babylove овошни кашички

Афти во устата

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од The.Pink.Angel, 14 јуни 2012.

  1. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Пред некој ден ми излезе афти на горниот дел во внатрешниот дел во внатрешниот дел на устата ми помина и сега имам на долниот дел во внатрешниот дел на устата кажете ми кои се причините со што ми излева афти и како да ги излечам вака изгледат
     

    Прикачени фајлови:

  2. bvlgari

    bvlgari Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    ја имав афта на грлото отидов на лекар и ми даде проафтол во аптека го има за 3 дена го снема :)
     
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    19.359
    Пол:
    Женски
    Мене порано нонстоп вакви ми се праеа, знам дека ненормално болат :worried:
    Ја прашав Докторката матичната и ми рече истри го со кафе и одма ќе помини, барем мене одма ми врвеа, многу е болно, ама за побрзо да ти помини.
    Пробај :)
     
  4. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    a какво кафе треба да биде сварено или ? :D инаку фала
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    19.359
    Пол:
    Женски
    ^ кафе како шо е најнормално, ќе горчи малку, али одма врви :)
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    2.485
    Со прополис капки,многу боли кога ставаш ама поминува! :!:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    193
    Поради носењето на протеза и присуството на железо во устата, порано нон-стоп ми се појавуваа афти.
    Ако беа помали и не ме болеа многу ги оставав сами да исчезнат, бидејќи „рокот“ на афтите е 7 дена. :)
    Ставајте сада бикарбона, доста помага, исто така и паста за заби или пак мед. ;)
     
  8. Bubamaricka

    Bubamaricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    202
    Афти и од нечистотија се прават од неизмиено овошје пример. Има една маст гингивал ц се вика некој 100 тина денари е има анестетик во составот така што кога ќе се намачкаш барем болката се смирува и побрзо поминуваат афитите.
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Проафтол ептен помага. Прв пат го имав чудово летово, и тоа баш гадно ми искочи не само на непцето туку и на јазикот, цел ден зборев ко да имам вруќ компир у уста :D

    На страна тоа колку смешно звучев цел ден, многу ме болеше така да не можев ни да јадам :(

    Ама само што прснав проафтол, одма ми помина, ама одма.

    Стварно е ефикасен. Го препорачувам.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.228
    Допаѓања:
    78.879
    Пол:
    Женски
    Леле мајко и јас сега имам една и тоа помеѓу гингивата и устата баш во `ќош` да речам , огромна е! :envy: секој месец ми излегуваат по 2-3 леле што ке се прави цело зимо вака ли ;( мислам дека што и да ставаш нема фајде , но колку толку ја намалува болката... ;( инаку афтиве се појавуваат од нечистотии и намален имунитет. Пијам витамин ц , б-комплекс и пак тука се уфффф веке
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    11.063
    Пол:
    Женски
    Купи ПРОАФТОЛ од аптека.
    Нема да го забрза процесот на заздравување, ама мислам дека содржи анестетик па ја ублажува болката колку толку.
     
  12. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Јас го имав истиот проблем,се појавуваат поради нечистотии и намален имунитет,да...исто така ако имаш проблеми со крвта или намалено железо.Исто како тебе пијам секој ден витамин ц и б-комплекс,но пијам и железо,не ми излегле одамна,за среќа.
    Пробај си ги сите тие работи што ти ги кажале другите девојки и исто така можеш да ја плакнеш устата со чај од жалфија.Ако сакаш можеш и да одиш и да си провериш,да не е нешто со крвта или со непцата.
    Поздрав :) :)
     
  13. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    14.337
    Лажичка сол во едно филџанче со вода раствори и чувај на местото т.е. прави гаргара ( или како и да се вика).
    Ова го правам секогаш кога ми излезе некоја досадна афта и стварно помага :)
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.470
    Медот е природен антибиотик.
    Нанеси малку мед на местото и ќе помине брзо. :)
    Мене за 3-4 минути ми помина. Може нема толку брзо кај секого, но со сигурност делува.
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.228
    Допаѓања:
    78.879
    Пол:
    Женски
    За да не излезат , б-комплекс само помагаат :!: А ако веке излегле , кафе , прополис во последно време мене кафето ми е лекот :)
     
  16. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.026
    Цел живот се мачам со нив.
    Најчесто излегуваат поради намален имунитет. Мене почнаа да ми се појавуваат уште како бебе, од татко ми сум си ги наследила...
    Најмногу ми помага чај од жалфија и плакнење на устата со хидроген од 3%.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.064
    Допаѓања:
    8.636
    За афти лек што најбрзо и најмногу помага е прополис. Едно-две нанесувања и афтата ќе ја нема.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.976
    И јас од време на време имам проблем со афти во устата и ептен болат,дури и повеќе од забоболка.Мене ми препорачаа да се мачкам со кантарионово масло кое што стварно е ефикасно.Ја намалува болката постепено,но за 3 дена ни А од афтата нема.Така да препорачувам таков масло,а може и прополис малку да се стави.
     
  19. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    817
    Пол:
    Женски
    Секогаш си имам вакви нешта во устата :devil:
    Ама тоа е.. Поради нечистотии такви ствари, и заради протези ми се правеа (сега не)
    Јас си оставам сами да поминат.. :)
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.965
    Пол:
    Женски
    Ретко ми се појавуваат, ама со прополис брзо се лекува.