Астрална проекција

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Doberman, 6 јануари 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Покрај физичкото тело,секој човек поседува и астрално тело. :!:
    И секој човек ако се потруди и вложи малку напор може да го „разбуди„ астралното тело.
    Значи што е Астрална проекција (Проектирање на астрално тело)?
    Тоа се случува само во сон,односно тоа е префрлање на свеста во астралното тело.
    Тоа е кога сонуваме а сме свесни дека сонуваме,(слично како во филмот Inception).
    Значи за да доживееме Астрална проекција треба да бидеме свесни дека сонуваме,дека се наоѓаме во сон,поточно кажано Астралната проекција е издвојување на свеста од физичкото телото,проекција на свесно астрално тело во сон.
    Има намерна (свесна Астрала проекција) и ненамерна (спонтана Астрална проекција).
    Мене првпат ми се има случено спонтана астрална проекција летоска (пред 4/5 месеци) и морам да признаам дека чувството е прекрасно и фантастично.
    Ова не е измислица што го пишувам,знам дека на многу ќе им изгледа чудно и неверојатно но тоа е реалноста,јас пишувам од мое лично искуство.
    Инаку многу луѓе Астралната проекција ја помешуваат со Луцидно сонување,но не е ни приближно исто.
    Откога доживеав спонтана Астрална проекција и кога се разбудив,незнаев што всушност ми се имаше случено,чувството беше неописиво чудно а воедно и возбудливо,но необрнав големо внимание се додека пред околу 1 недела случајно на еден друг наш форум прочитав дека има многу други како мене што доживеале спонтана Астрална проекција,а имаше и такви кои што намерно (свесно) прават Астрални проекции.
    Сеуште немам некое големо знаење за Астралната проекција,но ги знам основните работи за неа.

    Следна моја цел е да успеам да напрвам Свесна Астрална проекција.

    Баш сакам да се развие дискусија за оваа тема,
    Да ве прашам дали некој од вас има доживеано Астрална проекција?
    Или ако уште нешто ве интересира прашајте ме и од моето скромно знаење ќе се обидам да ви одговорам.
     
    На TrinityNeo, Pamela Daisy, Draginja и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.485
    Ах тој филм Inception ме зашемети...

    Како и да е, јас лично не сум доживеала астрална прокција (претпоставувам чувството е невообичаено прекрасно), знам една жена од друг форум кажуваше дека доживеала... Свесно „се движела“ во сонот, нешто така имаше раскажано.
    Како и да е, раскажи го твоето искуство ;)
     
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Да,тоа и е Астрална проекција што пишала жената.
    Астрална проекција е кога си свесен во сонот и имаш 100% контрола во сонот,значи во сонот може се свесно и контролирано да правиш бидејќи свеста од физичкото тело (кое во тој момент е заспано и нефункционално) е префрлена во астралот (твоето тело во сонот).

    Моето искуство беше многу кратко бидејќи тоа беше несвесна астрална проекција и бидејќи ми беше првпат (за жал и единствен пат досега) но сенадевам дека повторно ќе ми се случи бидејќи тоа е нешто прекрасно.
    Мојата астрална проекција траеше 10тина секунди (многу кратко затоа што беше првпат,но со тек на време се зголемува времетраењето),знам дека кога се разбудив во сонот односно кога станав свесна дека сум во сон,се наоѓав во мојата соба и се јасно се гледаше и едноставно направив неколку чекори да се доближам до моето физичко заспано тело,но во тој момент се разбудив.
    А се разбудив затоа што знаев дека си го гледам моето физичко тело,односно кога го видов моето тело помислив на телото,а ако помислиш на телото веднаш се враќаш во него.
    Значи за да Астралната проекција биде подолга и успешна треба да знаеш да ги контролираш мислите (а контрола на мислите се постигнува со медитација),односно во ниеден момент нетреба да помислиш на твоето физичко тело бидејќи во спротивно одма ќе се вратиш назат во физичкото тело и ќе се разбудиш.
    Едноставно треба да заборавиш дека имаш физичко тело кое во моментот спие.
    Ама ете јас тогаш тоа не го знаев и не ни имав слушнато за Астрална проекција.
    И не знаев дека тоа што ми се случи всушност била несвесна астрална проекција се додека пред околу 1 недела случајно на еден друг наш форум не ја прочитав темата и прочитав дека има и многу други луѓе со исто искуство како моето.
    Многу сакам повторно да доживеам Астрална проекција затоа што тоа чувство е неописиво,кој доживеал знае за што зборувам :inlove:
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.848
    Леле ама интересно. Би сакала и јас да направам свесна астрална проекција. А дали другите луѓе можат да ти го видат духот и можеш ли да отидеш каде што ќе посакаш?
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.869
    Неможат да го видат, колку што знам јас :)
     
  6. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.923
    Абе вие озбилни сте? :D Ај идам ја да си легнам...може ќе се изпроектирам па ем наспана ем прошетана утре ќе се разбудам...со нови сили! во нови победи! :D
     
    На Сега Те Спржив, E...V...I...L, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.869
    Зошто дали сме озбилни? :D Јас сакам да го доживеам ова, ама страв ми е, што ако не се вратам во телото? :o Ќе си лутам низ светот таква астрално проектирана :D
     
    На iloveyou29, rose60, DramaQueen1 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.168
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато за астрална проекција,знам што е,познавам луѓе на кои ова им се има случено и кои исто биле изненадени од тоа,но и такви кои умеат тоа да го направат свесно.Мене вакво нешто никогаш ми се нема случено,некако ми делува апстрактно и непоимливо,сепак луѓето си кажуваат што им се случило и немам зошто да им се чудам или да не им верувам,секој си кажува што доживеал и нормално им оставило некаков впечаток.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.022
    Луѓе ај прашајте неурохирург за астрална проекција да видите што ќе ви каже! :!:
    Значи се ежам со самава помисла, некој може си мисли дека си доживеал астрална проекција а уствари.... не дај боже!
     
    На biGirl, Twinkles и E...V...I...L им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.869
    Мимс ај кажи што знаеш повеќе, не не ставај во мисла вака...
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Мислам дека Мимс сакаше да каже за клиничка смрт
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.869
    Па каква врска има клиничката смрт со Астрална Проекција? :?:
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    41.557
    Пол:
    Женски
    Татко ми при пад од високо си го има повредено 'рбетот и се има видено од високото како лежи доле.... нешто што не може да го опише што му се десило и ден денес
    ваљда во некаков таков контекст се поврзани астралната проекција и клиничката смрт...
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Па има врска затоа што кога си во клиничка смрт си исто како мртов се ти откажува и срце и сите органи,само мозокот ти работи.
    Слично е и со Астралната Проекција целото тело е укочено и срцето многу слабо куца и изгледаш како да си мртов.
     
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Другите луѓе неможат да го видат Астралното тело (не е тоа дух како што го нарече) а и ти со Астралното тело неможеш да дејствуваш на физичкиот свет. :!:
    Да,со Астралната проекција можеш да отидеш каде што ќе посакаш и можеш да одиш во иднината и во минатото.
    Исто како временска машина,баш затоа и во темата за временска машина реков „Многу луѓе се во потрага по временска машина а всушност Астралната проекција е совршена временска машина).

    На првата страна во моите 2 први поста имам опишано што е Астрална проекција и го имам пишано моето искуство.

    Значи ова не е измислица,јас имам доживеано Астрална проекција и се што ве интересира прашајте ме.
     
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.848
    А не, јас конкретно си замислив како одам во друг град (каде што живее дечко ми) и да го гледам како спие. Можеби малку идиотски размислувам ама како прочитав, тоа прво ми светна во мисли. :D :D :D
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Да да може да отидеш кај дечко ти кога си во астрална проекција се движиш со мислите,значи доволно е да помислиш на дечко ти и оп ќе се телепортираш кај него.
    Али како што кажав ниту тој ќе знае дека си кај него ниту пак ти ќе можеш да дејствуваш на физичкиот свет. :!:
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.822
    А што треба да направиме за да ни се случи Свесна Астрална проекција?
     
    На Oscar Lady и Twinkles им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.869
    Концентрација треба многу... Треба многу да сакаш да ти се случи АП и со помош на медитација. Ова мислам се клучни фактори за да постигнеш АП. За повеќе прашај ја доберман, поупатена е.
     
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    513
    Како прво треба да влезеш во состојба на ТРАНС а после тоа лесно оди.
    Инаку Транс - состојбата не е лесно да се постигне.