Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бадемово млеко

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Amellie13, 6 октомври 2018.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    61.149
    Пол:
    Женски
    Пребарував по темите, но не најдов за бадемово млеко.

    Дали вие пиете бадемово млеко?
    Бадемовото млеко е одлична замена за обичното млеко од животинско потекло. Има доста бенефити како на пример: хранливо е, нискокалорично, има висока концентрација на витамините Е и D, висока содржина на калциум. Исто така има здраствени бенефити како што се: не го покачува нивото на шеќер во крвта, го редуцира ризикот од срцеви заболувања, ги зацврстува коските и слично. Главно се прави од буквално две состојки: вода и сирови бадеми. Може да се додаде екстракт од ванила, урми, цимет или какао зависи каков вкус сакате да има. :)

    Бадемовото млеко е одлично за вегани, за оние кои се нетолерантни на лактоза и за оние кои едноставно сакаат да го заменат обичното млеко со бадемово заради поздрав живот.

    Сите знаеме дека бадемите се скапи, но готовото купечко бадемово млеко воопшто не ми е сигурно за конзумирање бидејќи голема е веројатноста да има скриени шеќери и други штетни состојки. Нема посигурно од домашно направени намирници. :)

    Јас планирам да направам во блиска иднина и да го користам понекогаш во кафе или смути. На пример, сакам да си направам нескафе со инстант кафе, бадемово млеко и стевиа како замена за шеќер.

    Не треба да заборавиме дека бадемовото млеко се чува во фрижидер 3-5 дена што значи треба што побрзо да се конзумира.

    Дали некој правел досега да кажи какво е? Може да се споделуваат слики, совети и искуства. :)
     
  2. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.719
    Пол:
    Женски
    Можеби треба да се испроба.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Можи да ми кажиш како го правиш бадемовото млеко? :)
     
  4. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.849
    Пол:
    Женски
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.082
    Пол:
    Женски
    Бадемовото млеко ми е убаво и го користам најчесто во смути.
     
  6. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    13.386
    Пол:
    Женски
    Да само во смути
     
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    10.401
    Пол:
    Женски
    Не пијам. Алергична сум.
     
  8. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.479
    Пол:
    Женски
    Да, во последно време стално правам млеко од бадем, на почеток така го пиев, ама сега го комбинирам со чија семе и супер е