да, девојки сите кои имате можности(а денес има многу поволности, многу од агенциите даваат на рати да уплаќаш) обавезно одете зашто е незаборавно доживување и искуство. Ретко кога после тоа ќе се осудиш и одлучиш да отидеш, ова од искуство ви кажувам.
Мислам дека можеш Знам за сигурно дека не мораш да идеш со твојот факултет, другар од медицина ќе иде со правен, таму му биле сите другари. Кој си плаќа сегде може Ама прашај убаво да не те излажам
Не мора да бидеш апсолвент, ние кога бевме со нас имаше дечко и девојка што не ни беа кај нас на факултет, ама ете ги вклопиле со нас
Не бев а и не ни жалам поради тоа. Свесна сум дека повеќето се враќаат со импресии и позитивни впечатоци, али тој тип на организација не е за мене. Да се селам од град во град секој втор ден, без вистински да ги почуствувам или разгледам поголемиот дел од нив(важно у резиме ми стои низ колку држави сум шетала). Пола од времето да го поминам дремејки во автобус а другата половина трчајќи со апаратот лево десно уште нерасонета... Некомодитетот кој го пружа тоа патување....ќе ми се одмили се. Работата е за тие пари толку.
Ej истото во Милано, на плоштадот јадевме пица и додатно плативме уште 5 евра, ама кај нив на менито најдоле си пишуваше, данокот не е вклучен во цената, потоа со сметката си доаѓа Тоа е изгледа некоја шема италијанска Иначе јас јадев и во ресторани и купував пица и не памтам нешто прескапо да поминав. Јадев во Париз во ресторан со поглед на Ајфелова кула за 15тина евра сокче, кафе и макарони кватро формаџе. А кафенце најефтино е еспресото, го има за 3 евра во речиси секое кафуле. Ретко да најдете макијато. Капучиното е поскапо. А парче пица во венеција беше 2ипол евра. Исто и во Верона. Воопшто не е тешко да најдеш храна прихладна за џебот, само треба да побараш, нема на центар на плоштадот да јадеш, ќе најдеш некаде низ уличките останати. Тоа е исто како во Скопје, се во центарот е дупло поскапо. Инаку пред секое ресторанче има менија, воопшто не е срамота да ги разгледате. Ах најскапо беше Монте Карло, јадев прилично ефтин француски сендвич, 3-4 евра беше. Ама затоа кафето со сладолед беше 20 евра. Се опрчив, ама јебига коцкарница поглед имаш на секој кој доаѓа во казината, на луксузен возен парк, мож еднаш у живот ја имам таа можност, епа нека е за арно и 20 евра тогаш се малку Инаку имав пресметано околу 230 евра ми доаѓаа за влезници, за сите влезници до едно. Мене ме чинеше 550 турата со се визата. Значи 780. И јас истрошив колку Боа отприлика.