Дали ви се има случено при подигање пари од банкомат, банкоматот да не ви ги пушти парите одма, односно да ги пушти по 10 минути а некој друг да си ги земи парите?
Јави се во call - центарот на твојата банка најбрзо што можеш и објасни им ја твојата ситуација за да ти кажат дали се работи за некоја техничка грешка (на пример проблем со банкоматот). Банката има увид на сите трансакции на банкоматот и можат преку камерата да видат дека некој ти ги земал парите.
Мене ми се случи ваква ситуација иста скроз. Од банката "не можеа" ништо да направат и ме пратија да пријавам во полиција, бев пријавив и ми земаа изјава, еве веќе 2 години чекам "да го решат" случајов. Ништо помири се со тоа, некој друг бил среќник на парите и за жал ништо нема да направиш.
Требало во истиот момент да се јавиш во банка и да кажеш што се случило, а не да си одиш одма.. Сега како ќе докажеш дека не си ги земала ти парите, или некој твој близок, кога сите луѓе носат маски? Дури и да пријавиш никој не може ништо да направи, мене на НЛБ во Капитол некогаш и 5 минути чекам да ми извади банкоматот пари и да ми ја врати картичката, многу е спор, а пример НЛБ на плоштад за 1 минута и пари ќе извадам и картичката ќе ми ја врати..
Картичката ја вратил ама пари не пуштил банкоматот и кога другарка ми отишла кај друг банкомат таму и покажал дека нема доволно средства. Пријавено е во банка.
Се дешава, штом ме ги вади а не пишува известување дека банкоматот е празен - веднаш после трансакцијата обавезно проверка на состојба на сметка. Ако ви има одземено, не мрдаш од банкоматот туку се јавуваш на телефон и чекаш инструкции, ја префрлаш топката кај нив. Ама нејсе, ко што рекоа погоре, банкоматите се со камери, а може и компјутерски да се провери кој е следниот корисник, и од банката да му речат да ги врати парите, односно да му ги минусираат од сметка. Освен ако не е некој рандом лик на поминување, па случајно ги видел и ги собрал. Е тогаш нема многу што да се направи.
Ако го користел банкоматот, системот памти кој корисник во колку часот на кој банкомат користел услуга, и каква услуга.
Ако е надвор не носи маска.Еве и ја во маркет кај мене, пред маркетот е.Кога нема никој без маска влагам.Ама ја не би мрднала дур не почне да плука пари малото.Ќе го шлапам од позади за да искочат ако треба.
Абе да, ама кој е толку без памет од кога ќе земе туѓи пари од банкомат после тоа својата картичка да ја стави и пари да извади знаејќи дека можат да го фатат после тоа така, секој што нема намера да ги врати парите ќе ги земе парите и ќе си оди веднаш..
На мм братучед вака има земено туѓи пари. Веројатно некој мислел дека не работи банкоматот и си отишол, искочиле покасно, овој се нашол и ги собрал. Е сега, првиов приметил дека има одлив и пријавил во банката. За кратко време го најдоа и мораше да ги врати.
Луѓе, во кои наши банки на банкомат е најповолно да вадиш пари од странска картичка? Каде има најмала провизија?