Астролошки профил за родените во знакот рак

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од simpaticnaa, 12 август 2012.

  1. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    681
    Една од основните карактеристики на раковите е нивната тенденција кон честа промена на расположението, од една кон друга крајност, која е резултат на емоциите кои во моментот ги облеваат. Некогаш можете да ги видите во типично „журкаџиско“ расположение, како уживаат во сопствената кожа, се смеат на туѓите шеги и делуваат како најдостапната личност за разговор на забавата. Другпат, пак може да бидат сосема емотивно затворени, нежелни за разговори и смеа и седнати сами во некој ќош. Ваквиот чест „пресврт“ во нивното однесување, е првата работа по која ќе препознаете дека некој е рак во хороскоп.
    Нежни и грижливи
    Раковите се најсреќни и најмногу „блескаат“ кога ја имаат слободата да се грижат за некој. Тие уживаат помагајќи им на другите луѓе. Оваа нивна особина не се однесува само на луѓето, раковите се нежни и грижливи и со животните.
    Срамежливи
    Раковите се многу љубезни и полни со љубов за другите луѓе, но кога станува збор за изразување на нивните чувства, тие постануваат многу срамежливи. Тоа е резултат на нивната заштитна обвивка, која си ја создаваат со цел да го спречат излегувањето на површина на нивните „слаби точки“. Како и да е, со тек на време, кога ракот подобро ќе ве запознае и ќе се почувствува безбедно покрај вас, ќе почне сè повеќе да ги изразува неговите чувства и ќе ви ја покаже неговата нежна и грижлива страна.
    .
    Таинствени
    Дали сте знаеле дека тука на планетата Земја, имаме можност да ја видиме само едната страна на Месечината? Тоа е така, бидејќи Месечината не ротира исто како Земјата. Тоа значи дека ние ја гледаме само едната страна, или едното лице на Месечината. Овој факт за Месечината, која е управител на знакот рак, може да помогне во расветлувањето на неговиот карактер. Раковите се понекогаш толку таинствени, бидејќи се чувствуваат најбезбедно кога кријат нешто од остатокот од светот. Токму таинственоста ја прави Месечината специјално небесно тело, а луѓето родени во овој хороскопски знак – исклучителни личности.
    Кога раковите се среќни?
    Раковите се среќни кога се чувствуваат слободно да ги изразат нивните чувства без да се плашат и без да бидат прекорувани од некој друг. Овие срамежливци смртно се плашат од идејата дека некој нема да го прифати нивното мислење, па доколку сметаат дека постои најмала шанса тоа да се случи, тие инстантно ќе се повлечат во нивниот заштитен оклоп.
    Раковите исто така се чувствуваат одлично кога можат да ја споделат нивната љубов кон нешто, како на пример пишување проза или поезија, со најблиските луѓе во нивниот живот. Ова прави раковите да се чувствуваат одлично во врска со нивната улога во светот.
    .трав да бидат неприфатени од другите
    Друга карактеристика на раковите е нивната тенденција да се чувствуваат гневно и налутено многу често. Ако тие се почувствуваат на било каков начин омаловажено од некоја личност (без разлика дали е реално така или само си замислуваат), раковите ќе му дозволат на бесот да расте во нив, сè до оној момент додека не експлодира на површина.
    Проблемот кај раковите е тоа што многу нешта можат да создадат чувство на гнев во нивната душа. Тие имаат неверојатно бујна фантазија и кога не ја користат оваа нивна креативност во некаква продуктивна цел, стануваат деструктивни. Едноставно кажано, многу е тешко да ги задоволите очекувањата на ракот. Најдоброто нешто кое можете да го сторите е да почекате да „излезат“ од песимистичките мисли и да се вратат во нивниот нормален шармантен мод.
    .Грижливи и сочувствени
    Раковите поседуваат многу позитивни нешта кои можат да му ги понудат на светот. Тие имаат непресушен извор на добродушност, која ако им дадете шанса, со задоволство ќе ви ја покажат. Постои огромна разлика помеѓу тоа да се биде фин и да се биде добар, а раковите се најсвесни за тоа. Без разлика дали станува збор за згрижување на болното куче на улица, или хранење на бездомник, раковите се секогаш првите луѓе на светот кои ќе ви помогнат. На раковите секогаш можете да сметате и да се потпрете, без разлика дали станува збор за љубов, пари или давање совет и поддршка. Ракот ќе ви подаде рака! Другите луѓе го почитуваат и обожаваат ракот бидејќи тој е грациозен, великодушен и секогаш желен да им помогне на оние помалку среќните. Знаејќи го ова, воопшто не е зачудувачки тоа што ценетата принцеза Дијана беше рак во хороскоп.
    Интуитивни
    Најбитната карактеристика на раковите е нивната интуиција. Заедно со срцето полно со љубов, доаѓа и нивната моќна интуитивна сила, која умеат да ја пренесат на другите. Исто како што месечевата светлина не води низ темнината, така и нивната интуиција изгледа како да ги води низ животот.
    .
    Не се директни личности
    Раковите не сакаат недоразбирања и конфронтации, па поради тоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги избегнат. Не е тајна дека раковите се многу емотивни луѓе и нивните чувства лесно можат да бидат повредени. Ако еднаш им забиете нож во грб, на таа рана ќе и треба долго време (ако не и цела вечност) за да се залечи. Поради стравот од чувствување толку интензивна емоционална болка, раковите решаваат максимално да ги одбегнуваат сите ситуации кои можат да доведат до тоа.
    Неочекувани особини на раковите
    Зборови како „емотивни“, „интуитивни“ и „грижливи“ оддаваат впечаток како раковите да се многу кревки уѓе, кои ќе се скршат ако го дувнете. Но, нека не ве залажува нивната емотивност, бидејќи длабочината на душата нема никаква врска со стабилноста и цврстината на човекот. Особини кои другите луѓе се изненадени кога ќе ги сретнат кај рак вклучуваат:
    .
    Искрени пред себе, затворени пред другите
    Интересно е тоа што, неговите сопствени мисли и тајни, ракот си ги чува стриктно само за себе. Типичен рак никогаш не би разговарал за својот приватен живот со која било личност. Целата неговата емоционалност ја крие на сигурно под неговата цврста кора и доколку сакате да се зближите со рак, ќе треба да му покажете доволно грижа и љубов, за да започне да ви верува. Ракот ретко ги осудува другите луѓе, бидејќи има меко срце, се грижи за другите и секогаш ја нуди својата помош. Но, тој исто така, очекува да види дали и некој друг ќе му помогне нему. Ако одговорот е да, ракот ќе стои настрана и ќе и дозволи на таа личност да биде „спасителот“. Во случај никој да не му понуди помош, ракот секогаш ќе биде тој кој ги „спасува“ останатите во нужни ситуации. Тој може да пристигне во последната минута, но ќе ве спаси токму во моментот пред да се удавите. Ракот не е себичен, но се труди да не избрзува и да не биде импулсивен. Пред да направи некој поголем чекор, на ракот му е потребна силна поддршка од некој негов близок. Без потпора, ракот мрази да презема ризик на своја рака.
    Потреба од емоционална безбедност
    Ракот тешко ги заборава туѓите грешки, а особено ги памети и своите. Тој ќе жали за нив и ќе му треба многу време додека да ги преболи и да премине на следниот чекор. Ракот обожава да биде дома, со неговите најблиски, бидејќи таму се чувствува најбезбедно. Премногу сигурност не е доволно за него. Тој секогаш сака повеќе и повеќе стабилност, љубов и грижа во животот. Несигурноста може да го одведе до депресивни мисли и физички да го ослаби. Како и да е, раковите имаат неверојатна моќ на самолекување. Сè што им е потребно се моментите на среќа, оптимистични мисли и смеење во големи дози. Таквата потреба ја имаат бидејќи се склони кон негативни мисли и секогаш се подготвени за неочекувани нешта од иднината.
    отенцијал да стекнат богатство
    Раковите исто така се способни да направат многу пари, а потоа знаат и да управуваат со нив. Тие имаат големо срце и се желни да им помогнат финансиски на најблиските, секогаш кога тоа им е потребно.
    .
    Ракот најмногу си одговара со: девица, скорпија, риби и бик.
    Животно мото: „Силната одбрана е најдобрата одбрана“.
    Омилени бои: зелена, сиво-сребренкаста, крем и бела
    Најсоодветни професии: поети, писатели, познати актери, фотографи, уметници, археолози, историчари, доктори, менаџери, политичари, менаџери на човечки ресурси, готвачи, социјални работници, наставници
    Најголема предност: способноста на раковите да се грижат за другите луѓе
    Најголема потенцијална слабост: чувствување страв дека лошото искуство од минатото ќе се повтори во иднината.
     
    На cresa-jagoda, marijaz, Vladus и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Twetty.swetty

    Twetty.swetty Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    astroloski profil za rodenite vo znakot rak

    imam prijateli sto se rakovi i kako nekoj da gi opisal se e tocno
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    67.833
    Пол:
    Женски
    astroloski profil za rodenite vo znakot rak

    Ау колку само се’ е точно! Јас сум рак и дефинитивно погоре е опишан мојот карактер во целост.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    astroloski profil za rodenite vo znakot rak

    Прво, сакам да ти се заблагодарам на simpaticnaa што ја отвори темава, јас немаше да ги најдам статиите. :*
    Релативно точно !
    Ми се допаѓа како е напишано, но за срамежливи не можам да се сложам ! :shake:
    Барем јас, не сум воопшто срамежлива личност ~
    И мислам дека тоа со `затварање во себе за да не бидат повредени` е преувеличување !
    Немам проблем со изразувањето на чувства. :)
    Колку е само точно ова ! :o
    ]:)

    Хмм.. :wasntme:
    е ова не го знаев ~

    Исто така не можам да се сложам со ова :
    И да, нема врска дека не сум директна. Баш напротив, секогаш се обидувам да бидам директна.
    Ај, толку беше.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheHollywoodStar

    TheHollywoodStar Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    19
    astroloski profil za rodenite vo znakot rak

    Како да се прочитав себеси. :o
    Исто така склони се кон дебелеење. :pizza: :D :D
    Метереопати се. :rain:
    Ако некој нешто им згреши, нека се пази. :muscle:
    А тие кои го сакаат, верувајте ќе им врати со многу повеќе љубов. :l:
    И, да одлични актери се. :~:
     
    На cresa-jagoda и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  6. Twetty.swetty

    Twetty.swetty Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    astroloski profil za rodenite vo znakot rak

    симпатична може да пишуваш нешто за овен.....лав.....и скорпија благодаррам од напред :*
    пошто гледам си пишувала многу теми поврзани со хороскоп
     
  7. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    681
    astroloski profil za rodenite vo znakot rak

    па ќје пишам некој ден кога мошам позззз
     
  8. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    117
    .. :^) ......внимателно го читав профилот на рак хороскопскиот знак,така да...имав работа со еден рак кој е спротивност од се напишано за нив.....
    ова си пишам од мое искуство....најстрашното во мојот живот....да,романтични,лесно се вљубуваат,ама се е тоа дури им е интересно....потоа почнува незаинтерсираност,лаги,невера,тајни....толку многу бев повредена од еден рак,што не можев на себе си да дојдам дека баш тој го направи тој..од се она што беше нај нај убаво се претвори во најлошо...сакав причина да ми кажи,дали е во мене грешката ми рече не..тоа сум јас....а јас сум риба..по хороскопот,по сите звезди треба да сме идеални а уствари не...

    За женско риба и машко рак:
    Исклучително духовна и емотивна врска со меѓусебно разбирање и посветеност.
    Ракот ја обезбедува рибата со љубов,топол дом и ја покажува вредноста на стабилноста.
    Ракот носи наметливи квалитети во односот и сака да биде одлучувач во многу ситуации.
    Рибите со својата мудрост придонесуваат моќен интуитивен баланс на оваа комбинација.
    Ако и двајцата можете да се грижите против ситните проблеми тогаш тоа значи долгогодишна врска. :sweat:

    :x ЕТЕ СЕ СЛУЧУВА И ТОА:::МОЖИ МОЈА СРЕЌА:::: :x
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.887
    Пол:
    Женски
    Точно е се освен животното мото и омилените бои :D