Не видoв вaквa темa, a ме интересирaaт вaшите мислењa oкoлу oвa. Штo мислите зa oвaa групa нa луѓе? Дaли сте вие дел oд oвaa групa, или сте прoтив, и зoштo? Дaли мислите декa aтеистите немaaт/имaaт мoрaлни вреднoсти и зoштo? Акo темaвa се сoвпaѓa сo другa, сличнa, стaвете јa вo кaнтa.
Прво ако некој е атеист и не верува во религија и во надприродно не значи дека е богохулник , дека е уличар и дека нема никакви морални вредности. Едноставно таа личност не го пронаоѓа својот мир во религијата и тоа е негова одлука. Атеистите не се група на луге како што не се православците,будистите, католиците, муслиманите и сл , секој е човек за себе без разлика дали верува или не верува во нешто. Не се секташи , не се криминалци, не се проститутки па да ги суди некој или да ги поддржува. Како што атеистот не се меша во изборот на верникот, така и верникот не треба да се меша во изборот на атеистот да не припаѓа на ниту една религија. Моралните вредности ни ги наметнува општеството , а ако ги гледаме низ призмата на религијата има многу религиозни личности што моралните вредности им се крајно дискутабилни. Религијата не ве прави човек со морални вредности, религијата можеби дава насоки и упатства а на вас е дали ке бидете морална личност или не. Атеист сум од роџење, не ради мода , не ради инат него затоа што така се осеќам. Црквата ја почитувам како уметничко здание , религиската филозофија (без разлика за која религија станува збор) ја почитувам како нешто во кое лугето си наогаат свој душевен мир и спокој. Редно време е заречените верници да научат што значи атеизам кој уште еднаш ке повторам е неверување во Божество (Бог) , што значи атеистот не верува ни во Православен Бог, ни во Католички Бог, ни во Буда, ни во Муслиманскиот Алах, ни во Ѓаволот, ни во Сатаната, ни во Луцифер..... Морални вредности и ние неверниците имаме, не крадеме , не се проституираме, почитуваме фамилија, заработуваме на чесен начин леб, плаќаме данок , се трудиме да не лажеме (мада нема човек што не подлажнува), не правиме прељуби (повеќето од нас ) и ете коегзистираме некако во ист свет со верниците.
Јас бев опкружена многу време со вакви луѓе. Атеистите се луѓе кои не веруваат дека постои Бог,без разлика тие која вера се,будисти,муслимани,католици....Немам ништо против нив,тие атеисти што ги знам немаа баш морални вредности,ама тоа нема врска со атеизмот,туку карактерот.Е сега овие што ги познавав ми беа чудни поради тоа што сите одеа на бајачи,гатачи и им веруваа на нив. Друго,чудно ми е кога некој ќе каже дека е верник,а не стапнал во црква(како мене на пример),или некои што се прават атеисти а одат во црква.Според мене и тоа си има некаква врска.Немам ништо против нив,секој си има различно мислење,и како што рече @SuperGirl24 и атеистите можат да имаат морални вредности,не крадат,не лажат,чесно заработуваат за живот,не изневеруваат и така натаму.Моралните вредности и не се баш поврзани со тоа дали веруваш во Бог или не. Ниту сум атеист,ниту сум баш некој верник.
Имам релативно многу атеисти во моето опкружуваме вклучувајќи го дечко ми и најдобриот другар. Мислам дека се луѓе - понатаму се оди да биди индивидуално. Не сум дел од оваа група ама нема смисла да бидам против, секој си има право да мисли, да верува и да сака она што му е блиску до него и неговиот живот и начин на размислување. Моралните вредности и се останато оди со домашното воспитување, културата и голем дел индивидуално, религијата нема врска со моралните вредности зошто познавам повеќе од еден човек кој е верник,а кој има мизерни или никакви морални вредности.
Имањето морални вредности нема врска со религиозноста на човекот. Познавам многу религиозни луѓе кои се неморални, а најмалку пак се духовни луѓе. Религијата врз основа на страв всадува некаков лажен морал кај луѓето. Познавам една религиозна личност која мисли дека ако зборува нешто гласно го подкупува господ, а не сака реално да се спознае себе си. Ме нервираат и тврдокорни атеисти кои подзабегуваат и исто така мешаат поими. Атеизмот доби замав кога се докажа дека поинтелигентните луѓе не веруваат во господ, но трикот е што никаде не пишуваше дека се атеисти, туку дека едноставно не веруваат во господ, но не значеше дека отсуствува секаква форма на духовност и тука се фатија во замката. Од друга страна е тезата дека ако некој не верува господ е атеист и тоа е тоа. Можеш да не веруваш во господ, да не бидеш атеист и да бидеш духовно зрела и изградена личност. И искрено, пун ми курац од урлање со пароли - јас сум атеист. Јас ви тврдам дека на овие луѓе како мали дома не им кажувале дека се паметни, па сега општеството треба да ја заврши таа работа. На темава е пишувано и препрепрепишувано.
Прв бoлд: Тие се aгнoстици. Атеистите не верувaaт вo нештo нaдприрoднo, туку сметaaт декa зa се имa лoгичнo oбјaснувaње, дoдекa aгнoстиците верувaaт вo нaдприрoдни сили. Втoр бoлд: пoзнaвaм луѓе, христијaни штo не верувaaт вo црквa, икoни и крст и тoa е сoсем нoрмaлнo, зaштo дa бидеш христијaнин не знaчи дa oдиш вo црквa секoј ден, туку еднoстaвнo дa верувaш. Oдењетo вo црквa или читaњетo Библијa ИЛИ слaвењетo христијaнски прaзници не знaчaт ништo aкo личнoстa не им дaде знaчење, oднoснo aкo личнoстa не верувa вo нив.
Цел живот ми бил лага Имам слушнато за агностицизам ли како се вика,ама немам проверено што точно значи.
Јас сум порасната како христијанка. И славам празници и некогаш одам в црква. Не верувам во религијата, ни во библијата, најмалку пак во црквата. Ни пак во рај и пекол. Ама верувам дека има нешто повеќе од ова. Верувам дека има некаква сила. Во нешто неопределено верувам. Е сега во што спаѓам јас не знам, а и не ми е битно оти јас во себе си ги знам причините. Не би да се класифицирам некако. За мене Господ не е стар џин што седи на небо и ни суди. За мене Господ е можеби силата на универзумот. Сите различно си го замислуваме надприродното и точка. Нема никаква врска со моралните вредности. Баш ако не правиш работи грешни само заради страв од казна е помалце морално од да не веруваш во казна и сепак да не ги правиш.
Всушност, агностицизмот вели дека постоењето на Бог не може да се утврди или докаже. Па така, оваа дефиниција почнала да се користи за означување на оние луѓе кои не се убедени или кои едноставно не му придаваат значење на (можното) постоење на Бог. Што значи, во суштина доста блиско гледиште на светот со атеизмот и не подразбира верување во натприродни сили. Во една дебата со верник за атеизмот, извесен Стивен Робертс го кажал следново: “I contend that we are both atheists. I just believe in one fewer god than you do. When you understand why you dismiss all the other possible gods, you will understand why I dismiss yours.”
Јас долго време бев гоооолем верник, значи до празници до погачи носење на црква, сите адети ги почитував, одев и кога не беше празник вцрква да запалам свеќа да здравје и тн....Е после сето тоа што мене лично ми се случи, значи се разведив и тоа бремена со првото дете, јас се откажав од верата. Станав атеист, но сепак си држам до некои принципи - мислам морални принципи, само што прекинав да одам во црква, да се молам и да палам свеќи. Не значи ако не си верник дека си развратник или не знам некој ужасен и лош човек
Подобро е да си атеист човек, отколку верник нечовек. Инаку јас сум верник. Родителите, семејството,се што ме опкружува влијаело на моето мислење во врска со Бог. Моите дома не одат секој ден в црква,ниту пак секоја недела.Не ги знаат сите празници на памет,сите светци,го споменуваат името Господово без потреба,лажат (како и секој жив човек),работат во недела ,но сепак веруваат во постоењето на Бог,во Библијата,црквата,Исус итн. Не ми велат да верувам. Не ме присилуваат на ништо. Самата така сакам. Значи до самата личност е. Јас имам безброј причини да верувам. Кога верувам и кога се молам се е подобро. И,навистина ли има логично објаснување за се? Не мислам така. А,да. И многу пати сум помислила, атеистите, каде го гледаат нивното подобро утре, од каде црпат надеж во лошите мигови? Зарем не се чувствуваат празно и неисполнето? Кога се во тешка состојба, кој очекуваат да им помогне?
Па кога немам надеж - наоѓам повторно во себе, почнав повеќе да се ослонувам на себе и на своите способности отколку на некоја таму сила....со извинување, ама така се осеќам....и моментално водам борба мачна за вработување и не го гледам крајот. А убаво е местото, и сама се лактам за да го добијам....а колку некоја виша сила ќе помогни или не, повеќе не се замарам. Само знам дека јас се ќе направам за да успеам
Зa се имa причинa и лoгикa, светoв е динaмичен пoрaди релaтивнoстa. Без дoбрo немa лoшo, без темнинa немa светлинa. Јaс, мoетo пoдoбрo утре гo гледaм вo сoпствените пoстaпки, вo себе, oднoснo јaс сум си себе Бoг (кaкo и сите други). Сaмo штo Oшo гo убијa пoрaди oвие збoрoви. Ти препoрaчувaм дa јa прoчитaш книгaтa, мислaм декa "Пaтoт дo срцетo" се викaше, a имa и видеa нa Јутуб oд негoви гoвoри. Сaкaм дa кaжaм декa ние сме винoвни зa нaшите ситуaции и ние сме тие кoи требa дa нaпрaвaт прoмени и дa се спaсaт, не некoј дедo нa небoтo штo гo упрaвувa светoт. Чудaтa пoстoјaт aкo ние зaстaнеме нa нoзе и ги нaпрaвиме. Сепaк, се е дo психaтa нa чoвекoт, некoј сметa декa му требa туѓa пoмoш, пa верувa декa некoј ќе му пoмoгне, a некoј сметa декa сaмиoт требa дa се избoри зa себе.
Само „мало“ надополнување на мојот претходен пост: Fun fact: пред неколку години во САД е направена анкета за довербата во различните групи на граѓани и од добиените резултати, групата во која луѓето имаат најмалку доверба се токму атеистите. Односно не – го делат првото место на листата со силувачите. Да, мнозинството граѓани на САД го изедначуваат неверувањето во Бог со силување на друго човечко суштество. Атеизмот во доста земји и денес (воглавно во оние во кои владее радикалниот ислам) претставува нешто што е казниво со закон – некаде и со смртна казна. Во Саудиска Арабија, атеистите се изедначени со терористите. „Атеист“ е толку непопуларен збор, збор кој предизвикува толку многу негативни реакции и кој има толку негативна конотација, што не е ни чудо што луѓето кои не веруваат во постоење на Бог мораат да измислуваат и присвојуваат други поими за да можат да го искажат и дефинираат својот став околу натприродното и божественото без да наидат на осуда. Затоа и се почесто се користат поимите како агонстик, секуларист, скептик, антитеист, итн. За мене сите овие поими означуваат една иста работа и сите спаѓаат во дефиницијата на атеист, во поширока смисла на зборот. Дали се работи за неверување во Бог, сомневање во можноста за неговото постоење или тврдење дека неговото постоење не може да се докаже, но нема никакво практично значење за луѓето – не е важно. Дури понекогаш ми паѓа смешно кога ќе видам дека помеѓу „неверниците“ има исто толку многу фракции и поделби во однос на толкувањето на неверувањето во Бог, исто како и помеѓу религиозните групи во однос на верувањето во Бог. Сметам дека атеистите се многу побројни отколку што тоа можеби изгледа, само што некои не се произнесуваат како такви поради страв од осуда, некои не се свесни дека се атеисти, а некои се сомневаат или едноставно, не веруваат, во она што нивната религија го проповеда. Ако земете било која група на верници, да речеме христијани, и ги прашате дали навистина веруваат во тоа дека Адам и Ева постоеле, дека Адам Бог го направил од земја, а Ева од неговото ребро, дека навистина јаделе некакво јаболко од кое произлегол првиот грев, дека сите луѓе и животни навистина пловеле на џиновски брод и слично – повеќето ќе ви одговорат не. Ако ги прашате муслиманите дали навистина веруваат дека Мухамед буквално одлетал во рајот на крилест коњ – повторно, повеќето ќе речат не. Повеќето верници денес приказните во своите свети книги ги сфаќаат токму како тоа што се - приказни, а некои дури и целосно ги отфрлаат. И всушност, голем дел од верниците ги отфрлаат повеќето работи што нивната релгија ги вели или наложува. Повеќето христијани, на пример, се декларираат како христијани, само поради тоа што се родени во христијанско семејство или средина, но нивните верувања во Бог се многу поразлични од оние на класичното христијанство. Океј, ваквите луѓе можеби не можат да се наречат атеисти, бидејќи сепак веруваат во некаков Бог или виша сила, ама подеднакво нефер е да бидат присвоени христијанството, бидејќи нивното верување и нивниот Бог толку многу се разликуваат од Богот од Библијата. Истото важи и за другите религии. А токму оваа група на „верници“ е најбројна. И за ваквите верници секако ми се наметнува прашањето – ако морате да бирате во кои делови од сопствената религија ќе верувате, а кои ќе ги отфрлите како нелогични, неточни или морално погрешни – зошто тогаш воопшто и ви е потребна религијата? Во однос на моралот, смешно е да се верува дека религијата го „измислила“ и дека без неа, луѓето не би можеле да разликуваат што е добро, а што е лошо. На страна од тоа што светите книги се преполни со погрешни или застарени морални поуки, дали некој навистина мисли дека пред Бог да му ги даде 10-те заповеди на Мојсеј на Синајската планина, Евреите сметале дека е океј да убиваш, крадеш и лажеш? Едноставно, тотално нелогично и глупаво е. А и невистинито. Моралноста е длабоко всадена во луѓето, без разлика на која религија припаѓаат, и најверојатно е дека без неа, човештвото воопшто немаше ни да постои – барем не доволно долго за луѓето воопшто и да можат да ја измислат религијата. Но, во секој случај, денешните религии имаат една заедничка работа – потценувањето на жената. Колку и да сакаат некои да го одречат тоа, токму религијата е главната причина за нееднаквоста помеѓу половите и фактот што на жените им се ускратени многу основни права насекаде низ светот. На крајот на краиштата, во истите тие 10 Божји заповеди кои се земаат како столб на моралноста стои дека не треба да ги посакуваш куќата, жената, слугите и стоката на својот ближен. Христијанството, кое инаку се смета за една од полибералните религии, ја изедначува жената со имот и добиток! Во другите религии е уште и полошо. И иако христијаните денес (барем се надевам) не веруваат дека жената е помалку вредна од мажот или дека е на исто ниво со добитокот, фактот останува дека христијанството во својот изворен облик – Библијата – го вели токму тоа. Жените својата еднаквост (онаму каде што ја имаат) ја добиле не благодарение на некоја религија, туку на здравиот разум и човечкиот, а не религиозниот, морал. И се додека моралните вредности ги земаме од некоја од светските религии, на жените (и не само на жените) ќе им бидат ускратени нивните основни права и слободи.
Темава ме поттикна да прокопам што сум пишувала во категоријава и додека читав не знам колку пати направив facepalm... Дефинитивно не стојам на истите ставови како тогаш, не знам како во три години се претворив во воопшто нерелигиозна личност, да не кажам атеист, бидејќи страв ми е да кажам главно поради осудите од страна на верниците. Не знам уште што сум точно, не сакам ни да зборувам за тоа со никој. Јас сум израсната во православно семејство и тоа ми е наметнато уште од мала и некако страв ми е да му речам на некој дека целава оваа Господ работа едноставно нема никаква смисла. Се спротиставува на цела наука и на секакви закони на физиката, та јаболка, змии, ангели, та стапови, та делење мориња итн. итн. итн. Порано носев крстови со мене, ајмајлии, глупости, сега не само што не верувам во такви работи, туку и сигурна сум дека тоа теоретски не е возможно, и тоа е причината поради која не верувам всушност. Постов стана каша попара, подобро да се вратам на темата. Се сеќавам дека кога ќе го слушнев зборот „атеист“ ме полазуваа морници, ми звучеше секташки, морбидно... И сега мислењето ми е сменето, знам дека не е така, од проста причина што ги разбирам. Науката има многу, многу поприфатливи објаснувања за настанувањето на светот отколку религијата. Нашиве цркви не се ништо поразлично од храмовите кои им се граделе на боговите. И двете се објекти за изразување почит кон нешто натприродно. За крај, јас, како нешто во средина (океј, можеби малку повеќе кон страната на атеистите), велам дека многу повеќе ме нервираат верници кои осудуваат атеисти, отколку атеисти кои осудуваат верници. Атеистите имаат причина, верниците се потпираат на рекла-казала муабети (да, Библијата, поповите, црквите...).
Сум православна само заради тоа што така одлучиле моите кога не сум имала право на избор. Ја поддржувам целосно религијата затоа што сметам дека ги учи луѓето на убави работи. Би сакала од дното да душата да верувам дека има рај, да верувам дека има нешто што е свето ама не оди. Едноставно логиката ми покажува дека религијата е само измислена да луѓето да се тешат дека во задгробниот свет ќе ги добијат прават. верувам само во моето постоење. Ако тоа ме прави атеист, во ред. сеедно ми е како ќе ме нарекуваат, важно е ми е да си го најдам патот до среќата
Лично немам ништо против атеистите, ниту против верниците, се додека ни едните ни другите не се осудуваат меѓусебно за сопствените ставови во врска со религиите. Не сакам кога хардкор верници со кои кога разговарам во врска со некоја ситуација на секој втор збор во реченица мора да спомнат нешто поврзано со Господ, молитвите, како било пишано и речено од Господ, под нозе на попот му се фрлаат да му бакнат рака како самиот Господ да им слегол пред нив и слично, или па хардкор атеисти кои исмеваат некој што е поразличен од нив (имам видено ваков пример во живо), едноставно не е убаво кога се претерува со било што. Сум сретнала многу луѓе кои кога некој ќе се изјасни дека е атеист/агностик прават чудни изрази на лицето и така запрепастени ќе изустат само едно ,,Аа...аха." , како којзнае што да им кажале. Честопати некои луѓе поимот атеист го поврзуваат со злобни луѓе и уште којзнае колку вакви слични епитети, сметаат дека атеистите се неморални луѓе, имаат негативно мислење општо за нив. Не ни знаат доволно за атеизмот/агностицизмот, а веднаш почнуваат да осудуваат. Сметам дека сите колку-толку знаеме да разграничиме добро од лошо и сите имаме свои вредности и правила кои ги почитуваме без разлика дали сме верници, агностици или атеисти. Во фамилијава не познавам некој атеист, постариве се верници, за некои од помладиве не сум сигурна, повеќето мислам дека се верници. Се пронајдов донекаде во постот од Лелка. Себеси не знам дали би можела да се наречам агностик, можеби и јас повеќе терам накај страната на атеистите. Порано верував во Господ(се имав и изјаснето во некои од темиве на форумов) и сите тие приказни поврзани со религијата, но како што растев и почнав да анализирам некои работи поврзани со ова, почнав да наоѓам многу нелогичности и сето тоа ми се чинеше како приказна измислена од луѓето само за да утешат некого, па постепено почнав се' помалку да верувам, настрана и тоа што религиите се злоупотребуваат, како што знаеме сите. Не мислам дека само ако седам така просто велејќи дека се' е во рацете на Господ сите проблеми магично ќе се решат и одеднаш животот ќе стане розов. Се' си зависи од нас, се' е наша одговорност. Пред постари и конзервативни луѓе избегнувам да разговарам на оваа тема бидејќи сите знаеме какви се нивните реакции, па не сакам да ме осудува некој само затоа што моето мислење не се поклопува со нивното.
Ја не сум некој си верник, ама па не сум ни атеист. Мора да има нешто. Сепак интересна работа што имам забележано е тоа дека сите хомосексуалци што ги знам (десетина значи) заедничко за нив е што сите тие се атеисти. Исто и на фб имаше една група на атеисти и едно време таму секој втор пост беше нешто за хомосексуалците. И кога Америка го усвои тој законот дека сите нејзини држави мора да ги признаваат хомосексуалните бракови, на таа атеистичка група најмногу се славеше тоа, како самата група да извојувала победа некоја. Па прашањето ми е зошто е тоа така? Дали ова само јас го согледувам од моето индивидуално искуство или има некоја поврзаност?