1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Атеист во Македонија

Дискусија во 'Религија' започната од Anon, 8 мај 2016.

  1. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Македонија - место каде до 1991 година сите на видни позиции беа заколнати атеисти кои не сака да чујат за опиумот на народот, но преку ноќ станаа најголеми верници и патем капиталисти.

    Денес целиот државен врв се појавува на богослужба за секој поголем верски празник. За секое отворање на нов објект викаат попови да.. не знам, да го благословат објектот веројатно?
    И потоа имаме случки како таа од пред некоја година кога МВРО сакаше да изгради црква на плоштад, а тие што се противеа со аргументот: плоштадот им припаѓа на сите, на верниците од сите религии и на атестите, беа тепани и навредувани со навреди како „шќиптари“ итн.

    Сето тоа е разбирливо ако се земе предвид фактот дека верата и јазикот се двете работи што го одржале македонскиот идентитет низ вековите.

    Но што значи тоа за атеистот во Македонија?
    Имам еден куп прашања (подолу дел од нив) но во суштина тоа што ме интересира е како живеат атеистите во Македонија?

    Дали сте отворени атеисти?
    Дали слободно го кажувате тоа без страв од последици?
    Дали имало последици од тоа што сте се претставиле како атеисти?
    Дали мислите дека во Македонија има предрасуди кон атеистите како група?
    Дали мислите дека отворен атеист може да биде успешен политичар на пример и дали народот би го гласал?
    Дали одите во црква, дали палите свеќа, дали се венчавате во црква, дали правите крштевки, дали викате христос воскресна/се роди кога одите на гости за празник ако воопшто одите? ИТН ИТН ИТН
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ако во Грција може да стане премиер безбожник, зошто да не може и во Македонија? На политичарите бог им се гласачите...
    ПС: Знам атеисти што секоја недела доаѓаат в црква и поп примаат дома и „Христос воскресе!“ викаат... И се крштеваат и се венчаваат. :)
     
    На anakonda88, korisnichka и Victorian им се допаѓа ова.
  3. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    У Македонија прашај како е православен свештеник да си. Секој да ти гледа у новчаникот и гаражата, како месечен данок да ти плаќа, тоа живот ли е, траума ли е. :D
    Атеистите баш имаат комотен живот и немаат никакви проблеми. Напротив, другите треба да се стегаат и да се тресат пред секој изговорен збор, во која било дискусија, можеш да вметнеш теорија од кои било источни гуруа не знам какви и да бидеш модерен, начитан, а да не ти се деси да го искористиш христијанското учење за пример, етикета одма.
    Дотогаш се модерни и кул, а кога ќе почнат гревови да ти бројат, тогаш се преобразуваат во Велештрумф, премудар.
    Се разбира, зборам за анти-теистите, кои неправедно си се самонарекуваат атеисти.
     
    На Rama, agios, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Во Македонија најсмешни ми се званичните атеисти коишто од себе прават жртви на системот и вредностите колку само да се во центарот на вниманието и “различни„ од другите, но реалната состојба е дека 90% од младите по своите постапки и начин на живот се поклопуваат во нивната атеистичка идила.

    Сум работел по ресторани и кафичи долго време и некој да дојде и да ме убедува колку македонскиот народ е конзервативен и патријахален може само бокс да добие од моја страна :D

    Кај нас 90% од младината не знае Библијата како изгледа, а црква посетуваат еднаш годишно пред Велигден која и така им е пропратна станица до кафич или кафана.
     
    На Pontif, Rama, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Па не може зашто гласачите се верници. Барем така е во САД. Имаше анкети и мнозинството вика никогаш не би гласале за атеист. И затоа стално американските политичари секогаш мора да се претставуваат како верници и да ја благословуваат америка и народот и сл.
    Се надевам дека не е исто и во МКД ама искрено се сомневам.

    Инаку, таков атеист сум сега и јас. Една од причините зошто ја отворив темава е зошто не сакам повеќе да бидам. Ми се чини како живеење двоен живот. Ама од друга стана нашата култура е толку испреплетена со религијата што тешко е да се одвоиш од тоа. Кога ќе дојде Велигден на пример што ќе правиш кога ќе ти честитаат?
    - Христос воскресе!
    - Докажи!

    Не оди нели? :)

    Јас лично не познавам атеисти што многу-многу се замараат со свештенството. За атеистите, генерално гледано, организираната религија е nothing but a scam.

    Тие што се замараат со тоа што возат поповите се најчесто традиционалните верници. И целата твоја критика е уствари упатена кон нив.

    Значи има разлика помеѓу:
    • Верник = човек што е запознаен со својата религија и ги применува религиозните учења во својот живот.
    • Традиционален верник = човек што не се интересира за религијата туку едноставно ја прифаќа како традиција. Обично нема ни прочитано Бибилија туку за Христијанството учел од филмовите што ги пуштаат за Божиќ и Велигден.
    • Атеист = не верува во Бог/богови
    • Антитеист = смета дека религијата е негативна појава во општеството и треба да се сузбие. Пример комунистите.


    Кон болдираното - кој се овие на пример?
    Инаку 90% се традиционални верници. Не ги прифаќаме за атеисти, фала многу. :)
     
    На candy.cane и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Јас не верувам во господ, но сеуште се идентификувам како православен хриситијанин, ја поштувам традицијата, вредностите, моралот...Мислам треба да се чува и негува културата на еден народ. А оние хипичиња кои серат и се премногу прегресивни, шо да кажам...:puke:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    @Anon , никаде не спомнав за тоа дали атеисти зборат за свештеници, туку во споредба со еден поп, атеистот многу мирно живее и обично со многу повеќе почит од другите, само затоа што е атеист. Додуша, многу јасно ги разграничив тие два дела од постот. Кога сме веќе кај тоа, за коментирање на религија и свештенство, неодговорно е да се обвинат само традиционалните верници, а атеистите скроз да се оградат, сите од нив, без исклучоци. Ете ја дискриминацијата против која толку усрдно се борите.

    Друга работа, некој спомна за велигденскиот поздрав. Јас тој не го практикувам (како што може да се забележи, не го ни цитирам напразно) со луѓе за кои не сум сигурна во нивните верувања (а верувам и многу други, што и укажува на тоа колкава е всушност слободата на изразување на оние кои веруваат во Господ). А што се однесува до “мудрите„ одговори од атеистите при вакви поздрави, наместо само да си премолчат, кога веќе тие што веруваат премолчуваат толку работи, ако не сте добиле исто толку “итра„ контра-реплика, не било тоа поради тоа што луѓето се прости и не знаат што да ви одговорат, туку нивниот начин на живот не вклучува спуштање на тоа ниво.

    Има атеисти, кои се интересираат и ги проучуваат тие учења, како дел од нечија култура, како нечиј начин на живот и знаат да покажат почит кон истото, или барем едно од наведениве. Има луѓе кои го злоупотребуваат атеизмот за да ја маскираат нивната потреба за bullying.
     
    На Rama, zhap4e, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Anon, мислам дека животот на атеистите во Македонија е релативно океј. Имајќи во предвид дека во светов сеуште постојат 13 земји (сите муслимански) во кои атеизмот е казнив со смрт, мислам дека не би требало премногу да се жалиме. :D

    Сепак, ситуацијата е далеку од розова.

    Атеистите не секогаш наидуваат на разбирање од страна на околината, но така е со секоја религиозна определба (или неопределба) која не припаѓа на мнозинската (православие и ислам); подеднакво чудно и со одредени предрасуди се гледа на сите останати – Јеховини сведоци, протестанти, скиентолози или атеисти, сеедно. Впрочем, кај нас сите имаат барем мали предрасуди кон сите други – христијаните кон муслиманите, муслиманите кон христијаните, атеистите кон едните и кон другите...

    Постојат нападни и фанатични верници кои можеби ќе те осудат, навредат или ќе пробаат да те разубедат, ама постојат и такви заморни и напорни атеисти кои ги тормозат верниците, така да мислам дека тука сме мање-више изедначени.

    Што се однесува до мене, својот атеизам не го кријам воопшто, но и не го рекламирам, ниту пак им досаѓам или го наметнувам на неистомислениците. Додуша, според размислувањата можеби сум донекаде и анти-теист – поради тоа што сметам дека религијата генерално носи повеќе негативни отколку позитивни аспекти, но не сметам дека е нешто што треба да се сузбие по секоја цена. Напротив. Мислам дека на секој човек треба да му се остави избор – дали ќе биде верник или не - се што се прави присилно има спротивен ефект.

    Најверојатно тоа е и причината за „процутот“ на религијата во Македонија по осамостојувањето. Всушност, истото може да се забележи во сите држави во кои владеел комунистички режим во кој религијата била табу. Ако нешто присилно му наметнуваш на човека (сеедно дали е религија или атеизам), повеќе од сигурно е дека ќе се постигне баш спротивниот ефект.

    Освен тоа, кај нас (а во другите бивши советски и социјалистички републики) друга причина за подемот на религијата е сиромаштијата; во тешки економски и социјални услови на живот луѓето најчесто се свртуваат кон религијата и суеверието. Ако си забележал, во огромен пораст е и бројот на гатачи, бајачи, гледачи, растурачи и фрлачи на магии во Македонијава.

    Што се однесува до политичарите, повеќе од сигурно е дека не сите се верници, иако сите така се претставуваат. Избори најлесно се освојуваат со играње на карта религиозна и национална гордост и припадност и искрено се сомневам дека човек кој отворено би се прокламирал како атеист би имал шанси да победи кај нас на избори. Но, ситуацијава кај нас не е многу поинаква во однос на повеќето држави во светот. Всушност, атеистите (оние кои отворено се декларирале како такви) на државнички положби во светот можат да се избројат на прсти.

    Не мора да значи дека живееш „двоен живот“ поради тоа што почитуваш некои верски традиции и обичаи. Одењето во црква не те прави да бидеш верник; верата е нешто што доаѓа од внатре, од самиот човек, а не од работите кои ги прави и местата кои ги посетува.

    Во друга тема имам напишано за ова – Кристофер Хиченс, еден од најпознатите гласноговорници на атеизмот, со својата прва жена, која била Гркињка, се венчал во православна црква (и нормално, претходно се покрстил во православието), бидејќи тоа било желба на нејзиното семејство. Со втората жена пак, која била Еврејка, го венчал рабин – повторно, за да и угоди на неа и на нејзините. А инаку, самиот од раѓање припаѓал на англиканската црква.

    Сепак, ништо од ова не го направило да биде верник; човекот бил и останал атеист и поборник за атеизмот во текот на целиот живот.

    Така да, претпоставувам зависи од тоа како ти гледаш на ова – ако на одењето во црква, венчавањето и крштевањето и сл. гледаш како на најобична церемонија и традиција во која учествуваш за да им угодиш на саканите и истото не ти претставува проблем – слободно можеш да продолжиш да ги правиш. Од друга страна, ако ова го доживуваш како неискреност кон самиот себе и сопствениот атеизам, тогаш не би требало да го правиш.

    Честитањето на верски празници и одговарањето на туѓото честитање јас го сфаќам како знак на почит кон туѓата религија, ништо повеќе. Ако на „Христос воскресна“ одговориш со „Навистина воскресна“ тоа не значи дека навистина веруваш или признаваш дека веруваш дека воскреснал, туку едноставно како културен одговор на поздравот на другиот, како знак на почит кон неговата вера.

    Тоа му доаѓа исто ко некој да ти каже „Добар ден“ иако тебе денот ти е за никаде. Нормално, од општа култура ќе му одговориш со „Добар ден“, а не со „Што бе добар?“ :D
     
    На kravce, Rama, kim.k и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас лично не се расфрлам насекаде дека сум атеист, пробувам да го кријам тоа, но ете некако дознаа соучениците и наставникот со кој се расправав дали Земјата е рамна. Тие се единствените кои знаат, покрај нели, овде на форумов. Соучениците едноставно не можат да се помират со тој факт, најверојатно тоа е една од причините поради кои толку ме презираат. По природа сум избувлива личност, ама во последно време со сета сила пробувам да молчам кога зборуваат за судбини, магии и виши сили.
    И не се случило еднаш или двапати. Има многу луѓе со кои ти оди муабетот, им се допаѓаш, ти се допаѓаат, и некако кога ќе дознаат дека си атеист бегаат од тебе најбрзо што можат. Добро, ме знаеше убаво пред да дознаеш дека не верувам во Господ, тоа толку важен фактор ли е, не можеш ли да замижеш и да прифатиш дека не може секој да се согласува со тебе, како што јас всушност правам 90% од времето?

    Одење во црква? Бев на Велигден, палев свеќи, бакнував икони и се чувствував како најголемиот лицемер на светот. Ако некогаш стапам во брак, не сакам да се венчавам во црква, не дека нешто ми значи да не се венчавам, туку не би сакала да го правам тоа, од чиста причина што нема да се чувствувам пријатно, како што не се чувствувам пријатно кога се кршам со јајца или кога велам „Навистина се роди.“.

    Би сакала еден ден да имам потполна слобода да кажам дека сум атеист и да не бидам осудувана за тоа.
    Ама ми се чини, таков ден нема да дојде.
     
    На kravce, blackwave, BoneMachine и 5 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    „Навистина се роди“ и „Вистина воскресе“ ми се начини на честитање празник, ако некој ми рече „Христос се роди“ крајно некултурно е да му ќутам и да го изигнорирам пошто нели, атеист.

    Генерално, не сум имала проблеми затоа што не поминувам време со верници што имаат предрасуди за атеисти или било какво негативно мислење.
     
    На kravce, Quuen, Rama и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    - Добар ден.
    - За кого како!
    :D

    Кон болдираното: Да да да сето тоа ми е јасно. Ама не се работи за почит. Мојата почит јас ја искажувам со тоа што не ги прашувам за Велигден како ги собра сите животни во Ноевата арка или нешто слично. Не провоцирам. А би можел, така? Би можел да бидам као: кога ќе се разболеш зашто одиш на лекар, оди моли се. Така?

    Во суштина тоа што го предлагаш и тоа што го правам за жал и јас, е пичкарско понашање. А јас не сум пичка ваљда. Ме разбираш? Се бара од мене да ги погазам моите убедувања за да се вклопам.
    Јас сум во малцинство и сега морам да го задоволувам мнозинството со тоа што ќе се кријам и ќе глумам. Така испаѓа. Зашто ако се однесувам како што би требало да се однесувам, т.е. во склад со мојата совест би требало да речам: извини не сум христијанин.

    А башка што криењето и лажењето не се само за денес и утре. Ќе треба цел живот да чекаш гости за верски празници и да одиш во црква и да се крстиш и да ќутиш и да се смешкаш кога ти зборат работи што за тебе се живи глупости. Ќе се жениш во црква, ќе ги крстиш децата, ќе ги прославиш сите празници, ќе ги испостиш сите пости... И после ќе се наречеш атеист?

    Е тоа те прашувам јас тебе и другите атеисти: како ја гледате иднината. Ќе глумите цел живот?
    Кога син ти ќе те праша како настанале луѓето ти ќе му речеш господ зеде земја и и даде душа и така настана мажот и после од него господ зеде едно ребро и направи жена и после.... Ме разбираш?

    А ако решам да бидам свој појма немам како тоа би изгледало... Како да бидеш атеист во држава и култура што неизбежно во себе носат дел од една религија, но каде граѓаните се верници декларативно, но во никој случај нема да прифатат отворен атеизам во мејнстримот. Lotta hypocrisy floating around here. :)

    И сега се надевам дека ја разбираш мојата дилема овде. :)
     
    Последна измена: 11 мај 2016
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    606
    @Anon А кој треба да те прифати? Најбитно е тие дома да те прифаќаат. Искрено за другите не ми е битно.
    Моите знаат како размислувам на таа тема. Повеќето блиски пријатели исто знаат како размислувам, и не сум се осетила неприфатена поради тоа. А и повеќето само почитуваат традиција, не дека се верници.

    Јас не сакам да се венчам во црква и не ми е во план да ги крстам децата. Но, ќе ги учам за сите религии по нешто. Затоа што мислам дека ако јас имам негативен став кон религијата, тоа може да има спротивен ефект кај нив. Пред се би ги учела аналитички да размислуваат, да прашуваат, да истражуваат.

    Кога станува збор за честитање празници на оние што ги знам добро, им викам само „среќен празник„ наместо Христос Воскресе...не ми доаѓа од душа и ми е неприродно да го кажам тоа. Оние кои не ги познавам добро, честитам како што е „редот„, затоа што не би сакала да се објаснувам или пак да отварам дискусии. Сепак тоа го гледам како почит кон нив.
     
    На Lella, Bender Rodriguez, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Те цитирам тебе, но ќе пишувам општо. Кога родител атеист ги воспитува децата, најчесто се случува следново:

    • Секој родител ги учи своите деца на она што самиот е убеден дека е вистина. Само злонамерен родител би ги учел децата на работи за кои тој/таа смета дека се лаги. Оттука природно на метафизичките прашања или на прашањата поврзани со постанокот на светот, животот, што по смртта, атеистот да одговори согласно својот натуралистички светоглед т.е. дека нема Бог и духовен свет, дека се е материја и енергија, дека се случајно настанало и дека после смртта животот завршува.
    • Кога родителот-атеист ги учи децата за сите религии по нешто, свесно или несвесно, тој/таа им ја наметнува атеистичката перспектива за нив. Па така обично за нив се зборува со ист тој и ист речник како што се зборува и за приказната за Црвенкапа, се користат фрази од типот: „Според легендата или приказната, Исус вака така..“ или родителот им објаснува како настанало христијанството „Исус бил обичен човек, морален учител, ама тие што биле на власт, за подобро да владеат со народот, го направиле Божји син и измислиле легенда дека тој воскреснал од мртвите, ама ние деца знаеме дека е невозможно мртов човек да оживее“ :) Што е сосема во ред за еден искрен и нелицемерен атеист.
    Поентата ми е дека секој родител, свесно или несвесно, сакал тој/таа или не, ги воспитува согласно своите убедувања и светоглед.
     
    На Kitten, theowndemon и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам потребата да глумиш и да се однесуваш поинаку од тоа што размислувањето ти налага само за да се вклопиш во средината. Ако имаш партнер верник, се’ е работа на договор. Ако решиш да се венчаш во црква, на пример, не значи дека ќе станеш верник. Можеш ете тоа да си го сфатиш ко да се подбиваш со верата, така мислам дека и го сфаќаат атеистите што се венчаваат во црква - еден ритуал што ништо не значи.

    И стварно не знам меѓу какви верници се движите, ама јас досега не сум видела некој некому да му "попува" зашто е атеист, освен на форум, каде има дискусија и тоа е тема на муабет. Повеќето не го сфаќаат ко толку значајна работа на која треба да се влијае, и не ги прават тие опсежни муабети во секојдневие. Оставаат да си правиш што сакаш во животот, и си продолжуваат да работат на својата лична вера.

    @Lella извини, ама мислам дека преувеличуваш. Се случува кога мааалку ќе се почувствуваш поинаков од мнозинството да гледаш обесправеност и таму каде што ја нема. Сите сме биле во таква ситуација. Како тоа бегаат од тебе кога ќе дознаат дека си атеист? :D Па добро, се’ уште се речиси деца, веројатно и не сфаќаат што тоа значи па им изгледа ко нешто страшно. А она дека не можеле да се помират со тој факт и дека те презираат поради тоа... мислам дека само така ти изгледа. Сигурно не продолжиле да се замараат со твоето верување/неверување откако завршил муабетот.
    Еве излези малку од твоето одделение и види овде на форумов - дали некој престанал да те цени откако кажа дека си атеист?

    И да, ќе имаш и потполна слобода да кажеш дека си атеист, кога ќе се најдеш во друг клас и зборување против религија ќе биде кул, па нема да ти биде гајле дека некој ќе те осуди. Тоа обично се случува во средно и на факултет. :)
     
    Последна измена: 12 мај 2016
    На kravce, Victorian, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Атеист сум и ако некој ме праша тогаш си кажувам. Никогаш не сум криела, а не го ни истакнувам тоа. Ако се најдам во дискусија на тема "религија" со некого, тогаш не гледам причина да кријам. Имало секакви реакции (сепак ништо бурно).
    Јас како атеист воопшто не се интересирам за религија, не одам во црква, не верувам, но немам ништо против верниците, се додека некој не седне да ми "попува" како моето не чини, а неговото е правилно.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Сешто човек ќе сретне по форуми :)
    Христос Воскресна мили мои, дури и за атеистите, за кои некои сметаат дека се само искрени трагачи кои сѐ уште не поверувале. Иначе и верата е дар, и тоа од Бога (секој совршен дар е одозгора и доаѓа од Отецот на Светлината) така што, ок е да бидеш атеист дури и во Македонија, другото е под ингеренции на Божјата милост. Поздрав!
     
    На Црвче, Rama, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Како ви доаѓа бе вакви работи да пишувате во теми за атеисти?
    Не, не мислам дека сум искрен трагач што уште не поверувал.
     
    На Priroden, kravce, kim.k и 8 други им се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    @crimson, А што мислиш дека си? :)
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Атеист.

    И нема да почнам да верувам. :)
     
    На dade, BoneMachine, crazyinlove19 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    ок, душо ти си знаеш :)