Здраво Да ве прашам вас што сте биле на повеќе настапи во оваа сала.. Која е најдобра локација да си купам седиште или пак фан пит за да бидам најблиску до настапувачот и да можам да го следам најдобро настанот?
Ова се две различни сали. Најдобро за седење е од четврти ред нагоре, бидејќи во долните редови се движат луѓе и нема да можеш да си седнеш пензионерски на раат или да играш ако сакаш. Е, сега за блоковите, вклучувајќи и Фан пит, е според парите што ги имаш за настанот.
@traffika Фан пит не ми се бендисва многу туркање доколку е цел дел, а ако е напред, а назад е партер тогаш е добра опција. Најдобра опција за Борис Трајковски се блок 13 и 3, али за поефтини карти и блок 8 е добар само е подалеку од бината, а за ред да не е долу негде насредина. За Јане Сандански немам искуство
Каде може да се виде мапа на Аренава? Карти треба да земам, а поим немам каде е партер 10, пример. Ради анксиозноста, сакам комоција и да можам и на воздух да излезам.. Или нз каде што има комоција. За секој концерт, посебна мапа има како ќе изгледа местото?