1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Банка за матични клетки и трансплантација на коскена срж

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ilipili, 1 ноември 2012.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Пред некој ден читав дека во Македонија конечно ќе се отвори банка за матични клетки во Скопје.Конечно и кај нас една добра инвестиција која што навистина ни требаше и е и тоа како потребна во Македонија.До сега родителите матичните клетки ги носеа во банките во Грција, Словенија или Велика Британија. Предност на оваа болница во коjа има банка за чување на матични клетки е тоа што не мора да се троши време за превезување на матичните клетки од една во друга држава.

    Матичните клетки кои се обработуваат и чуваат се земаат од плацентата на бебето и може да се користат како извор на ткива и на органи во трансплантациите, но како и потенцијална терапија во лекувањето на дијабетес, срцеви заболувања, Паркинсонова и Алцхајмерова болест, повреда на ’рбетниот мозок и уште многу други посериозни заболувања.Периферните крвни матични клетки се најчестиот извор на матични клетки за алогенетската ХТКС. Тие се собираат од крвта преку процес познат како аферсис. Крвта од донаторот се извлекува со помош на стерилна игла од едната рака и поминува низ машина која ги отстранува белите крвни клетки, а црвените крвни клетки му се враќаат на донаторот. Производството на матични клетки е потпомогнато со дневни поткожни инекции од Granulocyte-колонија со стимулирачки фактори, кои служат за мобилизирање на матичните клетки од коскената срцевина на донаторот во периферната циркулација.
    Бидејќи матичните клетки се тесно поврзани и со трансплатацијата на коскена срж па воедно овде би можело да се дискутира и за тоа.За жал се повеќе луѓе умираат поради тоа што нема доволно донори и компатабилни донори кои што би одговарале на тие кои што им е потребно коскена срж.Кај нас сеуште не се доволни информирани луѓето околу ова прашање,па би сакала овде да делиме информации и мислења околу тоа.Можеби на некому би му помогнале.
    Ете поопширно за трансплатацијата на коскената срж
    Хематопоетичка трансплантација на коскена срж (ХТКС) е трансплантација на матични клетки од крвта кои се делат од коскената срцевина (во овој случај позната како трансплантација на коскена срцевина) или крв . Трансплантацијата на коскената срж е медицинска постапка од областа на хематологијата и онколгијата и најчесто се врши врз луѓе со заболување на крвта , коскената срцевина или одредени типови на рак . Со помош на матичните клетки факторите за растење GM-CSF и G-CSF , повеќето од хематопоетичките процеси на трансплантација на коскена срж се изведуваат со помош на матични клетки собрани од перифералната крв а поретко од коскената срцевина . Собирањето на матичните клетки од перифералната крв обезбедува поголеми шанси за собирање на транспланти кои можат да се пресадат за кратко време и да започнат да произведуваат матични клетки со што би се подобрила ситуацијата на пациентот , а воедно не бара донаторот да биде подложен на општа аменстезија при собирањето на истите . Хематопоетичка трансплантација на коскена срж претставува многу ризична постапка која се одликува со многу можни компликации , по традиција оваа операција се врши врз пациенти кои страдаат од тешко излечливи болести .Понекогаш се користат експирементално кај болести со немалигни и нехематолошки симптоми како опасни заболувања и спречување на авто-имунолошки и кардиоваскуларни болести , ризикот од фатално оштетување е многу голем.
    Видови на трасплатации :Автосложна-Автоложната ХТКС бара извлекување на хомеопоетичните матични клетки (ХМК) на пациентот и складирање на истите во фридижер.
    Алогенетска трансплантација
    Алогенетската ХТКС вклучува две лица: Донаторот (здравото лице) и примателот (пациентот). Алогенетските ХТКС донатори мора да имаат тип на ткиво кое ке се совпаѓа со тоа на примателот.
    Мислам дека оваа тема е доста актуелна кај нас,но не доволно се зборува за тоа па ајде да продискутираме малку.