Астрологијата и релаксирањето во слободно време

Discussion in '„Другата“ наука' started by rici.aaaaa, Jun 14, 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,404
    Колку навистина знаете да се релаксирате и да се препуштите на мислите кои ви говорат дека животот е убав? Дали бесцелно талкате низ секојдневието кога ќе се вратите дома од училиште, факултет или работа и на крајот од денот сфаќате дека сте проживеале уште еден напнат и заморен ден? Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот хороскопски знак.



    Кардинални знаци

    Овенот, ракот, вагата и јарецот чувствуваат вишок на енергија во себе, која сакаат да ја согорат со тоа што си задаваат цели кои сакаат да ги постигнат, па изгубеното време поминато во паузи, може да биде стресно за нив. Она што им треба, е да поминат повеќе време со нивните блиски другари и со членовите на семејството и да научат како да забават.

    Јарецот мора да научи да биде понежен, полн со љубов, милостив и да посвети повеќе време на своето семејство и на сите блиски луѓе воопшто.

    Овенот треба да го научи значењето на зборот сплотеност и да му дозволи на неговиот партнер, барем понекогаш да ги „држи конците“.

    На вагата и користи времето помината сама со себе, бидејќи на тој начин се заштитува од нејзино вовлекување во нешто во кое не сака да биде.

    Ракот дефинитивно треба да потроши време на самоанализа во мирно опкружување, бидејќи тоа ќе му помогне да си ги „наполни батериите“.
    .
    Променливи знаци

    Близнаците, девицата, стрелецот и рибите се неуморни знаци, но после напорниот ден, тие со задоволство ќе се стават во „chill-out“ мод.

    На близнаците сè што им треба, е да го одржат нивниот ентузијазам и оптимизам на високо ниво, бидејќи кога немаат што да прават, тие стануваат намуртени и меланхолични.

    Девицата треба да научи како да „одлета“ со мислите, наместо постојано да се грижи за плановите и за најситните детали.

    Стрелецот ќе има поголема корист ако помине повеќе време размислувајќи ги, а не правејќи ги работите.

    Рибите ќе се чувствуваат поисполнето, доколку после напорниот ден прават некоја физичка активност.
    .
    Фиксни знаци

    Бикот, лавот, скорпијата и водолијата имаат тенденција да ги мразат промените, така што нивната промена од состојба на работење кон состојба не правење ништо кога ќе дојдат дома, ќе ги направи нерасположени барем во текот на наредните неколку часа.
    Бикот знае да се препушти на мрзата, така што тој не би требало да има никаков проблем во „вклучувањето на копчето за релаксација“.

    Имањето пријатели покрај себе е секогаш најдобрата алатка за релаксација на лавот.

    Скорпијата треба да усвои малку од методот за уживање и релаксирање на бикот и да се почести себеси со едно сериозно опуштање на телото и умот.

    Водолијата треба да научи да ги игнорира сите околу себе и да се концентрира на себеси, барем неколку дена. Ќе се врати ревитализирана и освежена.
     
    Sanjichka007 likes this.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    2,360
    Likes Received:
    1,252
    Gender:
    Female
    Ракот дефинитивно треба да потроши време на самоанализа во мирно опкружување, бидејќи тоа ќе му помогне да си ги „наполни батериите“.
    точно :lol:
     
  3. Felicitas

    Felicitas Активен член

    Joined:
    Jul 11, 2013
    Messages:
    16
    Likes Received:
    0
    Точно е се! ;)
     
  4. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Joined:
    Dec 6, 2012
    Messages:
    1,532
    Likes Received:
    4,183
    Gender:
    Female
    точно е :)
     
  5. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Joined:
    Jul 24, 2013
    Messages:
    1,002
    Likes Received:
    247
    Gender:
    Female
    Точно! :D
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,495
    Likes Received:
    85,288
    Gender:
    Female
    Ракот дефинитивно треба да потроши време на самоанализа во мирно опкружување, бидејќи тоа ќе му помогне да си ги „наполни батериите“.

    (y)