На десниот кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни, позади Луна паркот, денеска почнува изградбата на првата градска модерна плажа во Скопје На десниот кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни позади Луна паркот денеска ќе почне да се гради првата градска модерна плажа. Локацијата е веќе оградена и подготвена за градежните работи, кои ќе почнат од денес по официјалното промовирање на проектот што ќе го изврши скопскиот градоначалник Коце Трајановски... Како што дознаваме, градската плажа ќе се гради според идејното решение на авторите Бекир Адеми и Бетим Зекири, кои во јануари, годинава ја добија првата награда за конкурсот кој го распиша Град Скопје. Тогаш се планираше овој проект да се реализира на левиот брег на Вардар, но поради тековните градежни работи, локацијата е поместена на десниот брег, позади Луна паркот. Идејното решение на Адеми Бекири предвидува овој дел од коритото на Вардар да биде покриен со песок на кој ќе има дрвени платформи со лежалки, маси и столови. Меѓу урбаната опрема се вцртани неколку мали базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди во модерна форма. Ќе има и комерцијален дел, односно шанкови кои Градот Скопје ќе ги издава под концесија. Плажата ќе биде наменета за рекреација, уживање и за игра, повеќе како урбана атракција со оглед на тоа дека водата во Вардар не дозволува капење. Затоа, на самата плажа се предвидени мини-базени за деца и додека тие уживаат во вода, нивните родители ќе можат да се релаксираат пиејќи кафе покрај реката. Дознаваме дека првичниот проект има извесни корекции кои ги доработиле надлежните од Градот Скопје. Проектот изградба плажа на кеј досега беше многупати најавуван од многумина градоначалници но, никој не успеаа да го реализира. Во минатото Скопје, имало пет градски плажи. Повозрасните со носталгија се сеќаваат на Опатија, Официрска, Градска, Руска и Ѓачка. - На лето, кога ќе фатеа горештини, точковите под г'з и право на плажа на Вардар. А во неделите - фамилијарно. Со торби храна закачени на гиданите, ни раскажа еден стар скопјанец. извор : Вечер Да не ја расипувам темата...што мислите за ова?!Ви се допаѓа или не?!Фијаско на повидок?! Мене не ми е јасно...дали е дел од гачката наречена Скопје 2014...кој знае...живо ме занима како ќе заврши,а чувствувам траги-комично!
УУЖАС!! Неможам да замислам ,која градска плажа г немаме од град од градска култура пред се ,да се надоврзам се враќам од искачанка пред паа едно 20 мин во кола сум а пред мене еден масовен голем гјип и као леле делегација викам некоја ,на семафор се ставаме во паралела неее тоа е некој фраер си ја враќа цурата дома и низ вожња бааап лета низ прозорец хартиена ќеса од мрсен хамбургер!!!!!културааа???јок ај тоа да оставиме на страна, градска плажа не ни ни треба а кога веќе ќе ја имаме нема да знаеме да ја користиме со потребната грижа и начин на однесување,осеќам ќе биде јако фијаско ама појако аминнн која е поентата кога неможе да се брцнеме во вода да се разладиме ако е така и кеј кафиќиве с енекој вид градска плажа!!??не ми се допаѓа но ако тргнеме од тоа не е битно битно е нешто ново и нешто да се прави да не се седи за гјабе ок! има така попаметни работи од градски плажи !!
Подобро ќе беше да го исчистеa, средеа и дотераа езерцето Треска, кое нуди можност за рекреација на плажа, отколку ова... Можат да го средат, да ограничат влез, не само децата од околните села да рипаат и пљаскаат во водата. Спред мене тоа било реално добар проект и има шанси да заживее и така е популарна Матка, а езерцето е уште поблиску до Скопје. А ова... сигурно дека си има интереси зад сето ова, кои и како не навлегувам, а и незнам... Само мене ми личи на уште еден од многуте кафичи... само на добра локација и со тематика... Тоа е тоа според мене.
Нека го средат, зошто да не. Ќе биде кафич, само малку поразличен од другите. И онака има еден куп луѓе што одат на базен во лето, а не се бањаат, туку си кулираат покрај базен со нешто ладно за пиење. Сега ќе има едно такво место повеќе. Е сега со пластичните шишиња што пливаат во Вардар, не знам колку е добра глетката за кулирање... Како и да е, немам ништо против. Не би требало да е сташно скап проект, па нека пробаат... и онака едек куп пари се трошат за глупости. Јас сигурно нема да одам да се сончам, зошто секако не се сончам и на плажа одам строго за бањање, ама може ќе се напијам некое кафе или коктелче. Само не знам баш кое време е погодно за сончање во Скопје. Во лето пекол е до стемнување, а и кога ќе се стеми уште е топло од жешкиот асфалт. Мислам дека слушнав дека ќе го средувале езерцето Треска, ама не ме држете за збор.
Значи нема бањање само кафе пиење Фијаско е на повидок дефинитивно. Оф леле уште плажа ни фалеше и тоа плажа кај што нема бањање
А со нашиот сеир менталитет,дека некоја ќе се осуди да го соблече гзот и да го сонча... Што знаеш може и танги ќе има... Башка што Вардар дава невероватна арома на фекалии,па може и да си поздравиш нешто свое гледајќи го како плови на површина... Оф леле...се плашам и сплавови да не стави на вардар уз севдалинка да мезам скара,просто да ми отвара апетит глетката.
Мене ми се допаѓа иако не сум од Ск..ама идеа како идеа е супер зашто да не!! Па вакво нешто има во секоја балканска метропола има во Белград има во Нови Сад (не е метропола али голем град е) Загреб и супер изгледа и супер е за забава во лето на отворено има и кај мене у Ку ама реката не ни е чиста и проектот е сеуште во изградбаа Немој некој погрешно да ме свати не напаѓам никого ама не ми е јасно кога не прават ништ се буните не ви се допаѓа кога прават пак се буните , Епа што сакате??? Ептен Likeeeeeeee ( Fb ) и за Скопје 2014 и за проектов позз
mislam deka ke bide propala investicija kako i site do sea pa ima u belgrad i novi sad ali tamu mozes da se banjas a tuka sto?a i plus nie nemame red kakov so imaat tamu odma haos ke nastane
На плажа у купаќи покрај Вардар, сокче во рака и желба да се брцнеш во вода. Ама нема бањање, јак ризик. Аутан во ташна обавезно! Паре су скупе, годинава нема прскање против инсекти, комарците мутираа, гуштерите станаа крокодили. Фекалната канализација од цело Ск дирекно се влева во Вардар, пречистителна станица не е предвидена во проектот Ск-2014. Ако нешто сумњиво плива во Вардар, немајте гајле , барем знаеме што е. Ајде и ова чудо да го видиме.
да вчера се возикав на кеј и слатко се изнасмеав абе ајде гратска плажа. да не викам не, имало порано нашите пра баби и дедовци или може постарите баби и дедовци се бањале во вардар не викам не ама вардар бил да го пиеш, било чисто и ставрно било кеиф да идеш на таа гратска плажа. немало кафичи и пијанки туку добра дружба и шмекање. а сега што фекалии, смрдеа, ај ќе направат кафич ама хелло треба гратска плажа. и се смеам јас така и викам нека ја направат јас сум прва со купачот танга, среќа го чувам од лани и ќе се стаам да си го посончам г***т , а оној мојон вика да бе ќе земат од др. страна на вардар оние другите двогледите и ќе д****т к***ц абе проектов е глуп само наоѓаат начин да го затворат и тој мал простор за рекреација и да го претворат во бизнис план. па да не заборавиме сепак е ова македонија
Iskreno, bev i sum protiv ova zatoa sto i taa "plaza na lugeto" ja dadoa na kafici, i nema da mozes da sedis bez pari na lezalka (ne deka planirav da odam, tuku me nervira sto ja reklamiraat kako besplatna, a vrska nema) tuku ke mora da platis sok od 150 denari. A za idenje, veruvajte, imame nie "faci" vo gradot koi ke odat za da bidat videni, da pijat NES od 120 denari i slicno.Taka sto, ke im uspee proektot. Vo koj po neznam koj pat ke karat poedinci.
убава е идеата, ама па шо ќе ми е само плажа а да неможам да се брцнам у вода....Да направеа и некое базенче ајде де. А да се соблечам по купачи, тука во ск, и да ме звиждат сељачишта без култура немам намера, може да отидам да ѕирнам или некое кафенце да испијам на шанковите а за друго нема шанси.
Што знам дали е добра или лоша идеја, времето ќе си покаже. Јас само знам дека нема да одам. Аааааа да, и се молат браќата Роми да не прават цигански работи
ајде што чекате нека се затопли костимот за капење на вас и трк на плажа. хехехех нема да викаат дека им се бањаме на охриѓани во езероно па си го имаме ние скопјанчиштата сеа вардар ќе си се капеме во вардар
Ај воз,,хахаха убава е..чудна е..цените се нормални, макијато 60, нес 80..што знам.....интересно...како и да е..другиот дел споти плажата, со црн дим ..ми беше комедии