(Во пребарувачот не најдов ништо поврзано со Атлантида, но ако е дупла темата, кЉуч ) Не ми се смеете, ама јас сакав како мала да се прошетаме и преселеме во Атлантида Татко ми велеше, "не сум сигурен дека има дирекции како да се стигне до таму" Мојата приказна настрана, сигурно сте слушнале за изгубениот град, и колку пати до сега бил откриен. Ха, мислат така се наоѓа, па таа е „зад столбовите на Херакле“ , бе! Атлантида освојувала од Африка и Западна Европа, а велат дека кога се обидела да ја освои Атина, потонала во неполна ноќ. Некои веруваат дека потонала од природни катасторфи. И, дами и господа, постои ли Атлантида?
Има повеќе верзии за Атлантида ,во врска со тоа каде се наоѓала и која била причината за нејзиното исчезнување . Некои сметаат дека е елиминирана од вонземјани ,некои од цунами ,некои од земјотрес ,некои од казна Божја .... А во однос на локацијата - од Атлантик ,низ Средоземно море ,тука некаде ќе да била . Најново слушнав дека некој научник пронашол потонат остров на југот од Шпанија и дека допрва требало да се потврди т.е. негира дали се работи за Атлантида . Научникот бил доста ентузијастички настроен ,па да се надеваме дека наскоро ќе добиеме конкретен одговор на оваа и тоа како дискутабилна мистерија за една од најмоќните култури на сите времиња .
Еве нешто шо видов на Youtube ама којзнае дали е вистина,па ако не е Атлатида,можи да е некој друг град,некои слики има нели дека е со кружна форма и улици.А за ова па и нема никакви истражувања или па не знаеме за нив ама видете го ова,сепак е интересно,а и кога бараш преку Google maps се гледа истото. http://www.youtube.com/watch?v=qMImbr2C ... re=related хахаха и ова е интересно,иако ќе сум малце offtopic http://www.youtube.com/watch?v=y8iVE8f0 ... re=related
Приказната за потонатиот остров, која ги скокотка љубопитните е најконтроверзниот дел од историјата на човештвото. Сама по себе, приказната на Платон е прилично едноставна, а добива на тежина поради големиот углед на луѓето кои се вплеткани во неа: Солон, еден од седумте мудреци на стариот свет, кој го оставил својот недовршен ракопис со преводот на плочките со натписи од храмот на Неит, Египет, на кои била запишана историјата на Атлантида. Критија, говорник, државник, поет, филозоф, жилав човек кој го наследил како семејно наследство ракописот на Солон. Страбон, главниот хроничар на Римското царство не се сомневал во постоењето и потопувањето на Атлантида. Крантор, следбеник на Платон и истакнат научник во Големата александриска библиотека, што била центар на науките во класичниот свет, и каде умовите од тоа време приказната за Атлантида ја сметале за настан од историјата. Крантор во 260 г.п.н.е. лично отпатувал до египетскиот храм и ги пронашол плочките со натписи кои ја потврдувале приказната. Многу пред нејзиното уништување, Александриската библиотека велат дека содржела многу материјали што зборувале за постоењето на вистинскиот град во „надворешниот океан“. За жал, христијанските фанатици ја запалиле Александриската библиотека, а од неа се спасени премногу мал дел фрагменти од книги од тоа време. Потоа, истите тие приказната ја осудиле за ерес, бидејќи не се споменувала во Библијата, и бидејќи, според нив, не е можно да постоела цивилизација пред создавањето на светот во 5508 г.п.н.е., датум кој на необичен начин е одреден од христијанските теолози. За среќа, оваа карта е зачувана: картата е нацртана наопаку – север е долу Интересни детали од животот на Атлантида: Општествено уредување: робовладетелство. Владеел Совет на Мудрите, составен од најдобрите филозофи, кои луѓето ги држеле во незнаење, и кои се придржувале кон максимата: „Мозокот кој се досадува е закана за Заедницата.“ Јазик: премногу едноставен, речиси непотребен. Користеле неколку именки и уште помалку глаголи, но имале богатство од безначајни придавки. На пример, не постоел израз за `повторно прекршување на законот`. Религија: нешто налик на денешното протестантско христијанство, но позависно од Бога. Закони и навики: кивање, мрзливост и смеење биле предзнаци за можно прекршување на законот. Било каков прекин на говорот бил прогласуван за опасен. Желбата да се биде сам била најлоша од сè. Прекршителите биле фрлани во фабриката за фосфор. Медицина: биле среќни што не им била потребна. Брак: обратно од нашето сфаќање, мажот и жената прво биле љубовници, и после второто дете, стапувале во брак и останувале пријатели до крајот на животот. На самата церемонија, за последен пат се гушкале, а сексуалниот живот го продолжувале со било кој што ќе посака да е со нив. Било срамота жена да роди повеќе од две деца од еден ист човек. И покрај фактот што официјалната наука ги смета за будали сите што се интересираат за темата Атлантида, и ги саботира нивните кариери, сепак остануваат многу прашања неодговорени, а темата со векови ги привлекува големите светски умови. Спојлер превземено од: http://patotnadusite.blog.mk/2008/09/ п.с. Уф како сакам вакви мистерии, ама ништо друго не ми останува освен да чекам и прашање дали ќе дочекам за нејзино разоткривање.
Па да ти кажам право се совпаѓа со ова на Google Earth ! Којзнае,можи и за брзо да го разоткријат ова
Јас имам читано дека според легендата, градот бил сместен врз околопот на џиновска желка (што е практично невозможно, освен ако желкава не е некој потомок на диносаурусите кој преживеал со тек на еволуцијата). Желката плови низ Атлантскиот Океан и дека градот ќе се појави само кога желката ќе реши да исплива на површина. Оваа легенда е искористена нели и во цртанот Аладин.
Освен Атлантида се смета дека постоел уште еден изгубен континет Лемурија во пацификот и дека денешната западна цивилизација е претежно со корени од Атлантида а источната со корени од Лемурија. Докази нема но со оглед на многу загубени цивилизации и дека од пред 5000 години не знаеме практично ништо е многу можно да постоеле па или од војни или од природни катаклизми да се уништиле без трага.
Мене стварно не ми јасно, не знам зошто на никој од научнициве не му текнало за Ватиканската библиотека, каде голем дел од книгите кои биле во Александриската библиотека, биле префрлени во Ватикан.Но, колку пак имаат тие пристапт таму, не знам, но сигурно има податоци за ова, не е мал фондот на книги во Ватиканската библиотека. Некаде пишува дека нема докази, а некаде дека има, пак останува прикривање на податоци од тоа време, секоја цивилизација која постоела, а подоцна исчезнала, сигурно исчезнала од нешто, туку така да исчезне не е можно.
За Атлантида знаеме исклучиво од записи од антички автори и тоа преписи од преписи а оригиналите не и се познати на јавноста така да се или загубени или се чуват во нечие депо. Во Ватикан има и многу други записи но прво не секој има таму пристап а второ имаат делови каде никој без специјална дозвола не може да влезе. Ватикан да дозволи текстови кои би зборувале за друга напредна цивилизација која на некој начин би ја симнала црковната теорија за битисувањето е равно на утопија. Тоа никогаш нема да биде. Има и други тајни само добро се чуваат да не дојдат во раце на пошироката јавност.
Токму тоа, значи има, ама поради одредени причини некои работи се кријат за да не се дознае, па многу нормално дека ќе има неразјаснети работи во светов само не е толку опасно да се разоткрие дали постоела или не постоела Атлантида...и тие си имаат некои математики само чудно, скоро сите знаат за Атлантида, а некои тврдат дека се кријат податоци
Знаат ама тоа е мртво знаење затоа што не знаеме детали туку само претпоставуваме. Замисли да се дознае на пример како е настанат хомо сапиенсот па тоа има целата наука и црква да ги преврти наопаку а тоа нема никогаш да се дозволи. Самите глинени таблици зборат дека првите сумерски царови живееле по 20 000 години но никој не смее јавно да каже како е тоа можно затоа што ќе биде прогласен за луд а таблиците се оригинални и точно преведени. Народов мора да остане неук за да биде лесно манипулиран а кој не е таков ќе си истражува парцијално па од многу извори ќе си го склопува сам мозаикот.
Да, тоа знам дека живееле долго, има дури и тврдења дека обликот на главата кај Египјаните бил поразличен од колку што би требало да биде, значи такви работи можат да се дознаат, а да не може една Атлантида да се открие детално еве нека не биде само Ватикан, како најголема библиотека, има и други, според тоа има можност да се открие целосно.Мислам сега некој да не ја открие, да остане сето тоа не претпоставки, при премногу достапни извори, нема смисла љубопитност е во прашање
За обликот на главата не сум сигурен зашто на египетски скулптури и мумии исти им се главите како нашите иако има една теорија дека знаењата на Египќаните се по потекло од преживеаните од Атлантида. Но сепак да немаме илузии дека живееле убаво најверојатно било и тоа уште едно теократско општество каде малцинска каста го владеела мнозинството. Некои од старите Богови се претставени со издолжени глави и затоа некои од азијските племиња вештачки им ги издолжувале главите на децата но тоа е веќе друга тематика и нема врска со Атлантида .
Jaс мислам дека постоела Атлантида. Според тоа што сум го читала,народот што живеел таму прилично се разликувал од нас.Биле многу поинтелигентни и поинтуитивни,не се занимавале само со материјален и технички напредок,туку биле и длабоко религиозен народ којшто верувал во душата и големо влијание и посветувале на медитацијата.Меѓутоа,со текот на времето настанала поделба помеѓу жителите на континентот.Поделбата била помеѓу оние кои го ценела духот на човекот,биле мирољубиви и праведни,а другите почнале да ја презираат духовноста и да ја признаваат вредноста само на материјалното. Овие вториве располагале со атомско оружје но во текот на експирементирањето предизвикале катаклизма,па настанале земјотреси и вулкански ерупции.Еден дел од континентот потонал,додека на другиот продолжил животот,но после одредено време поради невнимание на Атлантиѓаните дошло и до втората катаклизма каде што континентот целосно потонал во океанот. Приказната ми е посебно интересна поради споредбата со денешниот свет.Според многу научници околностите кои што некогаш довеле до пропаст на Атлантида се појавуваат и денес. Занемарувањето на духовните вредности,посветувањето внимание исклучиво на материјалните вредности и технолошката цивилизација,не води во насоката на распаѓањето на Атлантида.Моежби и нас не чека истата судбина.
Нема ниту еден единствен доказ дека Атлантида постоела. И ова и те како, не е единствена окултистичка приказна од стара историја која едвај се држи на нозе. Има теории дека била уништена не од Зевс, туку сегашниот Бог. Теорија дека без мешање на Зевс, имало природна катастрофа или дека самиот народ си приредил такво нешто. Технологијата развиена на силно ниво, ама не знаеле со што си имаат работа. Познато, не? Да не сме ние жители на Атлантида 2? Како дошло до овој назив? Едно име, Атлант. Оттаму Атлантида, оттаму Атлантски океан. Кој бил Атлант? Син на Посејдон, добро познатото божество на морето. Легендата вели дека ова божествено семејство живеело на остров каде управувал Атлант, а кралевите граделе храмови, тврдини и така натаму. Меѓутоа, семоќниот Зевс кој буквално сегде меша прсти сфатил дека моќта, онаа боговска сила која синовите на Посејдон ја имале опаѓа и дека таму се повеќе има пијанчење, малограѓанско однесување, пороци. Поради тоа прави да има катастрофа и Атлантида исчезнува. На страна од бајкиве, наводно, народов што живеел тука бил далеку посовршен од она што старите грци можеле да замислат. Далеку пред Платон, и она што можеме сега да замислиме.
Па нема докази,сеуште бараат,и самите веќе не знаат што бараат и каде,ама ваљда постои некој таков остров во Атлантскиот океан,а кој го населувал,како,што,никој не можи да знае
Летово, мислам беше многу ме заинтересира оваа тема, и малку пребарував на интернет и прочитав дека се претпоставува дека се наоѓа под Шпанија некаде. Ииии дали ви текнува имаше една песна Атлантида нешто српска...ако некој знае ?
Јас ги имам двата дела од цртанот Атлантида и преска читав на http://www.iluzionist.com.mk/index....ticle&id=791:----&catid=14:misterii&Itemid=30
Пронајдена нова Атлантида! Пронајден древен „изгубен свет“ – пејзаж од планини и речни корита кои се наоѓаат на дното на Атлантик. Исчезната пред повеќе милиони години, пронајдена од страна на научниците се наоѓа во Североатланскиот океан, западно од Оркни – островите Шетланд и не е Атлантида туку сосема ново откритие. Научниците неодамна во Атланскиот океан на длабочина од 1,2 милји откриле древни остатоци кои некогаш биле делови од планина и осум речни корита за кои се смета дека биле дел од древен град кој потонал. Користејќи најсовремена аудио и визуелна технологија научниците успеале да реконструираат 3Д слики на пејзажи од потонатиот град онаков каков што некогаш изгледал и со мерење на ехото ја одредиле јачината на подводните бранови кои на тоа место со времето го измениле изгледот на потонатиот град. Истражувачот Ник Вајт од универзитетот во Кембриџ изјавил дека за обичен надгледувач пронајдените остатоци би изгледале како делови наизглед како копното на Земјата но тоа всушност е древен фосил на пејзажи кои преживеале милиони години на дното на океанот. Најновото откритие научниците го споредиле со древната Атлантида по сите откриени карактеристики но и по значењето. Клучен доказ за тоа дека се работи за тло кое некогаш било на површината биле пронајдоците од јаглен и полен кои се пронајдени на површината на карпите. Ова истражување е објавено во научното списание „Нејчур Геосајнс“ а научниците се убедени дека се работи за голем пронајдок за општеството. Еве ова го најдов на интернет ____________________________________________________________________________________________ Атлантида е во јужна Шпанија? Американски научници тврдат дека постои можност во близина на јужниот брег на Шпанија конечно да го лоцирале митскиот град Атлантида, метропола за која се верува дека пред повеќе илјади години ја потопило огромно цунами. - Тоа ви е цунами. Тешко е да се разбере како бран може да избрише остров со големина од 100 километри, вели Ричард Фројнд од Хартфорд универзитетот, кој воедно е и предводник на истражувачкиот тим. За да ја разрешат долгогодишната мистерија, научниците ги проучувале сателитските снимки и јужно од Кадиза го откриле тоа за кое се верува дека е античкиот доминион познат како Атлантида. Тим археолози и геолози во 2009 и 2010 година користеле радари, дигитални мапи и подводна технологија, за да го анализираат ова подрачје. Во централна Шпанија се откриени неколку чудни „меморијални градови“ градени по примерот на Атлантида, а се претпоставува дека ги изградиле бегалците кои успеале да се спасат од разорното цунами. Иако со сигурност не може да се тврди дека ова е Атлантида, професорот Фројнд истакнува дека меморијалните градови уверуваат дека градот бил закопан во кал во близина на јужниот брег на Шпанија. - Пронајдовме нешто што никој досега не го пронашол, а тоа ни дава кредибилитет нам но многу повеќе на археологијата, истакнува Фројнд. Грчкиот филозоф Платон пишувал за Атлантида пред 2.600 години, опишувајќи го како „остров сместен пред Херакловите столбови“, како што Гибраталскиот проток се нарекувал во античкиот период. Користејќи ги неговите описни мапи на Атлантида, научниците се фокусирале на спојот на Атлантикот и Медитеранот, како локација на која најверојатно се наоѓа изгубената цивилизација. Фројнд вели дека цунамите се добро документирани од тој период, така што се знае дека еден од нив, носејќи бранови високи колку десеткатница го погодиле Лисабон во ноември 1755 година. Дебатите за тоа дали Атлантида навистина постоела се стари илјада години. Платоновите „Дијалози“ кои датираат од 360 година пред нашата ера се познат историски извор на информации за тој град. Платон напишал дека островот Атлантида „за еден ден и ноќ исчезнал во длабочините на морето“. Експертите планираат натамошни ископувања на местото за кое се верува дека се наоѓал, но и на околу 200 таинствени градови на шпанското копно. ____________________________________________________________________________________________ Пронајдена Атлантида? Неименувана група „подводни археолози“ тврди дека го пронашла изгубениот град – Атлантида, а доказ за тоа се серијата фотографии на кои наводно се прикажани урнатините од потонатиот град. Научниците, кои не сакаа да го откријат својот идентитет, за француските медиуми изјавија дека една од пронајдените градби е пирамида. Групата научници која тврди дека ја пронашле Атлантида сега бара финансиска помош за да го продолжат истражувањето на локацијата, која само ним им е позната. Иако не сакаа да ја открија точната локација на митскиот град, научниците велат дека Атлантида се наоѓа во Карипското Море и оти ќе продолжат да работат на истражувањето. Атлантида всушност е митскиот континент кој прв го спомнува филозофот Платон. Тој, Атлантида ја опишува како најнапредната и најголемата цивилизација на Земјата, која е разурната од силен земјотрес, по што потонала во морето. Бројни научници се обидуваат да ја пронајдат Атлантида и повеќепати ја уверуваа јавноста дека успеале во тоа.. Така руските научници во 1997 година тврдеа дека пронашле потонат град 180 километри западно од Land's End на британскиот брег. Во 2000 година Атлантида е „пронајдена“ на 100 метри под вода, на северниот брег на Турција. Четири години подоцна американските научници трагаа по потонатиот град во водите меѓу Кипар и Сирија. Шведските научници во 2007 година тврдеа дека потопената Атлантида е всушност островот Dogger Bank, кој се наоѓа во Северното Море, на 60 милји оддалеченост од североисточниот брег на Англија, потонат уште во бронзениот период. Во февруари годинава британските медиуми ја пренесоа информацијата дека аеронаутичкиот инженер Берни Бамфорд го пронашол исчезнатиот град со помош на алатката Google Ocean. ___________________________________________________________________________________________ Атлантида - Легенда во која сите веруваат латоновата приказна за Атлантида и описот за нејзината трагична пропаст, во тек на многу векови се сметала за легенда. И денес во научниот свет не постои единствено мислење дали оваа хипотетска цивилизација навистина постоела.Може да , а можеби не... Постојат многу претпоставки на научни хипотези за тоа дали Атлантида воопшто постоела, каде се наоѓа и зошто(и како) исчезнала од лицето на нашата планета. Најважен извор за нејзиниот сјај наоѓаме во Платоновите “Дијалози” (Тимеј) во кои наведува приказна која за време на својот претстој во Египет ја слушнал од грчкиот филозоф Солон 583 година пред нашата ера. Каде се наоѓала ? Некогаш во дамнешните времиња, позади мореуз “Херкулусови столбови”(Гибралтар), забележал Платон, се протегал голем остров кој се викал Атлантида. Островот имал површина од околу 154000 квадратни милји, а на него живееле околу 20 милиона луѓе. Земјата изобилувала со топли извори, а во шумите живееле слонови и други афрички животни. Плодните равници биле испресечени со канали кои служеле како водени патишта за пренос на разна стока и земјоделски производи. За богатствата на оваа хипотетска цивилизација, зборува податокот дека нејзиниот главен град бил опколен со високи бронзени ѕидови, а дворците биле прекриени со злато и сребро. Од 12000 па све до 9000-та година, Атлантида господарела во тој дел на светот, управувајќи со гигантското медитеранско царство, кое допирало се до Египет и Италија. Атлантите се бореле за стварање на таква државна заедница во која идеали за братство и пријателство се најголемо богатство. Но, “еден ужасен ден и една ужасна ноќ”, наведува Платон “Атлантида ја проголта- морето !...” Од тогаш до денес се напижани преку 20 000 книги во кои се изнесуваат безброј претпоставки. Една од последните ја напишал австрискиот инжињер Ото Хенрих Мук, човек со широки погледи. Мук нагласува дека Платон ја зборува вистината и додава дека Атлантида можела да се наоѓа во близина на Азорските острови, кои лежат на одалешеност од 12000 километри од Европа. Што запаметил Кромањонец? Ако е тоа така, оваа сјајна импаерија сигурно имала свои клонии на Стариот континент, али каде се? Примитивната керамика и примитивното оружије на Неандерталците зборува за тоа дека Европа во тие дамнешни времиња сеуште го преживува каменото- време! Мук обрнал внимание дека Кромањонецот , кој бил со поголем раст и многу поголемо културно ниво од Неандерталците живее отприлика во исто време со Атлантите. Извонредните слики на убави луѓе со бронзена боја на кожата, во пештерите на Шпанија и јужна Франција денес се препишуваат на визии на човекот од Кромањон. Неговите украси, орудија за работа и други предмети, биле направени многу повешто и со многу повеќе уметнички вкус од неандерталските. Со други зборови ,тоа се остатоци од една многу високо развиена култура, која претставува контраст во однос на примитивниот начин на живот на неандерталскиот човек! Истражувајќи ги гробовите на Кромањоните, Мук изнел претпоставка дека тие биле жители Атлантида. Тој обратил внимание на следниот факт: огромни области од Европа за време на хипотетичката цивилизација биле сеуште прекриени со снег и мраз бидејќи глечерите почнале да се топат и исчезнуваат дури во 11.-от милениум пред новата ера. Зошто? Зошто топлата Голфска струја, која денес го загрева брегот на Европа, тогаш не функционирала?Можеби во тоа ја спречувала некоја голема природна преграда-Атлантида, се прашува Мук и додава дека Голфска струја го заплискува брегот на легендарниот континрнт, и токму таа ја створила благата клима за која со одошевување зборува Платон?! ...Постојат ли докази за такво тврдење? Да , постојат! _______________________________________________________________________________________ Атлантида пронајдена... во Шпанија? Островот што беше мистерија за човештвото повеќе илјадници години и никој не ја знаеше неговата точна локација по легендарното „исчезнување“ е откриен. Тоа е тврдењето на тимот американски археолози кои објавија дека го пронашле „загубениот“ остров Атлантида во јужна Шпанија. Професорот Ричард Фреуд, од Универзитетот „Хартфорд“ во Конектикат, тврди дека легендарниот остров исчезнал по силно цунами што го збришало од лицето на Земјата. За да ја лоцираат местоположбата на Атлантида тимот користел сателитски фотографии и комбинација на радари наменети за големи длабочини, дигитално мапирање и подводна технологија. Резултатот бил пронаоѓањето на чудни „меморијални градови“ што жителите на Атлантида ги изградиле пред да избегаат од островот. „Жителите на Атлантида, кои не починале од цунамито, изградиле нови градови на копното“, објасни професорот Фреуд. Контроверзните пронајдоци од истражувањето на тимот наскоро ќе бидат презентирани на каналот „Нешнал џиографик“. Со векови наназад, познатите филозофи дебатирале дали воопшто Атлантида постоела, а од пишувањата мислењата се поделени. И во минатото научниците тврдеа дека го пронашле легендарниот остров помеѓу Сирија и Кипар или во Црното Море, како и во Северното Море. _________________________________________________________________________________________ Имам многу слушано и читано за Атлантида.Еве нешто најдов и на интернет.Вејке не се знае дали постои или не ама ммислам дека постои ......