Прегледувајки по темиве мислам дека не најдов ваква тема па затоа сакам да споделам искуства со вас и да прашам и разменам мислења. Имено кај керка ми која има 8 години и пронајдоа многу крива кичма и неправилно држење на телото,па така што освен тие ортопедски помагала што ги земаме како кондурчиња и физикална терапија со вежби ни препорачаа одење на балет. Мислам дека е добра идеја зашто класичниот балет учат сепак за правилно држење на телото и истегнување-а освен тоа и имаме предиспозиции за тоа, керка ми е многу еластична, прави шпаги, се превртува, само нешто гимнастицира Сакам да прашам дали некоја од вас го носи своето дете на балет и каде? Која е цената? Како сте задоволни? Дали некој слушнал за балетско студио ТУТУ во Т.Ц.зебра кај балерината РИСИМА РИСИМКИН???(многу ми го пофалија ова студио)??? Би ве замолила за помош,за што сум ви однапред благодарна!
Балетот е многу корисен за 'рбетот, и навистина се постигнуваат одлични резултати. Јас ќерка ми планирав да ја запишам, во Туту во Зебра - цената ако не се лажам е 1800 ден месечно, се оди два пати неделно по еден час. Мислам дека малку е претерана цената, ама ни одговара локацијата, а и се договаравме со една нејзина другарка, па сакавме да се комбинираме со мајка и за носење и земање. Само ова го планиравме на крајот на ноември, па потоа едното девојче се разболе, па другото, и уште не се здрави . Искрено, не знам ни дали ќе оди сега, затоа што треба да и ги оперираме крајниците, па потоа знам дека околу 2 месеци треба да мирува, а потоа ќе продолжи на базен, каде одеше од септември. Балетот всушност требаше да биде замена, додека заврши реновирањето на базенот. Инаку споменатата другарка на ќерка ми, одеше 2-3 години на балет, и навистина има многу убаво држење, а и нема лекар кој не забележал дека се занимава со некаква активност, и сите им кажале дека балетот е добар избор за 'рбет.
Јас почнав да ја носам ќерка ми во Туту кај Зебра. Во истата зграда е, во задниот дел, во посебен влез, на 4-ти спрат. Се оди два пати неделно (термините се според возраста), а цената е 2000 ден месечно. Скапо е, ама ќерка ми многу сакаше да оди. Дома одеше нон стоп на прсти и скокаше божем како балерина, и не сакав да и го кршам филмот. Веќе две недели оди и многу е среќна. Добра работа е балетот, и за 'рбет, и генерално за држење на телото.
vo kisela voda ima otvoreno skolo za balet lebed se vika dvapati nedelno odat cenata e pristojna 800 den i deva od triipol do 16 god ama dobro e moeto dete odi i jas sum zadovolna nastavnickata e balerina i e sosema ok ima dobar pristap kon decata i sto e najdobro ne se po mn deca u grupa po 7-8 deca [mod-kirilica:2wiyq1ab][/mod-kirilica:2wiyq1ab]
Малава одамна ми наговестува за да ја записам на балет јас некако сум во недоумица,незнам дали кога ќе проба ќе сака сеуште да оди. Но не е на одмет да проба се Распрашав имало карши Бисер балетско училиште Лебед ,највеќе ми одговара поради локацијата. Па дали некоја мама има искуство со да сподели. Нас ни кажаа да одиме еден час бесплатно да видиме како ќе оди. Па се мислам што да правам?
Сакам да ви кажам дека како мала обожавав балет и ден денес обожавам.Требаше да одам но немаше кој да ме носи на часови од населбата каде живеам до град.Како мала мене ми беше скратена таа желба и ден денес чуствувам голем недостаток заради тоа сега имам 13 години и дома изигравам нешто стојам на прсти одам (без балетанки така само на прсти) и многу луѓе ми кажале ти девојче си родена за балет.Ја обожавам таа класика.Сега сакам да купам балетанки за балет и гледам на интернет на али експрес над 1000 денари се. Значи ако вашите деца имаат желба за балет и ако сте во можност веднаш запишете ги зошто јас не одев на балет и сега како што реков чуствувам празнина во мене затоа што обожавам класичен балет. Исто кога ја гледам серијата Академија за танц ми доаѓа да плачам кога гледам како танцуваат, но се плашам да се обидам да одам на часови затоа што сум веќе голема и мислам дека нема да ме примат сепак а и телово не ми е во добра форма балерините се слаби а јас сум пополничка така да тоа е Извинете за офф топиков но сакав да појаснам
хм.. верувај во себе.. пробај запиши се ... Јас сум од Битола, балетот ми е љубов, но кај нас нема... мислам дека секогаш ќе чувствувам празнина за тоа :/
Има ли некоја мајка да сподели искуство од посетување часови по балет на нејзиното дете? Ќерка ми има 5 години и сакам да и воведам некоја физичка активност која би и го подобрила држењето ни и би и ја зголемила самодовербата. Се мислам за балет или класични танци. Живееме во Аеродром па би ви била благодарна ако ми посочите некое училиште во близина.
Колку години има? Прашај во "Сонце", наше комшивче оди таму, задоволни се. http://sonce.com.mk/kategorii/4
Искуство имам со БулФрогс. Часовите за возраст од 4-5 години ги држи Наде која е балерина во пензија. Салата е чиста и доста профи. Секое дете мора да купи трико и балетанки од кај нив, на Гришко се, и заедно чинат околу 3500 денари.
Зависи во кој дел од Ск си,ќерка ми оди позади Бисер во Диадема,има и едно Лебед карши Бисер кај Телекабел.Јас сум задоволна,педагозите се балерини од МОБ,сега спремаат и кореографии за завршен концерт во јуни.
Хелооу, јас одам во Сонриса во Аеродром и сум прееезадоволна. Имав проблем со кичмата, а цел месец сум таму а веќе имам подобрувања мислам дека имаат сала и во Дебар маало
Па не треба посебна опрема, хеланки тренерки, нешо удобно. Цената им е 1300 денари месечно, два пати во неделата. Иначе сеа за сеа нема никакви настапи