Секоја сезона се појавуваат нови, тренди нијанси за бојадисување на косата. Што мислите за бакарните нијанси на коса? Бакарната боја е со портокалово- црвени пигменти. Бакарните бои го прават изгледот свеж , млад и неверојатно привлечен. Мажите често сметаат дека бакарната боја е секси и атрактивна. Кому оваа боја е погодена? Темава е за искустава, совети и мислења околу бакарните нијанси. Ако постои иста тема, правец КАНТА. Еве, како изгледаат-
Многу сакам да пробам ама не се осмелувам имам плави очи и светол тен си мислам ќе ми стои ама нз тешко се менува после
Добри 13 години сум copper и не би можела да се замислам со друга боја на коса. Подолг период се фарбам со
@Dzulija* Пробај, штом си со плави очи и бел тен, мислам мн. добро би ти стоело. @Dadusicka Нијансите тешко дома дека ќе ги добиеш баш како што сакаш. Јас пробав со Палете фарба, воопшто не ми ни фати бојата. Оваа ниајнса- @Anna85 Пушти едно сликче од бојата, ако си во можност. Ќе те бараме за совети, штом си долги години во овие нијанси.
Инаку се имам фарбано и со Palette, нијанса Intensive Copper, но Palette е поагресивна фарба и многу ја суши косата па на секое миење морав да ставам куп маски, третмани, ампули, серуми, плус секојдневна нега со масла и серуми... Пред да ја сменам некако бојата почна да има послеб интензитет, не знам дали фарбата ја расипаа или мене влакното ми се презасити па немаше некоја богата и интензивна нијанса...е тука веќе ја сменив и почнав да се фарбам со Аура. За сега сум задоволна, коа ке се презасити пак ке ја сменам со некоја друга...нормално брендот ќе го сменам, не и нијансата
Јас се фарбав година дена на фризер, и сега последните 2 месеци дома. Да живее Аура 9.4, совршена е. На светла коса многу убаво излегува, таман бакарно плава. Мислам дека многу битно кога бирате бакарна фарба е како изгледа по 2-3 миења затоа што тоа е вистинската боја која ќе мора да ја носите до следно фарбање. Првичната боја многу брзо се менува.
Ја носев вака краток период, интересна ми беше, ама јас сум поголем фан на поинтензивна црвена боја па си преминав на таква. Инаку многу брзо ми паѓаше, и повеќе плава бев него бакарна, ама ми помина меракот битно. На фризер ја правев, сама не би се обидела, сигурно ќе ми испаднеше скрос лоша боја Инаку ако имате потемни веѓи јас препорачувам и тие да ги фарбате, поубаво стои така.
@Anna85 Исто, баш. Косата после Палете фрбата ми е катастрофа,многу сува. @DAngel На колку време се фарбаш? Првичната боја толку брзо се менува? ( да си знам) Јас ќе одам на фризер , да не правам експерименти.Фарбата од Палете не ми фати воопшто. Што мислите за овие две нијанси? @kala21 Мојот долго време ме убедувше да прејдам во ваква нијанса.
Јас се фарбам на 4-5 недели оти ми се допаѓа таква, посветла. Во просек на 3 недели мораш ако сакаш да ја држиш интензивна. Прбичната боја бледнее со секое миење. Значи мораш да ја миеш што е можно поретко и да не ја миеш воопшто првите 2 дена после фарбањето, за да се врзе бојата.
Тешко е да се извади црна,прашував повеќе различни фризери. Од црно искача морков боја, дали оваа после ќе фати не знам.
Без гајле, ќе ја извадиш бојата без проблем. Јас ја осветлив со бланш- купката што беше постирана низ темите. Не е проблематично тоа. Ќе ти пишам покасно повеќе.
Многу ми се допаѓа црвената боја на коса.Веќе неколку години се фарбам црвена.Се имав офарбано бакарна,рубин,винска и огнено црвена. Ми се освежува изгледот.
Ја сум за оваа у грб сликана Кажи за вадење на црнилото Инаку не знам дали постои нешто по крш од Палете.
@buba4e89 @kala21 Вака, женски- Јас ја извадив бојата со советот на членка тука и оди вака- бланш, хидроген и баласам за коса. Ставив два хидрогени 9% и 2 бланш и балсам за коса Орзен ,отприлика. Оставив да делува и на секој 10мин проверував и чешлав со чешел. Траеше околу 1 час, косата се осветли, супер.Наредено, фарбање по желба.Јас бев задоволна од бојата , наредната недела сакав да ја освежам бојата и купив Гарниер Колор сензешан и од плава си дојдов бринета, повторно. Не можев да се гледам во огледало и побарав нешто за природно осветлување на косата т.е бадење на бојата. Се плашев да не си ја направам пепел косата. Ново фарбање не идеше во предвид или било какво третирање и најдов ова на нет- Испробано со витамин Ц и успешно беше. Кога заминаа две недели си ја средив косата како што треба. Еве ја промената, без некои посебни ошетувања од бланшот. Повеќе Палете фарбата ми ја исуши косата , него бланшот. Сликата е некаде два дена после бланшот, тука.
Ја не препорачувам осветлувањето да се прави дома. Ја природно сум смеѓа па во почеток коа почнав да се фарбам џинџер идев на фризер. Инаку на почеток ја ја“ осветлував косата и ја фарбав со производи на Schwarzkopf. Фарбањето идеше така да ми вадеа и крупни прамени од сите делови на косата (ама баш крупни, цели снопчиња коса) со посветла и потемна нијанса на бакарна за да се добијат убави и богати тонови пошто на осветлена коса ако се шлапне само една нијанса ќе биде шарена косата и ќе делува смешно. Од коа добив некаква основа почнав да се фарбам со моја (поефтина) фарба.