1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астрологијата и есента

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од eli25, 20 септември 2011.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Воздушни знаци (близнаци, вага, водолија)
    Воздушните знаци го обожаваат она чувство на есен, кога треба да се вратат на работните задачи, но може да им се случи да си зададат премногу обврски, кои потоа не можат да ги исполнат. Од аспект на здравјето, најповолно за нив би било да си создадат редовна рутина во извршувањето на секојдневните активности и на тој начин да си внесат ред и баланс во животот. Бидејќи воздухот во овој дел од годината има тенденција да биде многу сув, воздушните знаци треба редовно да користат масла и млека за тело, кои ќе ја одржат влажноста на нивната кожа. Исто така, медитацијата и јогата можат да помогнат за разбистрување на нивниот ум и за подобро фокусирање на задачите.

    Огнени знаци (овен, лав, стрелец)

    Огнените знаци може да имаат малку тешкотии да ги испратат мрзеливите летни денови, бидејќи тие попрво би си играле, отколку што би работеле. Тие можат да ја одржат забавата во животот доколку практикуваат вежби кои вклучуваат музика. Бидејќи во овој период од годината кај огнените знаци може да се појави чувство на исцрпеност, уметноста, музиката и часовите по глума, можат да бидат одличен начин за разгорување на нивната креативност, која ќе придонесе овие страсни знаци да се чувствуваат исполнето и среќно. Етеричните масла од лаванда и рози ќе им помогнат да се ослободат од стресот и да го подобрат расположението.
    Водни знаци (рак, скорпија, риби)
    Водените знаци многу посуштински гледаат на есента, бидејќи таа им дава време да ги процесираат и да размислат за сите настани кои се случиле во летото. Тие за време на есента сакаат да се сами и да имаат повеќе слободно време да пишуваат, сликаат или едноставно да мечтаат. Само ваквите активности ќе им помогнат да останат во нивниот природен баланс. Бањите, топлите извори и прошетките по плажа, се одличен начин да се соземат и да се ослободат од стресот.

    Земјени знаци (бик, девица, јарец)


    Практичните земјени знаци ја обожуваат есента, бидејќи се враќаат на активностите, редовниот распоред и обврските, кои им даваат чувство дека се продуктивни. Овие знаци можеби ќе скокнат пребрзо во долгочасовна работа и преземање премногу обврски, кои потоа можат да имаат стресни последици. За да останат во природниот баланс, нив им е потребна физичка активност. Градинарството и прошетките помеѓу есенските златеникави лисја, се одличен начин за тие повторно да се поврзат со природата. Спа-третманите можат да им бидат од голема корист, бидејќи тие вистински уживаат во човечкиот допир.



    п.с.Потврдувам со две раце,за Близнаците :)
     
  2. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Земјени знаци (бик, девица, јарец)[/b]

    Практичните земјени знаци ја обожуваат есента, бидејќи се враќаат на активностите, редовниот распоред и обврските, кои им даваат чувство дека се продуктивни. Овие знаци можеби ќе скокнат пребрзо во долгочасовна работа и преземање премногу обврски, кои потоа можат да имаат стресни последици. За да останат во природниот баланс, нив им е потребна физичка активност. Градинарството и прошетките помеѓу есенските златеникави лисја, се одличен начин за тие повторно да се поврзат со природата. Спа-третманите можат да им бидат од голема корист, бидејќи тие вистински уживаат во човечкиот допир.


    Точно е! Преку лето се чувствувам толку бескорисно и толку мрзелливо. Сега преку есен ми се враќа креативноста и желбата за работа ;)
     
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    да многу го сакам летото и најубаво се чувствувам во тој период, во есен навистина сум исцрпена и поспана, исто така обожавам вежби со музика како зумба на пр. ;)
     
  4. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Водни знаци (рак, скорпија, риби)
    Водените знаци многу посуштински гледаат на есента, бидејќи таа им дава време да ги процесираат и да размислат за сите настани кои се случиле во летото. Тие за време на есента сакаат да се сами и да имаат повеќе слободно време да пишуваат, сликаат или едноставно да мечтаат. Само ваквите активности ќе им помогнат да останат во нивниот природен баланс. Бањите, топлите извори и прошетките по плажа, се одличен начин да се соземат и да се ослободат од стресот.

    Ахх колку убаво. И точно. :*
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Земјени знаци (бик, девица, јарец)

    Практичните земјени знаци ја обожуваат есента, бидејќи се враќаат на активностите, редовниот распоред и обврските, кои им даваат чувство дека се продуктивни. Овие знаци можеби ќе скокнат пребрзо во долгочасовна работа и преземање премногу обврски, кои потоа можат да имаат стресни последици. За да останат во природниот баланс, нив им е потребна физичка активност. Градинарството и прошетките помеѓу есенските златеникави лисја, се одличен начин за тие повторно да се поврзат со природата. Спа-третманите можат да им бидат од голема корист, бидејќи тие вистински уживаат во човечкиот допир.


    Убаво кажано..
    Само морам да редактирам. Прочитав и за водени знаци, дека у подзнак сум скорпија и таму исто ми е погодено од збор до збор..
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Лавв
     
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Водни знаци (рак, скорпија, риби)
    Водените знаци многу посуштински гледаат на есента, бидејќи таа им дава време да ги процесираат и да размислат за сите настани кои се случиле во летото. Тие за време на есента сакаат да се сами и да имаат повеќе слободно време да пишуваат, сликаат или едноставно да мечтаат. Само ваквите активности ќе им помогнат да останат во нивниот природен баланс. Бањите, топлите извори и прошетките по плажа, се одличен начин да се соземат и да се ослободат од стресот.

    Рак сум и навистина многу ја сакам есента, поточно, најомилена ми е. Се чувствувам некако убаво и пријатно, среќно и исполнето. Сите тие бои и таа убавина ме инспирираат и навистина сакам да пишувам, творам, да си мечтаам, да си седам завиткана во ќебе со топол напиток до мене. И секако, уште подобро е со него покрај мене :)