1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Астро заработувачка

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од rici.aaaaa, 4 март 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Некои знаци имаат поголема предиспозиција да ги привлечат парите, но исто така лесно и ги трошат. Други пак потешко заработуваат, но со текот на времето успеваат да стекнат голем капитал. Еве како децата на зодијакот се снаоѓаат во материјалната сфера.

    Овен

    Овенот заработува пари, но за да се случи тоа, мора да вложи голем напор. Неговиот силен карактер мора да се насочи кон некоја продуктивна професија, инаку ќе доживее неуспех. Неговиот став кон парите понекогаш може да биде и детинест. Истите ги троши на задоволување на сопствените хирови, бидејќи сака да се перчи со скап автомобил и брендирана гардероба. Знае да биде великодушен и да дава гламурозни подароци на пријателите. Дури и кога е шворц, умее да остави впечаток дека е богат.

    Бик

    Бикот е знак на изобилието и поради тоа има голема среќа со парите. Обично му пристигнуваат во вид на наследство или подароци од роднините. Но, и покрај тоа, Бикот е вреден работник кој во текот на својот живот успева да заштеди големи суми пари. Никогаш не би си дозволил да банкротира и секогаш е подготвен да запне, за да може да ги задоволи своите високи барања. Често знае да троши големи суми на скапа гардероба, добра храна и патувања, па затоа често е загрижен дали воопшто нешто ќе сочува. Но, бидејќи парата го сака, нема причини за грижа.

    Близнаци

    Понекогаш ладнокрвните Близнаци знаат да бидат вистински магнет за парите. Иако не е знак со кој владеат материјалните пориви, Близнакот е талентиран и сестран. Материјален успех постигнува благодарение на својата интелигенција. Секогаш умее да се снајде, делумно и поради помошта од блиските – партнерот, пријателите или роднините. Знае да троши пари на непотребни нешта, поради што често знае да западне во долгови. Ова особено важи ако во хороскопот нема некој земјен аспект, кој би го приземјил. Сака да купува и ефтини и луксузни работи.

    Рак

    Ракот поседува вродена деловна интелигенција. Способен е да започне сопствен бизнис и да заработи големи суми. Не ги сака промените, но кога ќе види дека тоа е неизбежно, ќе биде подготвен. Затоа умее вешто да ја искористи секоја можност за профит. Секогаш бира професија која може да му овозможи удобен живот, а не нешто според неговите афинитети. До многу пари најчесто доаѓа преку трговија со недвижнини. Опседнат е со штедење. Внимателно го брои секој денар и ужива да го гледа своето насобрано богатство. Сепак, ако има некоја незадоволена потреба од детството, ќе ги прежали и парите, за да си ја исполни желбата.

    Лав

    Ако лавот сака да биоде богат, мора пред се да ја смени својата идеалистичка природа. Сите јавни и лидерски професии совршено му одговараат на кралот на зодијакот. Како и другите огнени знаци (Овен и Стрелец), знае да биде голем расипник. Најмногу троши на брендирана облека. За него е крај на светот ако не е брендиран од глава до петици. Многу дава и за реновирање и разубавување на домот, бидејќи удобноста му е важна. Првата плата секогаш ја троши на излегувања, ресторани и подароци.

    Девица

    Девицата стекнува малку пари, кои постепено ги згоелмува со бавно и вредно штедење. Таа, како и Ракот, е вистински штедливец. Одлична е во финансиските пресметки. Иако на прв поглед може да ви се чини скромна, тоа не е вистина. Често знае долго да штеди, само за да може да си дозволи нешто што сака. Најмногу троши на куќата, семејството и на патувања. Кога ќе реши да даде пари за нешто, потоа веќе не се кае и по тоа се разликува од останатите знаци. Штеди, знае во што да вложи и речиси никогаш не греши.
    Вага

    Вагата како роден естета, ја сака убавината во сите нејзини облици. Често тоа што е убаво е и скапо, па затоа знае да страда домашниот буџет. Знак на здружувањето и дипломатијата, таа сака да работи со другите и да ги сподели резултатите од својата работа со нив. Како и Близнаците, Вагата е сестрана и интелигентна, па иако не привлекува магнетски пари, успева да се избори за добра материјална состојба. За неа парите симболизираат удобност. Ги троши на патувања, скапа козметика, облека и излегувања. Вложува многу и во домот, особено во скапи слики и антиквитети.

    Шкорпија

    Шкорпиите многу често добиваат пари во вид на наследство. Со оглед на тоа дека се многу чувствителни кога се работи за материјалните нешта, знаат како да го сочуваат она што го наследиле. Најуспешните бизнисмени најчесто се раѓаат во овој знак. За амбициозните Шкорпиони парите се сигурност, но и карта за купување на општествен престиж. Исклучително ги привлекуваат банкарството и финансиите. Повеќе отколку за било кој друг знак, парите се афродизијак за нив, кој им го покачува адреналинот и ги тера да стекнуваат уште повеќе и повеќе. Уживаат додека трошат и не се опсесивни штедачи како Ракот или Девицата. Не жалат да го потрошат она што го заработиле, бидејќи знаат дека ќе заработат двојно повеќе. Великодушни се и сакаат да подаруваат.

    Стрелец

    Стрелецот е еден од најголемите среќлии кога се работи за парите. Голем број од богаташите имаат најмалку една важна планета во овој знак. Дури и ако не се збогати, тој знае да пронајде професија која ќе му овозможи добар живот. Ова е единствениот знак кој добива се, дури и кога не бара ништо. Во основа, парите не го интересираат многу, бидејќи е авантурист и патник во душа, но очигледно има повеќе среќа отколку памет. Парите брзо доаѓаат до неговите раце, но не ги задржува долго. Обично се оди на коцкање, журки, кафани и друштво – сето она што го забавува.

    Јарец

    Јарецот е знак на работа и успех. Многу е успешен во материјалните сегменти на животот. Тој едноставно знае како да створи пари. Не е креативен, но поседува извонредна дисциплина и амбиција. Со својата издржливост Јарецот успева да создаде имот и да се збогати таму каде што другите обично пропаѓаат или се откажуваат. Успева да пронајде златна средина и разумно троши. Слично како Бикот и Девицата, обично троши за задоволување на семејството, домот и ужива во својата општествена положба.

    Водолија

    Ова е ментален знак кој не е многу заинтересиран за парите. И ако по некоја среќа Водолијата се збогати, тука клучна улога ќе одигра нејзината интелигенција. Сепак, повеќе и значат пофалбите, признанијата и уважувањата отколку парите. Ни самата не знае колку пари има, но секогаш е подготвена да ризикува и да инвестира во нешто што само за неа е логично и оправдано. Ако остане без пари, секогаш ќе се најде некој пријател да и помогне.

    Риба

    Интуицијата на Рибата е исклучителна и ако ја употреби истата, може да дојде до големи суми пари. Но, бидејќи не е доволно амбициозна и истрајна во своите планови, најчесто се откажува од своите замисли. Не сака многу да работи, па во тоа име е подготвена и да живее исклучително скромно. За среќа, парите, недвижностите и вработувањето ги добива преку семејните врски. Кога е материјално обезбедена, знае да биде поголем расипник од Лавот и Овенот и да троши до крајности.
     
  2. LOmikol

    LOmikol Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    интересно
     
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Навистина интересно. :lol:
     
  4. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Вага

    Вагата како роден естета, ја сака убавината во сите нејзини облици. Често тоа што е убаво е и скапо, па затоа знае да страда домашниот буџет. Знак на здружувањето и дипломатијата, таа сака да работи со другите и да ги сподели резултатите од својата работа со нив. Како и Близнаците, Вагата е сестрана и интелигентна, па иако не привлекува магнетски пари, успева да се избори за добра материјална состојба. За неа парите симболизираат удобност. Ги троши на патувања, скапа козметика, облека и излегувања. Вложува многу и во домот, особено во скапи слики и антиквитети.

    хахаа па точно е донегде не ме бива за штедење.... :lol: