Здраво членки, нова сум на форумот и не знам дали е за овде темата но сепак ќе напишам и се надевам дека нема да наидам на осуди. Имено, живееме под кирија и имаме 10 месечно бебе. Двајцата со сопругот сме работоспособни, тој оди на работа а јас сум на комисиско боледување затоа што имам изгореница на цела десна нога од 3 степен. Пациент сум за болничко лекување но потпишав на мој ризик дека ќе се лекува од дома затоа што нема кој да ми го чува малото. Со сопругот воопшто не се гледаме затоа што не се прибира од работа. Мене кога ќе ме викнат одам работам како физиотерапевт. Под кирија сме затоа што на сопругот неговите родители и брат не дозволија да живееме во куќата се куќата ја препишаа на братот на сопругот. Со моите не сум во добри односи воопшто и цело време се расправаме, се караме, ме навредуваат и слично. Не само мене туку и сопругот а тие не ни живеат во Скопје. Па така прекинавме контакт со нив. Едноставно не знаат да разговараат мирно со мене, цело време ме навредуваат, мајка ми ме колне и слично. Да не должам многу, заради грешка во часови на работа, породилно не ми исплатија 5 месеци, за тие 5 месеци се задолживме, па дури и кога го исплатија породилното не стигнаа пари да се раздолжиме. Затоа што двајцата сме работоспособни, ние не бараме донации или слично, туку одредена сума на заем која ќе биде заверена на нотар. Дали може познавате фирма што би можела да помогне, пак ќе напоменам не бараме донации туку одредена сума ЗАВЕРЕНА НА НОТАР!!!! Па хумани луѓе Ве молам помогнете каде да се обратам, во ,,Алкалоид" имам напишано неколку меила но немам никаков одговор. Доколку некој од Вас може да ни помогне Ве молам контактирајте ме во приватна порака. Дали ќе биде физичко лице или пак фирма, Ве молам и на коленици Ви КЛЕКНУВАМ, за малку да ,,застанеме на нозе". Најмалку што сакам е да го напишам ова, односно да побарам помош, но навистина ни е потребна.