Здраво на сите, Ќе скокнам во тамата: Во Мк нема многу информации за аутизам, особено кај жени. Сеуште многу дијагностичари мислат дека аутизам доаѓа во пакет со ниско IQ и неспособност да се функционира без помош на родител. А недајбоже да имаш некакв успех на работа или факултет, тогаш автоматски "глумиш" аутостичен. Од мала се сомневам дека имам аутизам, секад сум била малтретирана или дискриминира поради моите чудни манири и експресии. И учителите приметија, и додека некои тивко ме штитеа, други ме озборуваа низ мало. После години малтретирање, научив колку толку да глумам "нормална", а и се пронајдов во струка кај што сум подобра од моите врсници. Се разбира, потешкотиите позади затворени врати продолжуваат- се ми смета и се ме изморува. Имам репетативни движења што можат да траат со саати, посилни се од мене. Промени на мали работи ми сметаат и цело време ми се врти или мати пред очи- и вака цел живот. Сега е подобро, порано кожата ми сметаше и пробував да ја изгребам од мене. Бидејќи личам колку толку нормално, знам да се шминкам и зборам, никој психолог не ме сфаќа сериозно. Сакам да добијам дијагноза сега наместо кога ќе биде премногу доцна. Можам уште 50 работи да набројам но да не должам. Дали знаете психодијагностичар (или слично) што е по информиран околу high-functioning аутизам? Фала ви однапред
Искрено не мислам дека ќе најдеш. Кај нас освен за депресија и анксиозност за ништо друго не се замараат. Или ќе ти речат ништо не ти е. Ако знае некој препорака нека напише, ама еве искрено јас мислам дека не се големи шансите. Онлајн нешто во странство да побараш?
Здраво, веќе 2 месеци се занимавам со темава. Лично дојдов до заклучок дека имам АуДХД High function autism. Направив 5 тестови, секаде истиот резултат. Кога ти го читав постот како себеси да се читав. Најдов сајт кај што најверојатно може да детерминираат неуродивергентност односно аутизам. Ќе се јавам и јас деновиве да проверам. Повели сајтот. https://vomojotsvet.mk/ Иначе сакав да споделам, не од смисла да се фалам, туку да потврдам дека аутизмот не ме спречи во кариерата. Екстремно сум успешен. Имам стабилен живот. Со многу труд. Само немам разбирање со луѓето, во нивните очи мојот начин на комуницирање им се чини арогантен или збунувачки, а понекогаш и смешен.
Здраво, Ако може повеќе информации како функционира сајтот за кој што имаш оставено линк? Јас не гледам никаков тест или нешто слично
Здраво на сите, Многу ми е драго што конечно најдов мк форум каде што се зборува за ова. По струка сум психолог (и не работам тоа), подолго време бев свесна дека сум на спектрумот иако требаше доста да престанам да се сомневам во себе и да го прифатам тоа. Направив тестови онлајн и voila ми се потврдија сомнежите. Можам да кажам дека истовремено чувствувам дека е и супермоќ, и најголем предизвик, особено кога станува збор за работа во corporate. Многу сум успешна, водам голем тим и сум сигурна дека хиперфокусот на детали, бројки и дата ми помогнале да стигнам до тука. Но од другата страна, воопшто не препознавам social cues, тешко ми е да се ставам „во чевлите“ на други луѓе и често луѓето мислат дека сум арогантна или дека зборувам дипломатски и нешто кријам. А тоа е најдалеку од вистината. Дали знаете дали во Македонија постои стручен психолог што работи со возрасни на спектрумот? Некогаш е искрено осамено да знаеш дека едноставно главата ти работи различно од сите, и дека работи што за другите се природни за тебе се цел процес
Единствен психијатар што специфично работи со адхд и аутизам кај возрасни е Силвана Марковска, иако она не држи терапија. За психолози не знам, ама не верувам да има некој кој би ти бил од помош.