Знаците овен, рак, вага и јарец умеат да смислат паметни идеи и имаат неисцрпен извор на инспирација. Не постои речиси ништо кое овие знаци не умеат да го остварат, ако го „наместат умот“ кон реализација на некоја цел. Но, тоа мора да е нешто што трае кратко, бидејќи во спротивно ним ќе им здодее и ќе го изгубат фокусот кон работата. Неуморните и снаодливи знаци близнаци, девица и стрелец имаат фантастични методи за пронаоѓање нови начини на заработување пари. Тие ќе нацртаат неколку шеми и ќе ги закачат на ѕидот, за полесно да увидат која е вистинската која треба да ја следат. Близнаците најверојатно извесен период ќе се колебаат помеѓу 6 различни проекти, бидејќи тие преферираат да ги земаат предвид сите опции кои ги имаат. На рибите им треба помош околу ова, бидејќи кога се оставени сами на себе тие само ќе се префрлуваат од една на друга работа, не знаејќи на што попрво да се посветат. Ним не им недостигаат идеи, туку едноставно никогаш не можат да решат за која од нив треба да се борат и да целат кон нејзина реализација. Бик, лав, скорпија и водолија – ним не им недостасува упорност, издржливост и непоколебливост, но понекогаш тие се психички „заглавени“ во еднолично секојдневие и досада, па за да се мотивираат потребно им нешто што ќе ги „протресе“ и ќе им внесе разновидност и забава во животот. Бик и вага, кои имаат репутација на мрзливи личности, истовремено се и многу (дури и претерано) амбициозни личности кои знаат да бидат и многу толерантни и широкогради. За да дојдат нивните квалитети до израз, овие знаци навистина треба да се „разбудат себеси“ во оние понапорни денови. Тие навистина мразат да бидат лишени од специјалните луксузи кои ним им се потребни за да се чувствуваат исполнето, па тие се спремни максимално да се вложат себеси за да си ги овозможат. Авантуристичките знаци стрелец и водолија, ќе се спремат за акција во оној момент кога ќе го „намирисаат“ предизвикот, а реализацијата секогаш ќе најдат начин да ја остварат преку забава. После краток период, ефектите ќе бидат очигледни, а токму тоа е она кое ги одржува овие знаци постојано енергични. Оние кои најдобро се справуваат со предизвиците се девица, јарец и близнаци бидејќи тие едноставно знаат кога да очекуваат прилив, а кога одлив на пари. Тие од една страна ќе се замислат себеси како ја држат наградата од нивниот успех, а од друга страна ќе се посветат на практичните поединости во работата која треба да биде завршена.
Нормално дека ќе ве погодат, за сите знаци има супер зборови напишано, за никој лошо ајдеее беее така било тоа. Подобро статијава да е сите прифаќаат предизвици Мразам хороскоп, тоа се утешни зборови за луѓето кои веруваат во него. Хороскопскиот знак го делиш со 500 милиони луѓе во светот, не може сите да имате ист ден, иста недела, иста година, исти проблеми ... исто прифаќање на предизвици
rossonerka точно така но од тие 500 милиони на 2 ќе им се погоди и после ќе велат хороскопот погодувал
Хороскопот и сексот Овен - Ставете му на знаење дека го обожавате, никогаш не му наредувајте, но и немојте да се согласувате за сè со него, тоа му е досадно. Сакаат да доминираат, со нив сексот често е груб, брз и многу возбудлив. Сексуалано разбудете го со масажа и грицкање на усните. Бик - Кај бикот е добро да уживате во старата народна поговорка дека љубовта излегува од желудникот. Ќе ви се исплати бидејќи биковите се страствени и издржливи љубовници, но им недостасува иновативност. Бакнување во врат ги излудува исто како и црвена крпа пред очите. Близнаци - Сакаат да разговараат и се воодушевуваат ако им ги проширите хоризонтите. Сакаат да експериментираат и не се срамежливи. Момчињата сакат да им ги бакнувате прстите а девојките дланките за да се чувствуваат како принцези Рак - Ако им делите комплименти, внимавајте да бидете искрени и иновативни, во спротвно ќе ве прочитаат веднаш. Дајте им чувство на доверба и дозволете им да ви помогнат. Нежен секс со раковите ги вклучува сите сетила, но немојте да очекувате некои посебни новости. Ги возбудува галење на градите. Лав - Се возбудуваат на воодушевување и комплименти, па и кога не се сосема искрени. Многу се чувствителни и страствени љубовници. Разнежнете ги до еротска масажа или нежно грепкање по грбот. Девица - Бараат партнер кој ќе ги смири интелектуално. Многу ретко се одлучуваат за авантура, а во долга врска сексот со нив секој пат е сè подобар и подобар. Прилично се конвенционални и не сакаат неочекувани ситуации во сексот. Стомакот им е главна ерогена зона. Вага - Сакаат да зборуваат за себе. Не е тешко да ги освоите ако спрема нив сте искрени и забавни. Најчувствителен дел од телото им е долниот дел од грбот и задникот. Можете да откриете додека играте, а подоцна почнете со интимности. Вагите се доминантни љубовници. Скорпија - Немојте да се обидете да ги контролирате, но немојте ни да бидете млитави затоа што тие сакаат силни луѓе. Сексот со нив е интензивно и страстно искуство, многу се издржливи и спремни да ги исполнат вашите замисли. Гениталиите кај скорпиите се поосетливи отколку кај останатите. Стрелец - За да ги привлечете морате емоционално да се воздржите. Лесно ќе ги повикате на состанок, но потешко ќе ги вплеткате во сериозна врска. И кога ќе ги освоите мора да сте подготвени дека ќе ги делите. Тие се авантуристи, сакаат да истражуваат, секс во природа и слично. Не сакаат конзервативни партнери. Ги возбудуваат покриените делови од телото. Јарец - Сакаат да разговараат за сериозни теми и потребен им е некој кој добро ќе ги насмее. Никогаш немојте да доцните на состанок. Издржливи љубовници, можат да имаат секс пo цела ноќ и добри се во тоа што го прават. Заведете ги милувајќи им ги колената и нозете. Водолија - Потребно е да сте комуникативни и флексибилни. Ерогени зони им се листовите. Масирајте ги или врзете ги. Креативни се во сексот, го доживуваат како забава и сакаат брз секс. Риби - Заведете ги со разговор за духовноста. Сакаат позитивни партнери кои ќе им доделуваат комплименти. Распламтете ги со масажа на стапалата кои се главна ерогена зона кај рибите. Сакаат еротски игри, глумење улоги...
Знаците овен, рак, вага и јарец умеат да смислат паметни идеи и имаат неисцрпен извор на инспирација. Не постои речиси ништо кое овие знаци не умеат да го остварат, ако го „наместат умот“ кон реализација на некоја цел. Но, тоа мора да е нешто што трае кратко, бидејќи во спротивно ним ќе им здодее и ќе го изгубат фокусот кон работата. Колку подолго трае ,толку повеќе ме заморува ,точно така. Инспирација си наоѓам во секој молекул што ме опкружува и навистина се можам да постигнам ако си го навијам мозокот. Нема застој кај мене
Колку е само точно за мене. Секогаш ама секогаш имам на ум повеќе од една идеја и секогаш сум во дилема со чија реализација да започнам прво. Ама барем за среќа, брзо си правам план, па си ги остварувам по него.
Неуморните и снаодливи знаци близнаци, девица и стрелец имаат фантастични методи за пронаоѓање нови начини на заработување пари. Тие ќе нацртаат неколку шеми и ќе ги закачат на ѕидот, за полесно да увидат која е вистинската која треба да ја следат. Близнаците најверојатно извесен период ќе се колебаат помеѓу 6 различни проекти, бидејќи тие преферираат да ги земаат предвид сите опции кои ги имаат. Епа, епа..има нешто точно.
Знаците овен, рак, вага и јарец умеат да смислат паметни идеи и имаат неисцрпен извор на инспирација. Не постои речиси ништо кое овие знаци не умеат да го остварат, ако го „наместат умот“ кон реализација на некоја цел. Но, тоа мора да е нешто што трае кратко, бидејќи во спротивно ним ќе им здодее и ќе го изгубат фокусот кон работата
navistina mi se dopaga,no eve jas sum vodolija so podznak skorpija i voopsto ne se stremam kon predizvici.mnogu e interesno koga stanuva zbor za horoskopski znak se veli vodolijata e fantazer vo red,no podobro receno patuvac so mislite za nesto podobro.