Дали некој знае како се подготвува бакрдан на домашен начин со пченкарно брашно.Знам дека е вкусно,ама не знам како се потготвува. Ајде феминки кажете како се потготвува да научиме.
БАКРДАН Потребни состојки: · 3 грста пченкарно брашно · вода · 2 лажици масло · сол · сирење · јогурт Начин на приготвување: Зовријте вода во подлабок сад од 2 л, може земјено грне, посолете ја и додајте 1-2 лажици масло. Со дршка од лажица измерете колку вода имате, па, според тоа, ставете толку грста пченкарно брашно (три прста вода - три грста брашно). Кога ќе зоврие водата, внимателно ставете го брашното врз водата и на крај со дрвената дршка од лажицата направете отвори на 2 - 3 места. Оставете го бакрданот да врие подолго време на тивок огин. Кога водата ќе изврие наполу, иставете го бакрданот од огинот, измешајте го добро со дрвена лажица и попарете го со врело масло. Потоа со лажица натопена во масло вадете од бакрданот и ставајте во чинија. Одозгора посипете го со сирење. Служете го со јогурт.
И јас го видов овој рецепт на нет,ама мислев да пише некој што има пробано,јас сум скептик за овие работи.Во секој случај ти благодарам,поззз
еве ти пробан и сигурен рецепт (јас мерам со чаши за вода) за двајца: 4 чаши вода 2 чаши пченкарно брашно (не палента) ја ставаш водата да зоврие , потоа врз неа (без размесуванје) го сипуваш брашното и сол по вкус, се вари 10 мин потоа го мешаш на крај попрскуваш со врел зејтин ако правиш со палента во тој случај на 1 чаша палента се става 3 чаши вода и штом зоврие водата веднаш се меша пробај па пиши како ти се допаѓа
Леле колку го сакам. Секогаш кога мајка ми ја мрзеше да ни спрема појадок ни велеше - ај иди кај татко ти нека ви направи бакрдан. Јас го викам качамак, истото е нели? А рецепт? Отприлика. 3 - 4 лажици пченкарно брашно, една полна лажица зејтин, сол и вода - е сега вода не многу нели. Таман да се залее смесата и водата да не е ептен светло жолта. (ама објаснив ) Не знам точни мерки за правење Јас го сакам така густичок доста И обавезно го јадам во длабока чинија и залевам со ладно млеко. Тетка ми ми тврди дека тоа е српски начин на јадење. Можно е со оглед на потеклото ми. Како и да е, превкусно ми е вака и обожавам да го јадам. Обично се јаде со јогурт колку што знам или кисело млеко.
Оф мори мајко, се отепав од мислење што е ова, па палента бе луѓенца, во градинка ни даваа. Па и нема некоја филозофија при правењето, зимно време често вегетирам со палентава. Ставаш водата да зоврие, и истураш од ќесенцето притоа мешајќи. Кога ќе се згусне, продолжуваш да мешаш за да нема грутчиња. Јас му ставав и по малку маргарин, плус оригано, буковец, црн пипер и малку млекце. Со сиренце и јогуртче - мхмм. Исто може да се јаде и со сланинче одозгора. Јас немам јадено, нели, јас во диеталната варијанта го јадев.
Не, не, не Дузи, има разлика меѓу бакрдан и палента. Бакрдан ни правеше баба ми што си ја сакав најмногу на свет, секогаш кога одевме во село...поубав бакрдан или качамак немам јадено од тогаш... Искрено не знам како го правеше, мала бев а и не ме интересираше ...се сеќавам само дека додека се вареше пченкарното брашно баба со дрвена лажица правеше дупка во средина и додавеше нешто...дали сол, дали зејтин појма немам, не се сеќавам. Ама сигурно знам дека се вареше повеќе од половина час, знам дека бевме нестрпливи и цело време викавме-бабоооо...готовоооо!!!! А палентата дури и јас знам да ја направам ...за 10-15 мин е готова, е тука нема филозофија, се` си пишува позади на упатството
Мене дедо ми ми правеше и ми закопуваше сиренце по него и тоа ќе се стопи дур јас станам,ммммммх! Вкус на детството!И ниеден не е ко дедовиот! Сега го сакам,ама имам проблеми со желудникот потоа.Не ми го поднесува баш. Мајка ми кога го прави го модернизира ептен.Му ренда кашкавал,шунка или па пилешки мевца,му додава и босилек или оригано.Ама не е бе дедовиот и крај! А ни јас не го знам рецептот,само знам дека е поситен од палентата.
Баш вчера баба ми правеше бакрдан , инаку во нашето семејство бакрдан е вообичаено јадење ,се јаде 2, до 3 пати месечно и го приготвуваме на овој начин : се става најголемото тенџере што го имате на оган да се топли вода, пред да зоврие водата и се тура 1 кг пченкарното брашно на куп , (значи крупно мелено, не она како за палента) , одкако ке повари половина час се прави една дупка на средината внимателно да несе растури купот, и се вари уште 1 час, се вади од оган , се тура сол и се размешува , и се посипува со превриено масло, или ако имате превриена кравја маст( со неа го има баш онај прав вкус на бабин бакрдан) , ммммммм ваков бакрдан кај нас се прави и кога дедо ми ќе се заколе свиња, па со тазе пржени мевциња ммммм прсти да излижеш
Леле и јас ќе го прашам дедо ми како го правеше,преубав го прави.Само тој знае да го направи И после ќе ви пишам рецепт.Јас знам дека од кога ќе се згусне тој некако со масло го потпржуваше ми се чини...Ќе пишам пак
Што е тоа бре? Ја дајте слика... Од пирамид прочитав дека изгледа е качамак... Тоа дето руманците кога се били во тешката криза и се немали леб во државата се јадели качамак..., така? Ако е тоа, јас сум го јадела ко помала, тато ми правеше, ставаше сирење и имаше и запржка од црвен пипер и масло. Беше вкусно и е можда најефтината манџа...
Бакрдан и качамак е едно исто. Има и палента.Разликата меѓу бакрдан и палента е тоа што палентата се спрема многу побргу и е покашава откако ке се подготви. Додека бакрданот се подготвува со чисто пченкарно брашно и потребно е подолго време да се подготви т.е да се свари.Бакрданот откако ќе се подготви е како парченца. По мој вкус многу повкусен е бакрданот
Пред некое време си правев палента,ама добра беше,приближно ко бакрданот,ставив малце вода,не премногу и не излезе кашава,баш испадна густа,а брзо се направи,не ја варев многу,а кога се подизлади беше како на парченца. Еднаш и пробував да ја потпечам в релна со малце масло,добра беше,ама сепак бакрданот е повкусен (макар што ова беше слично) Незнаев дека е таа разликата,ќе барам такво брашно
Eве слика Јас го обожавам и често си го правам,кај баби не сум јадела ама затоа мајка ми најубаво го прави и од нејзе научив и јас Ставам повеќе вода со малку сол да врие и откако ке почне да врие ставам пченкарно брашно повеќе или помалку во зависност од тоа колку луѓе ке јадат,значи отприлика и оставам да се вари пола саат,после ја сипувам водата во друг сад и така брашното суво го мешам и полека додаввам од водата во која се варело се додека не стане меко,откако ке биде добро измешано го преливам со зовриен зејтин.Абе прсти да излижеш Ајде кој сака нека се пријави одма правам....
Уф уф уф кај ја видов темава Аххх пуста диета нека заврши веке и одма му се фрлам на качамакот. Инаку, гледајки рецепт на Храна и вино правев похован качамак. Качамакот веке оладен се сече на правоаголници се валка во јајце брашно и презла и се пржи. Првиот пат оти само качамак беше а и не ми беше мн врело маслото не ми излезе како што треба. Вториот пат, имав во качамакот ставено и салама, грашок варен и морков и баш ми излезе вкусно. Ама пак од оригиналниот рецепт со сирење подобар не е.