Аутизам

Дискусија во 'Дете' започната од discofilman, 3 мај 2012.

  1. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    95
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.031
    Имам дете во фамилија со аутизам. Не е типичен аутизам туку некој вид (не ми текнува сега баш како се викаше). Детето беше супер, одлично напредуваше, и кога на 3 год ја прими таа вакцина во почетокот не се забележуваа никакви промени.
    После одреден период (неколку месеци) приметивме нешто чудно кај него. Живееше во негов свет, излив на емоции, зборуваше кога тој сака и сл други симптоми....После макотрпни испитувања од Скопје до Белград, во Белград ја установија дијагнозата. Тогаш во тоа време воопшто не беше познато тоа кај нас.
    Мајка му по цели ноќи седеше на нет и читаше што и како и од што може да се случи. Не наоѓаше никаков конкретен одговор. Воспостави контакт во Америка со некој институт со надеж дека ќе се најде лек/терапија. На крај резултатите беа дека за тоа нема лек и дека болеста е од вакцината. Постоеше и мала веројатност дека е од осиромашен ураниум од војните кои се провлекуваа на Косово и Мк во 2001год кога баш и тој бил во матката ама тоа беше многу незначителен процент.
    После тоа се најдоа контакти со уште неколку мајки од мојот град кои имаат деца од таа генерација и со ист проблем. :x Незнам што да кажам.
    По многу дебати и расправии со многу др. утврдив дека ретко кој доктор го вакцинира своето дете а јас ја одложив таа вакцина на година дена плус. Ете, со надеж дека ќе ојача организмот и дигне имунитетот. Ми беше страв до коска зашто бев претходно за се информирана, али еве да чува Бог се помина во најдобар ред.
    Имаше и кај нас некои иницијативи да се престане со вакцинација ама Владата убедуваше дека се со висок квалитет....бла бла бла мораше да перат пари и стават во нивен џеб затоа што набавуваат кинески со најмал квалитет, на сметка на тие мали чисти и невини души.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.703
    Допаѓања:
    114.094
    Пол:
    Женски
    Син ми ја прими оваа вакцина кога направи годинка, некаде пред еден месец. Ама за ревакцинација ќе се помислам... ептен ми е страв, не знам ни дали да ја примаме... колку и да се опасни болестиве од кои штити (не дај Боже да се јават), сепак се лекуваат. Некако повеќе би ризикувала да не ја прими, помирна ќе ми е душава...
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.031

    Првата не е страшна втората е страшна.
    Јас добивав едно 5-6 опомени дома па дури и некои реферати дека ќе ми следува казна од 18 000ден ако не ја прими. Се вадев дека е болен и кога наполни 4год ја прими.
    Абе глупо е сега кога го запишуваш во школо ти бараат картонче со сите примени вакцини и што ако не ги примило нема да го запишат?!?! А и да на 6 год. му направиш ревакцинација неверувам дека ќе делува...
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.703
    Допаѓања:
    114.094
    Пол:
    Женски
    Е па не знам... се надевам дека ќе можам барем да одложам, затоа што најверојатно во следниве две години нема да бидеме во земјава. Но како и да е, сигурно можам да потпишам дека не сакам да ја прими на моја одговорност. Познавам луѓе што двете деца не си ги вакцинирале воопшто - па ене ги двајцата, здрави и прави мажи со семејства. Како медицинско лице, ја знам придобивката од вакцините... ама од друга страна - денес се е бизнис, па и во медицината.
     
    На sagittarius57 и slavica999 им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.954
    Имам во близина тука дете кое е аутистично. Наводно од вакцинација се јавила реакција ... но неговата тетка си кажа дека уште негде година кога ќе му се обрателе детево не реагирало им паднало многу сумњиво. По некое време им е кажана дијагнозата. Ве молам немојте да паничите за вакцините ... колку илјадници деца примаат иста па фала Богу ова не се случило. И сите ние сме примале па ете не. Ни во Америка со еден куп истражувања не може да се најде причината за оваа состојба био ја рекла јас зашто тоа е состојба на умот, не е болест. Инаку мене ми е веќе јасна работава со вакцините, се вртат пари стана бизнис. Затоа што некои вакцини кои со години уназад се примаат за одредени болести кои веќе се исчезнати со време се уште се даваат на деца. Тоа не ми е јасно?! А фактот е тој за жал станува голем профит.
    Аутизмот тешко дека ќе добие за брзо и решение. Тешко дека ќе се пронајде и причината. Во Америка на секои илјада деца се јавува ... најбројни се ваквите деца таму. Тука кај нас последниве две три години почна да се зборува јавно и да се реагира. И не, не верувам дека има врска ураниумот или кризата од Србија, Косово итн. Тогаш требаше еден куп вакви деца да има. Може др фактори да се причинители. Според мене се е поврзано со нервниот систем и трансмитерите кои доведуваат информации до мозокот. Таму одредени центри веројатно не се во нормална функција ... а ова е можно при развојот пред и после раѓањето на детето да се случува.
    Инаку имам слушнато за доктор од Турција кој и тука доаѓа, дека е ефикасен во својата работа со вакви деца. Неговиот син бил аутистичен и наводно успеал да го излечи од таа состојба. Да се надеваме дека со време ќе се пронајде начинот или лекот за да се помогне на ваквите деца.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    5.031
    Не се лечи, може да се ублажи ама не и целосно да се излечи. Со многу работа и труд плус во пубертет може да се подобри ситуацијата.
    Ние немаме специјални училишта за такви деца што е многу жално и тие неможаат да се социјализираат како прво. Нашите лекари како од ракав препишуваат антидепресиви и др. тешки лекови што немаат никаква врска со болеста. Сите нешто слушнале, прочитале ама не се ни обучени за работа со такви деца.
    Најблиску во Европа такво училиште има во Словенија
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.954
    Затоа пишав наводно, зашто не можеме да знаеме до кој степен било и како, колку е тоќно тоа итн. Тоа имам слушнато само. Јас мислам дека ако само од себе нешто не се промени целосно лекување од ваквата состојба нема. Ама верувам дека еден ден че се најде начин за успешно надминување на овој проблем кај децата.
     
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    95
  10. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    832
    Допаѓања:
    2.119
    Пол:
    Женски
    Гледам не е многу активна темава но јас да си се искажам... имам близок со аутизам кој се родило во здраво право бебе почнал да лази да вика мама и така некои зборчиња и на 9 месеци му се прекинува се, ниту можеше да оди да зборува ништо..... само со очите имаше некакви напади, до 5 години беше во количка до кај 9 со пелени и сеуште не зборува сега е веќе голем и има многу посеризни проблеми многу е агресивен ништо живо не го смирува. И сето тоа е од тие Вакцини ! Секој организам е различен, различно се развива и неможе сите да примаат иста вакцинa ! Нека се забрани веќе АМАН ! :fubar:
     
  11. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски


    Еве го видеото кое во една прилика го гледав цело, а потоа не можев да го најдам, мислев дека е со англиски титл, а тоа да ти бил хрватски.
    Женава е мајка на аутистичен тинејџер, сама со мажот и се борат да го исчистат од паразити.
     
  12. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека вакцината нема никаква врска со аутизмот. Во некои случаи можеби да, ама во поголемиот дел не.
    Имам 7 годишен братучед со аутизам, нормално дека не можеа да му ја откријат уште од најмала возраст пошто нели на 1 година не се зборува, ама кога направи 4 години почнаа да се повидливи симптомите, па лекарите дијагностицираа аутизам. Сега има 7 години и оди во специјализирано училиште во Англија. Значи детето е родено во Англија и таму живее и не примало никакви вакцини пошо нели таму инакво здравство, а сепак е родено со аутизам. Вистинската причина за појава вистина е непозната.
     
    На Spidy и Joi им се допаѓа ова.
  13. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.970
    Аутизмoт е сериoзнa бoлест и нaвистинa е штетнo дa се ширaт дезинфoрмaции зa нејзинaтa пoврзaнoст сo ММР вaкцинaтa.

    Oбјaвaтa нa еднo кoнтрoверзнo истрaжувaње вo 1998 дрaстичнo гo нaмaлилo вaкцинирaњетo вo Oбединетoтo Крaлствo и се згoлемилa пoјaвaтa нa сипaници. Пoвеќе ренoмирaни институти гo прегледaле истрaжувaњетo и уште немaaт нaјденo врскa меѓу ММР вaкцинaтa и aутизмoт. Истрaжувaњетo е прoглaсенo зa лaжнo, пoвлеченo е oд нaучнoтo списaние и aвтoрoт имa зaбрaнa дa биде дoктoр вo Oбединетoтo Крaлствo.
    Фaктички oпштoприфaтенo кaј светските нaучници е декa ММР вaкцинaтa немa никaквa врскa сo aутизмoт и aвтoрoт нa oвaa лaгa е oбвинувaн и презирaн.
     
  14. asdasadas

    asdasadas Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Здраво ве молам за помош,
    Имам внук 18 месеци. Физички супер напредок има. Прооден е од 11 месеци. Со јадењето нема проблем.
    Работата е тоа што без престан движи, игра со одреден предмет кратко и веднаш бара мекојадруга играчка. Нема концентрација за нешто подолго. Има денови кога кажува нешто на негов јазик има денови си ќути.. Многу ретко се осврнува на име и не разбира команди.. Родители се плашат да побараат помош од причина дека ќе има некаква дијагноза.. Не покажува кон предмети, не ги прави работите како Чао, да буцне со прст.. Доколку некој му зборува не реагира само многу ретко.. Штом се пушти ТВ веднаш се врти. Реагира и само на некои песнички ако му ги пее некој.. Ве молам за совет ме знам дали од што е премногу физички активен нема концентрација или се некои други знаци.
     
  15. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Во таа возраст често децата немаат концентарција која што трае подолго време.
    Сепак посетете педијатар, јас мислам дека не е ништо страшно.
    Во посакувам среќа.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.703
    Допаѓања:
    114.094
    Пол:
    Женски
    А родителите работат со него, или детето е оставено само на себе, со таблет, тв и телефон? Ако се исфрли целосно технологијата и ако седнат родителите да се занимаваат со детето, веројатно нема ни да има проблеми.
     
    На cresa-jagoda и DAngel им се допаѓа ова.
  17. FVP

    FVP Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Кој ти е доказот дека е од вакцини? И тогаш ти како многу паметна која тврди дека треба да се забранат кажи ми кој е механизмот со кој векцината му направила аутизам на детето? Плус што муабетот ти е пола у прво лице пола у трето.
     
  18. cavalli

    cavalli Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Имам братучед со аутизам. Кога наполни 1г почна нагло да се здебелува и да не оди и да прави чудни звуци, да мрмори, но не да ги кажува зборовите јасно. Сега има 3г и сеуште нема прозборено. Лекарите му дијагностицираа аутизам и препорачаа да се работи повеќе со детето и секакви телефони, лап топи, таблети да се подалеку од него. Доколку не се слободни родителите, да платат жена која е способна да работи со него. Исто така препорачаа да се носи во центар каде што има деца со аутизам за да може полесно да воспоставува комуникација.
     
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Машки
    Јас имам помал брат, сега е веќе 16 години, и е во згрижувачки центар во Неготино.

    Никогаш нема прозборено, само мама има кажано, другото е крици испуштање. Многу тешка самоконтрола, и носење памперс цело време. Накратко кажано, треба многу љубов, разбирање и нерви доколку имате таква личност во животот. Не можам да пишувам и опишувам директно затоа што ме боли срцето и ми се плачи.
     
    На lackygirl, danichap, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  20. cavalli

    cavalli Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам. Но мислам дека треба да воспостави во контакт со лице кој што работи со деца со аутизам.