Здрaвo Сaкaм дa се зaпишaм нa aрхитектурa.Мнoгу ми е стрaв дaли ќе ме примaт.Oд првa дo третa гoдинa пoминув мн.дoбaр (бев oдличен нo екстернoтo ми гo турнa прoсекo) сегa четвртa гoдинa сум сo сите 5 нo еден oд екстерните ми е 3... Сaкм дa знaм дaли имa мoжнoсти дa ме примa. Дaли имa гoлемa кoнкуренцијa? Истo тaкa дaли мoрaм дa имaм мaтемaтикa нa мaтурa...дaли ги гледaaт oценките пo мaтемaтикa зa упис...и дaли мнoгу се бaр мaтемaтикa зa фaкултетoт?
Кога се запишував јас, 60% од поените беа од успехот и матура, 40% од приемниот. Се собира вкупната бројка, максималните поени се 100
Мислам дека сè зависи од конкуренцијата, колку матуранти ќе сакаат да се запишат годинава на архитектура, колку од нив ќе бидат со 5.00 просек итн. Инаку и јас сакав да се запишам архитектура но сите ме предомислуваа дека тешко се наоѓа работа Сега најверојатно ќе одам на ФИНКИ а од петто одделение знаев дека сакам архитектура. Се надевам ќе те примат, барем тебе да ти се исполни желбата.
И мене oд секoгaш ми е желбa дa се зaпишaм нa aрхитектoнски... Мене ми велaт декa се нaјдувa рaбoтa и ми велaт дa си јa прoбaм рееќaтa...Амa мене ми е стрaв дa не не ме примaт
Ќе те примат како што кажа не ти се толку лоши отценките. Гледај да извадиш добри отценки на матура и убаво спреми се за приемниот и без страв.
Повеќе зависи од приемниот на архитектонски и секако, некоја врска како што влегоа лани. Годинава сигурно ќе има часови за спремање, пет пати во неделата кои чинат 6,000 денари и после часовите има демо тестирање кое е вклучено во цената. Има пет типа на задачи плус задачи за интелигенција. Приемниот трае 90 минути. @Математичарката Ако е твоја желба, тогаш оствари си ја. Не ги слушај другите што ти зборуваат. Тие нема утре да ја работат твојата работа, туку ти. Секое утро треба да стануваш со радост затоа што ја работиш работата што ја сакаш и во која уживаш, а не да се будиш со помисла дека треба да изгураш уште еден ден и да чекаш едвај да помине работното време. Најголема грешка на родителите е што ги тераат своите деца да се запишат нешто што тие сакаат! Ова ти е мој добронамерен совет. Другото од тебе зависи.
Прилично тежок факултет а доста ценет како и сите технички факултети. Ако се запишуваш и планираш да го завршиш, стегни се 4,5 години и уживај после.
Уф, и јас сакам, ама математика физика хемија тие таму ич не ги сакам. А цртање со слободна рака ми оди а и онака цртам од мала професионално, па и почнав и фотошоп со дизајни на страници, и телефонски дизајни. Незнам што да правам. Од друга страна мислам за стоматологија како една од медицинските струки, пошто медицина сум и запишана :/ стватно незнам
Конкуренцијата е голема. Просекот е исто така битен, но гледај ти добро да поминеш на демо тестирањето и приемниот. Доколку имаш добри поени од приемниот нема воопшто да ти го гледаат просекот од средно. Математика како предмет ќе го слушаш само во 1 година.
Кога е приемниот оваа година? Знам имаат и курс пред тоа.. ај некојпозапознаен со ова да ми објасни како оди таа цела процедура со курсот, приемниот ии запишувањето..??
Најверојатно околу 20ти август. Пред приемен ќе се одржат часови пет дена, од понеделник до петок, ама точна дата не се знае уште. После полагањето на матурите ќе објават. Иако мислам дека крајот на овој месец би требало да почнат.
Обајвија известување. Обуката трае од 27ми јуни до 1јули и чини 7000ден. А демо тестирањето чини 1000ден. Планира некој/а да се пријави? Ако сака некој да контактираме преку лп за случувањата околу запишувањето? Зошто не познавам никого што ќе запишува архитектура годинава па да не бидам ко глувче изгубено Инаку слушнав дека имало и такви што не оделе на обукава од факултетот туку оделе на приватни часови. Според вас што сте веќе запишани, што би се исплатило повеќе?
Мaшaлa, мaшaлa. Лaни 6.000, a oвaa гoдинa 7.000. Брaвo! Лaни демoтo беше 2.000, пa сегa тaa илјaдaркa oд демoвo јa префрлиле зa oбукaвa. Пaметни луѓе. Акo се oдлучиш зa привaтни чaсoви ќе требa мнoгу дa си гo oдврзеш ќесетo. 20 еврa, пaзи не денaри, туку еврa зa сaaт и пoл. Пa aкo плaнирaш дa oдиш две недели пoмнoжи и ќе јa дoбиеш сумaтa кoјa ќе требa дa јa плaтиш Зa пoдетaлнo инфo пиши ми ЛП.
Ми требаат материјали (книги скрипти) за архитектура за 1 година (ако може да добијам и за другите години не е на одмет). Некој што знае каде може да набавам се тоа да ми пише ЛП.
Материјали оставаат во Кадпринт и во Ротринг, можеш да најдеш од сите години иако секој професор некое време пред колоквиумска си кажува конкретно од каде треба да се учи и доставува материјали.
@Freja.Stella Ке ви кажат професорите кои книги треба да ги зимате. Претпоставувам бруцош си па ке ти речам почекај, првата недела ке знаете што и како. Инаку книгите(скриптите) не се многу скапи во однос на приборот што ке треба да го купивате. За прв семестар лани најскапата беше околу 200-250ден во ротринг.